Шлајфе (германски: Schleife), горнолужички: Slepo) — општина во северниот дел на округот Герлиц, североисточна Саксонија, Германија. Седиште е на Амт Шлајфе (околу 5.000 жители).

Шлајфе/Слепо

Schleife/Slepo

Шлајфе во рамките на Германија
Шлајфе
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Општ. заед. Шлајфе
Месни единици 3
Градоначалник Ханс Хаша
Основни податоци
Површина 41,87 км2
Надм. височина 129 м
Население 2.443 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 58 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02959
Повик. бр. 035773
Портал www.schleife-slepo.de
Местоположба на Шлајфе/Слепо во рамките на округот Герлиц
Карта
Карта
Координати 51°32′N 14°32′E / 51.533° СГШ; 14.533° ИГД / 51.533; 14.533

Администрација

уреди

Во текот на општинските реформи во 1990-тите во Саксонија, на Шлајфе му биле додаден двете села Мулквиц и Роне и заедницата на општини Шлајфе, која била основана на парохијата Шлајфе.

Парохијата Шлајфе се состои од осум села, освен Лискау, кои биле дел од заедницата на општини Шлајфе:

Македонско име Германско име Лужичко име Општина
Грос Дибен Groß Düben Dźewin Грос Дибен
Халбендорф Halbendorf Brězowka Грос Дибен
Лискау Lieskau Lěsk
Милрозе Mühlrose Miłoraz Требендорф
Мулквиц Mulkwitz Mułkecy Шлајфе
Роне Rohne Rowne Шлајфе
Шлајфе Schleife Slepo Шлајфе
Требендорф Trebendorf Trjebin Требендорф

Лискау е специјален случај, бидејќи се наоѓа во покраината Бранденбург. Сепак, од 2003 припаѓа на градот Шпремберг.

Лужичкосрпска култура

уреди

Шлајфе се наоѓа на во рамките на лужичкосрпскиот регион и е обележен како центар на најмалиот дијалект на горнолужичкиот јазик, Schleifer Dialekt. Користен е во Шлајфе и соседните седум села, кои се дел од Шлајфе (Schleifer Kirchspiel). Денес тој е единствено користен од многу мал број на жители, но се прават напори за негово воспоставување на втор мајчин јазик. Јазикот е предаван во една од градинките и во локалното училиште.

Старите словенски традиции и фестивали се прославуваат - од индивидуалци и од групи и организации, како што е Sorbisches Folkloreensemble Schleife.

Во општината постои и музеј за Лужичките Срби.

Познати луѓе

уреди
  • Кито Лоренц: Лужичкосрпски-германски писател, лиричар и преведувач.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди