Еремија II Цариградски

Еремија II ЦариградскиВселенски патријарх во три наврати во периодот од 1572 до 1595 година.

Еремија II Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На служба5 мај 1572 – 23 ноември 1579
август 1580 – 22 февруари 1584
април 1587 – септември 1595
ПретходникМитрофан III
Митрофан III
Теолепт II
НаследникМитрофан III
Пахомиј II
Матеј II
Редови
Осветувањео. 1568
Лични податоци
Роденc. 1530
Поморие
Починал1595
Цариград
Претх. службаепископ на Лариса

Живот

уреди

Еремија е роден во Поморие, во влијателно грчко семејство. Точниот датум на неговото раѓање е непознат, најверојатно околу 1530 година, но некои научници мислат дека е 1536 година.[1] Учел кај најдобрите учители во тој период, и во младоста станал монах. Поддржуван од богатиот Михаил Кантакузен, тој бил назначен за епископ на Лариса во 1568 година.[1]

Кога Кантакузен успеал да го прибави местото на патријархот Митрофан III, Еремија, поддржан од страна на Кантакузен, првпат бил избран за патријарх на 5 мај 1572 година.[1] Прва обврдка на Еремија била реформата на црквата, па тој свикал синод со цел да ја искорени симонијата. Тој исто така ја возобновил шатријахалната црква, Богородица Себлагословена. За време на своето прво владеење Еремија исто така воспоставил контакти и со Лутеранците со што завршило замрзнатото несоласување. На 3 март 1578 година неговиот заштитник, Кантакузен бил погубен, со што позицијата на еремија ослабнала.[1] На 23 (или 29) ноември 1579 година Еремија бил расчинет и екскомунициран,[2] и неговиот соперник Митрофан III rсе вратил на престолот.

Митрофан III починал во 1580 година,[2] и Еремија седнал на престолот по вторпат, најверојатно околу 13 август.[3] Од 1580 до 1583 година имало контакти меѓу Еремија и пратеници на папата во однос на воведувањето грегоријанскиот календар на територијата на поранешното царство Византија, Рим бил сигурен дека ќе биде постигнато позитивно решение, но напротив конечното решение на Еремија било негативно.[3] Во 1584 годинаЕремија му понудил подарок на папата Грегориј XIII две парчиња од реликвии од телата на Свети Јован Златоуст и Андреј Критски.[4]

Во зимата меѓу 1583 и 1584 година Еремија бил цел на заговор од неколку епископи, предводени од Пахомиј Кајсерски и Теолепт Пловдиски, кој го обвиниле дека е поддржувач на побуните против Османлиското царство, дека покрстил муслиман и дека се допишувал со папството.[5]Еремија бил уапсен и претпан, по што следеле три судења: првото обвинување се покажало како неточно, но третото довело тој да биде расчинет на 22 февруари 1584 година и бил прогонет на Родос.

Благодарение на интервенција на францускиот амбасадор, во 1586 Еремија бил ослободен од прогонот на Родос и започнал да патува низ Полско-литванската Државна Заедница ( Украина) и Царството Русија за да собере финансиски средства. За време на неговите патувања, тој пристигнал во Москва на 11 јули 1588 година, и по преговорите со Борис Годунов (регентот на царот Фјодор I) на 26 јануари 1589 година Јов Московски бил прогласен за прв Московски патријарх и патријарх на цела Русија. Враќајќи се кон Цариград, Еремија го расчинил митрополитот Киевски Онисифор Девочка, и на негово место го назначил благословениот Михаил Рогоза.

Во меѓувреме, по 1584 година по расчинувањето на Еремија на негово место застанале други двајца патријарси, Пахомиј II и Теолепт II, кој бил расчинет во мај 1586 година.[6] Црквата била управувана од поддржувач на Еремија, ѓаконот Никифор (1596†), и десет дена од страна на ѓаконот Дионисиј Философ (подоцна митрополит на Лариса).[6] Во април 1587 година бил формално избран за Патријарх но поради неговото отсуство црквата била управувана од месточуварот, ѓаконот Никифор. На 4 јули 1589 година султанот го назначил Еремија за патријарх по третпат.[3] Еремија бил информиран дека повторно бил избран за патријарх во 1589 година додека бил во Молдавија и се упатил назад кон Цариград каде пристигнал во 1590 година.[5]

На 12 февруари 1593 година синодот во Цариград ја поништил автокефалноста на Московската патријаршија.[4] Тониот датум на смртта на Еремија е непознат, но најверојатно е во периодот меѓу септември и декември 1595 година во Цариград.

