Фибула (брош)
Фибула (латински: fibula — „прицврсти“) – игла за прицврстување на тога.[1]
Фибулите исто така се користат во својство на накит. Тоа е своевидно копче или врска во вид на приврзок со игла, кои се користеле за затворање и врзување на облека. По изгледот и техничкото решение скоро се идентични со модерните сигурносни игли – безопасни.
Биле во употреба од најраната историја и постојат во многу изведби и облици, во зависност од историскиот период: постојат келтски, дачански, сарматски, римски, готски итн. Од средниот век ги заменило копчето, но нивниот наследник, безопасната се користи и денес.