Елизабета Димитрова
Елизабета Димитрова (28 јули 1962, Скопје, Македонија) — македонски историчар на уметноста, византолог, професор.
Елизабета Димитрова | ||
Родена | 28 јули 1962 Скопје, СФРЈ, денес Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | историчар на уметноста, византолог, професор |
Животопис
уредиДипломирала во 1986 година на Филозофскиот факултет во Скопје, добивајќи ја наградата Франц Манинг како најдобар студент на Филозофскиот факултет во декадата 1976 - 1986 и најдобар студент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1986 година. Во академската 1989 - 1990 била стипендист на Универзитетот во Виена преку фондацијата „Готфрид фон Хердер“ ("Gottfried von Herder"). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград во 1993 (ментор – проф. д-р Јованка Максимовиќ), каде што и докторирала во 1998 година (под менторство на проф. д-р Иван М. Ѓорѓевиќ). Во 1998 година била корисник на стипендијата „Мери Чонкоф “ (Marie Chonhoff) и остварила престој на визитинг предавач на Универзитетот Темпи во Аризона. Од 1987 работи на Филозофскиот факултет во Скопје, каде во 2008 година е избрана за редовен професор. Во 2001 и 2002 година се стекнала со сертификат за организирање и менаџирање на Летни школи, семинари и обуки од Средноевропскиот универзитет во Будимпешта. Во периодот 2004 – 2011 била директор на авангардниот Охридски летен универзитет (Универзитет Евро-Балкан) во рамките на којшто е организирана и првата Летна школа за византиска уметност (2002). Постојан член е на Редакцијата на археожурналот Folia Archaeologica Balkanica кој, во издание на Филозофскиот факултет, се посветува на заслужните современи археолошки авторитети [1]
Творештво
уредиВо рамките на својата научна работа, се посветила на проучувањето на уметноста, културата и социо-културните одлики на ранохристијанската и византиската епоха. Во тој контекст, ги дешифрирала и прва ги објавила програмските, иконографски и ликовни одлики на керамичките “икони“ од наоѓалиштето Виничко Кале , кои во 90-тите години на 20 век станаа една од главните археолошки атракции на Балканот. Го идентификувала програмскиот и иконографски концепт на фреските во Епископската базилика во Стоби врз основа на фрагментарно зачуваните делови на декорацијата од 4 столетие. Голем дел од нејзините научни трудови посветен е на анализата и контекстуализацијата на симболичните значења на иконографија та на ранохристијанските мозаици во Стоби , Хераклеја Линкестис и антички Лихнид. Посебно внимание во нејзините истражување е посветено на моделите на визуелизација на догматските пораки преку симболичниот јазик на уметничкиот израз во периодот 3–6 век (во римските катакомби, на мозаиците во Равена, во доменот на камената пластика од средоземското подрачје). Во сферата на византиската ликовна култура, монографски ја обработила црквата посветена на Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Матејче (најголемиот средновековен сликан ансамбл на македонската територија) и прецизно ја определила хронологијата на градбата и на изведениот живопис. Исто така, ги контекстуализирала фрескоаранжманите во определен број средновековни цркви на македонската територија (Нерези , Курбиново, Вељуса, Водоча, Црква „Св. Андреја“ - Матка, Марков манастир, итн.) Во своите истражувања на средновековната културна [[историја, најголемо внимание посветила на проучувањето на социо-културните димензии на ктиторските аранжмани на определени авторитети од круговите на црковната, световната власт и благородништвото, како и на анализата на стилските и естетските одлики на балканските фрескоателјеа од епохата на 13 и 14 столетие. Со свои реферати учествувала на 53 домашни и меѓународни научни собири и била раководител на 29 меѓународни проекти[2],[3],[4].
