Ниски
Ниски (германски: Niesky, горнолужички: Niska; полски: Niska) — мал град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Има население од околу 11.000 жители и е дел од округот Герлиц.
Ниски | |
Плоштадот Цинцендорф со Моравската црква | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Герлиц |
Градоначалник | Волфганг Рикерт |
Основни податоци | |
Површина | 53,61 км2 |
Надм. височина | 172 м |
Население | 9.249 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 173 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GR |
Пошт. бр. | 02906 |
Повик. бр. | 03588 |
Портал | www.niesky.de |
Местоположба на градот Ниски во рамките на округот Герлиц | |
Координати | 51°18′N 14°49′E / 51.300° СГШ; 14.817° ИГД |
Градот бил основан во 1742 од бохемиски доселеници. Како членови на Моравската црква, тие избегале од прогоните во нивната католичка татковина. Името Ниски е германизирана верзија на чешкиот збор nízka („низок“). Во 1776, на возраст од 12 години, Бенџамин Хенри Латроб, идниот проектант на американскиот Капитол, како и на Балтиморската базилика, бил испратен во моравското училиште во Ниски.
Во 1926, архитектот Конрад Ваксман работел во градежната фирма Christoph & Unmack AG.
Населени места во рамките на градот се Нојхоф, Нојсерхен, Ноједерниц, Едерниц, Зе, Цехе-Мохолц, Козел, Цедлиг и Зандшенке.
Збратимен град
уредиНиски е збратимен со францускиот град Албер.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Ниски на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа место во округот Герлиц статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |