Алат
Алат е помошно средство со кое рачно или машински се обработуваат материјалите. Со алатките полесно, побрзо и попрецизно се работи. Алатките овозможуваат изработка на многу сложени производи. Постојат голем број на алатки за најразлична намена. Алатките може да бидат едноставни, но и многу сложени.
Поделба
уредиПримената и развојот на алатите непосредно се поврзани за антрополошкиот развој на човечкото општество и цивилизација. Основната цел е да се олесни и забрза работата. Посебен замав во развојот на алатите се случил со почетокот на масовното производство на различни уреди и опрема (на пример, автомобили).
Поделба според материјалот и дејноста
уредиСпоред материјалот кој се обработува и дејноста, алатот може да се подели на:
- алат за обработка на метал
- алат за обработка на дрво
- алат за обработка на полимери
- алат кој се употребува во градежништвото
- алат кој се употребува во земјоделието
- друг алат: за домаќинство, за златарски работи, кројачки занаети, фризерски занаети, ...
Поделба на алатот во машинството
уредиОпшта поделба на алатот во машинската струка:
- резен алат, во директен допир со материјалот го обликува производот (глодало, нож, ...)
- алат за стегање, посредува помеѓу резниот алат, материјалот за обработка и машината, со што влијае на обликувањето на производот (стеги, стезни глави, ...)
- мерни инструменти, служат за мерење и контрола во текот на обработката (либела, метро, вагрес, микрометар, шублер, шестар, мерни плочки, мерни ливчиња, ...)
- алатот за рачна обработка (клешти, клучеви, одвртки, турпии, ...)
- рачен алат со сопствен погон (електрична рачна дупчалка, брусилка, полирка, ...)
Поделба според начинот на користење и набавка
уреди- стандарден алат, се купува слободно на пазарот и како таков се употребува, служи за општа употреба, стандардизиран е по квалитет и димензии (на пример: нож, глодало, сврдел, клуч, ...)
- типизиран алат, изработен е со висок степен на спремност за употреба но не може веднаш да се употреби без претходна доработка или доградба.
- специјален алат, не може да се купи слободно на пазар, потребно е да се направи или нарача, служи за изработка на конкретен произбод (пример направи за бушење и монтажа, шаблони за сечење и обликување, калапи за лиење на полимери и сл.)
Алатот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Сребрениот чекан на Максвел“ (англиски: Maxwell's Silver Hammer) — песна на британската рок група Битлси од 1969 година.[1]
- „Божествен чекан“ (англиски: Divine Hammer) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.[2]
- „Секирче“ (англиски: Small Axe) — песна на Боб Марли енд д Вејлерс (Bob Marley and the Wailers) од 1973 година.[3]
- „Внимателно со секирата, Јуџин“ (англиски: Careful With That Axe Eugene) — песна на британската рок-група Пинк Флојд (Pink Floyd) од 1969 година.[4]
- „Најмекиот чекан“ (англиски: The Softest Hammer) — песна на американската рок група fIREHOSE од 1989 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
- ↑ Discogs, The Breeders – Last Splash (пристапено на 24.8.2020)
- ↑ Youtube, Bob Marley - Small Axe (пристапено на 15.5.2019)
- ↑ Youtube, Pink Floyd - Careful With That Axe Eugene (пристапено на 15.5.2019)
- ↑ DISCOGS, fIREHOSE – fROMOHIO (пристапено на 24.6.2021)
„Алат“ на Ризницата ? |