Објавени стручни дела
уредиБиблиографија
уреди- Керамичките релјефи од Виничкото Кале, Скопје 1993/Ceramic Reliefs of the Vinica Kale, Skopje 1995 [5]
- Најстарите христијански симболи, Скoпје 1995 [6]
- Виничките теракоти, Скopje 2000 [7]
- Средновековни фрески во Македонија, Скопје 2000 [8]
- Манастир Матејче, Скopje 2002 [9]
- Macedonia. L’arte medioevale, Milano 2006/Византиска Македонија, Скопје 2006/ Macedoine Byzantine. Histoire de l’Art Macédonien du IXe au XIVe siècle, Thalia, Paris 2006 (во соавторство со С. Коруновски) [10]
- Охрид - богатството на светот, Скопје 2007[11]
- Седум споменици на културата во Скопје и скопско, Скопје 2009/Skopje. Seven Monuments of Art and Architecture, Skopje 2010 Les Arts Sacrès de Sept Monuments à Skopje et dans ses environs du XIIe au XIXe siècle, Skopje 2012[12]
- Охрид Sub specie aeternitatis, Охрид 2011 (во соавторство со П. Кузман)[13]
- Painting and Architecture in Medieval Macedonia, Skоpje 2011 (во соавторство со С. Коруновски)[14]
- Матка. Културно наследство, Охрид 2011 (во соавторство со В. Лилчиќ, К. Антевска и А. Василевски)
- Виничката мистерија. Керамичката ризница од Доцноантичкото Кале /The Vinica Mystery. The Ceramic Treasuries of a Late Antique Fortress, Vinica 2012[15]
- The Painterly Horizons of the Frescoes of the Episcopal Basilica: Iconographic Design, Symbolic Configuration, Stylistic Modularities, Early Christian Wall Paintings from the Episcopal Basilica in Stobi, Stobi 2012[16]
- Македонија. Милениумски културно-историски факти (еден од авторите на енциклопедијата и уредник), Скопје 2013[17]
- Seven Medieval Churches in the Republic of Macedonia, Skопје 2014/ Седум средновековни цркви во Република Македонија, Скопје 2015 (во соавторство со Г. Велков)[18]
- The Church of Saint Panteleimon at Nerezi, Skопје 2015/Црквата Свети Пантелејмон во Нерези, Скопје 2016[19]
- The Church of Saint George at Kurbinovo, Skопје 2016/Црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново, Скопје 2016[20]
- The Church of the Virgin Eleoussa at Veljusa, Skоpje 2016/Црквата Света Богородица Елеуса во Велјуса, Скопје 2016 [21]
- The Church of the Holy Mother of God at Matejče, Skопје 2016/Црквата Света Богородица во Матејче, Скопје 2016[22]
- The Terracotta Relief Plaques from Vinica, Skопје 2016/Керамичките релјефни плочи од Виница, Скопје 2016 [23]
- Perception of Beauty (with co-authors), Rijeka 2017[24]
- Охридската архиепископија: историја, култура, традиции, идентитет, Скопје 2018
- Скопје. Осум милениуми живот, култура, творештво, Скопје. 2019 (во соавторство со Д. Митревски, В. Лилчиќ Адамс и Е. Манева)[25]
- Seven Medieval Churches in the Region of Pelagonia and Prespa, Skopje 2019[26]
- The Church of Saint Demetrius (King Marko’s Monastery) at Sušica, Skopje 2020/Црквата Свети Димитрија (Марков манастир) во Сушица, Скопје 2020[27]
- The Church of Saint Andreas In the Gorge of Matka, Skopje 2020/Црквата Свети Андреја во кањонот Матка, Скопје 2020[28], и
- 120 научни трудови објавени во домашната и меѓународната периодика[29]
Наводи
уреди- ↑ „Elizabeta Dimitrova“. Архивирано од изворникот на 2013-05-15. Посетено на 2020-10-04.
- ↑ „Najstarite hristijanski simboli“. Архивирано од изворникот на 2020-10-08. Посетено на 2020-10-04.
- ↑ Macédoine Byzantine
- ↑ IN THROUGH THE INNER DOOR (THE MOSAIC IN THE NARTHEX OF THE LARGE BASILICA IN HERACLEA LYNCESTIS)
- ↑ Keramičkite reljefi od Viničkoto Kale
- ↑ Najstarite hristijanski simboli
- ↑ Виничките теракоти
- ↑ Medieval frescoes in Macedonia
- ↑ Manastir Matejče
- ↑ Византиска Македонија
- ↑ „Охрид богатството на светот“. Архивирано од изворникот на 2020-10-08. Посетено на 2020-10-04.
- ↑ Седум споменици на културата во скопје и скопско
- ↑ Ohrid sub specie aeternitatis
- ↑ Painting and architecture in medieval Macedonia : artist and works of art[мртва врска]
- ↑ Vinica mystery
- ↑ [1]
- ↑ Македонија : милениумски културно-историски факти[мртва врска]
- ↑ Седум средновековни цркви во Република Македонија
- ↑ Црквата Свети Пантелејмон во Нерези
- ↑ Свети Ѓорѓи во Курбиново
- ↑ The Church of the Virgin Eleoussa at Veljusa, Skоpje 2016
- ↑ Црквата Света Богородица во Матејче
- ↑ Керамичките релјефни плочи од Виница
- ↑ „Byzantine...“. Архивирано од изворникот на 2020-10-08. Посетено на 2020-10-04.
- ↑ Скопје. Осум милениуми живот, култура, творештво
- ↑ Seven Churches in the Regions of Pelagonia, Mariovo and Prespa
- ↑ Црквата Свети Димитрија (Марков манастир) во Сушица
- ↑ Црквата Свети Андреја во кањонот Матка
- ↑ Elizabeta Dimitrova
Надворешни врски
уреди- Проект: Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Република Македонија
- Folia Archaeologica Balkanica
- ВТОРА ЛЕТНА ШКОЛА СВ. КЛИМЕНТ
- Depiction of Saintly Images in Byzantine Mural Painting Архивирано на 9 октомври 2020 г.
- Libros de Elizabeta Dimitrova
- Publications »Dimitrova, Elizabeta«
- Most widely held works by Elizabeta Dimitrova