Матеј II Цариградски

Матеј II ЦариградскиВселенски патријарх во три периоди, кусо во 1596 година, од 1598 до 1602 и неколку денови во 1603 година.[1]

Матеј II Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На службафевруари 1596
април 1598 – јануари 1602
јануари –февруари 1603
ПретходникЕремија II
Теофан I
Неофит II
НаследникГаврил I
Неофит II
Рафаил II
Лични податоци
Починал1603
Претх. службајанински митрополит

Живот

уреди

Роден е во с. Клиново, Тесалија, во влашко семејство[2] и станал јанински митрополит. Во 1596 година бил избран за патријарх, но изборот не бил признат од страна на Светиот синод бидејќи бил избран без да присуствуваат сите членови, па тка по дваесет денови бил приморан да се повлече и да замине на Света Гора.[3]

Во април 1598 година бил повторно избран за патријарх и на престолот останал сè до јануари 1602 година, кога се вратил на Света Гора. За време на своето патријархување Матеј го префрили патријахалното седиште од црквата Св. Димитриј која се користела од 1597 година во незначајната црква Св. Ѓорѓи во Фанар, каде е до денес. Тој исто така ја канонизирал благословената Филотеја Атинска, која пострадала маченички неколку години претходно во Атина.[3]

Уште еднаш вил прогласен за патријарх во јануари 1603 година мо на престолот останал само седумнаесет денови, најверојатно до неговата смрт,[1] или, според други извори, сè додека не се повлекол на Света Гора каде починал истата година.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. „Ο Βλαχόφωνος Ελληνισμός“. vlahoi.net. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 14 Sep 2011.(грчки)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ματθαῖος Β´“. Ecumenical Patriarchate. Посетено на 14 Sep 2011.(грчки)
Претходник
Еремија II
Цариградски патријарх
1596 (прво начелствување)
Наследник
Гаврил I
Претходник
Теофан I
Цариградски патријарх
1598-1602 (второ начелствување)
Наследник
Неофит II
Претходник
Неофит II
Цариградски патријарх
1603 (трето начелствување)
Наследник
Рафаил II