Хермсдорф (Тирингија)

Хермсдорф (германски: Hermsdorf) — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Во негова близина се наоѓа автопатската раскрсница Хермсдорфер Кројц (Hermsdorfer Kreuz), каде се сретнуваат германските автопати А4 (Франкфурт-Дрезден) и А9 (Берлин-Минхен).

Хермсдорф

Hermsdorf

Градското собрание во Хермсдорф
Градското собрание во Хермсдорф
Градското собрание во Хермсдорф
Грб на Хермсдорф
Хермсдорф (Тирингија) во рамките на Германија
Хермсдорф (Тирингија)
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Холцланд
Општ. заед. Хермсдорф
Градоначалник Бени Хофман (независен)
Основни податоци
Површина 7,51 км2
Надм. височина 330 м
Население 8.227 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.095 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHK
Пошт. бр. 07621–07629
Повик. бр. 036601
Портал www.vg-hermsdorf.de/hermsdorf.html
Местоположба на градот Хермсдорф во рамките на округот Зале-Холцланд
Карта
Карта
Координати 50°53′53″N 11°51′24″E / 50.89806° СГШ; 11.85667° ИГД / 50.89806; 11.85667

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Хермсдорф се наоѓа на средина помеѓу големите градови Јена и Гера и околу 55 километри југозападно од градот Лајпциг. Хермсдорф е средиште на Тириншки Холцланд.

Соседни општини

уреди

Соседни општини се Бад Клостерлаусниц, Рајхенбах и Шлајфрајзен во округот Зале-Холцланд, како и Крафтсдорф во округот Грајц.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет на градот Хермсдорф се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

Партија / Листа Удел Места +/−
CDU 22,1 % 4 − 1
Linke 17,1 % 4 − 1
SPD 16,8 % 3 − 2
Граѓанска иницијатива Холцланд 43,4 % 9 + 4
Излезност: 57,0 %

Збратимени градови

уреди

Хермсдорф е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.

Надворешни врски

уреди