Гросшенау (Саксонија)

Гросшенау (германски: Großschönau) — општина во округот Герлиц, во Саксонија, Германија. Се наоѓа во пограничниот регион со Чешка. Бил познат како центар на фабричкото производство на дамаст во Горна Лужица до крајот на 1980-тите. Оттогаш се свртел кон туризмот.

Гросшенау
Општинско собрание во Гросшенау
Општинско собрание во Гросшенау
Општинско собрание во Гросшенау
Грб на Гросшенау
Гросшенау (Саксонија) во рамките на Германија
Гросшенау (Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Општ. заед. Гросшенау-Валтерсдорф
Основни податоци
Површина 23,87 км2
Надм. височина 350 м
Население 5.276 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 221 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02779
Повик. бр. 035841
Портал www.grossschoenau.de
Местоположба на Гросшенау во рамките на округот Герлиц
Карта
Карта
Координати 50°53′47″N 14°39′44″E / 50.89639° СГШ; 14.66222° ИГД / 50.89639; 14.66222

Во близина на градот се наоѓа историска бања, која обновена и денес работи. Опремена е со затворен базен, сауна, кампови и апартмани. Градот е почетна точка за планинарите и велосипедистите, кои се желни за открување на обете страни на чешко-германската погранична област. Врвот Лауше (793 м) се наоѓа во општината Валтерсдорф и се забележува дека е највисок врв на Лужичките Планини.

Сообраќај

уреди

Гросшенау е поврзан со соседниот чешки град Варнсдорф. Железничката станица во Гросшенау нуди три национални врски со Полска, Чешка и Германија, бидејќи градот е дел од постоечкиот еврорегион. Бидејќи сите три земји се дел од Шенген-зоната, сите гранични премини и контроли се отстранети.

Познати жители

уреди

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)