Герлиц (округ)
Герлиц (германски: Landkreis Görlitz) — округ во Саксонија, Германија. Именуван е по неговиот главен град Герлиц. Се граничи (од запад надесно) со округот Бауцен, сојузната покраина Бранденбург, со Полска и Чешка.
Герлиц Landkreis Görlitz | ||
Најисточната точка во Германија помеѓу Дешка и Зентендорф | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Саксонија | |
Округ | {{{Kreis or district}}} | |
Основни податоци | ||
Површина | 2,106 км2 | |
Население | 288,735 (30 ноември 2007) | |
- Густина | 137 жит/км2 | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Историја
уредиОкругот бил основан во август 2008 со спојување на трите помали окрузи: округот Лебау-Цитау, Долношлеска Горна Лужица и слободниот град Герлиц.
Географија
уредиОкругот се состои од југоисточниот дел на Лужица и западниот дел од Шлеска, вклучувајќи дел од Лужичките Возвишенија. Лужичка Ниса создава дел од источната граница, додека Шпре тече низ западниот дел на округот.
Грб
уредиГрбот на округот Герлиц содржи симболи од државите кои некогаш владееле со округот. Црниот орел со полумесечина на градите се однесува на Шлеска. Крунисаниот лав со две опашки се однесува на Бохемија. Ѕидот се однесува на градот Бауцен и Горна Лужица и лисјата од липа се однесуваат на лужичката заедница.
Градови и општини
уредиГрадови | Општини | ||
---|---|---|---|
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Герлиц (округ) на Ризницата ?
- Службена страница (германски)