Аугсбуршка исповед

уреди

Од 1576 до 1581 тој ја спровел првата важна теолошка размена меѓу православната црква и протестантите. На 24 мај 1575 година, протестантите Јакоб Андрее и Марко Крусиј од Тибинген на патријархот му дале преведена копија на Аугсбуршката исповед. Еремија II напишал три написи познати како 'одговори' во кои напишал дека православието нема потреба од реформација.[7] Лутеранците одговориле на првите две писма но третото писмо било причина за несогласување меѓу двете страни. Значењето на овие размени е што тие претставувале јасен приказ какви биле односите на овие две цркви.

Постигнувања

уреди

Познате по својата улога во воспоставувањето на Московската патријаршија за време на неговата посета на Русија во 1589 година. Еремија првично се понудил самиот да биде првиот Московски патријарх, но Борис Годунов посочил дека негово место за начелствување може да биде Владимир, голем сиромашен град во тој период. Еремија го поставил за патријарх Годуновиот соработник митрополитот, Јов.

Патријархот Еремија исто така обезбедил одредени привилегии за христијаните под османлиско управување, од кои едно било воспоставување на училишта. Пред Еремија постоело само едно училиште низ Османлиското царство, „Големото училиште на нацијата“. Поради влијанието на патријархот Еремија се отвориле седум училишта при крајот на XVI век, во Атина, Ливадија, Хиос, Измир, Ванско, Патмос и Јанина. Последователно, се отвориле уште четриесет други училишта низ царството: во Скопје, Пловдив, Одрин, Созопол, Поморие, Цариград, Енос, Сер, Пазар, Горица, Клисура, Бер, Солун, Галиполе, Кожани, Јеромерио, Трново, Трикала, Парамита, Аграда, Арта, Крпеница, Варнаково, Етолико, Теба, Халкида, Аргос, Навплио, Корони, Монемвазија, Метони, Китира, Крф, Закинтос, Хандакс (Ираклион на Крит), Родос, Кос, Патмос, Ј. Лемонија и Миртинисиотисес (Лезбос), Миконос, Наксос.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 R. Aubert (2003). „Jérémie II“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 28. Paris: Letouzey et Ané. 995-1001. ISBN 2-7063-0210-0.
  2. 2,0 2,1 R. Janin (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 13. Paris: Letouzey et Ané. 632,677.
  3. 3,0 3,1 3,2 L. Petit (1924). „Jérémie II Tranos“. Dictionnaire de Théologie Catholique. 8. Paris: Letouzey et Ané. 886-894.
  4. 4,0 4,1 Athanasios Paliouras. „Jeremias II“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 28 May 2011.
  5. 5,0 5,1 Gudziak, Borys A. (2001). Crisis and reform : the Kyivan Metropolitanate, the Patriarchate of Constantinople, and the genesis of the Union of Brest. Cambridge, Mass: Ukrainian Research Institute, Harvard University. стр. 30–40. ISBN 0-916458-92-X.
  6. 6,0 6,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  7. Ware, Timothy (1993). The Orthodox Church. London, England New York, N.Y: Penguin Books. стр. 94. ISBN 0-14-014656-3.
Претходник
Митрофан III
Цариградски патријарх
1572-1579 (прво начелствување)
Наследник
Митрофан III
Претходник
Митрофан III
Цариградски патријарх
1580-1584 (второ начелствување)
Наследник
Пахомиј II
Претходник
Теолепт II
Цариградски патријарх
1587-1595 (трето начелствување)
Наследник
Матеј II

Надворешни врски

уреди