Долношлеска Горна Лужица (округ)
Долношлеска Горна Лужица (германски: Niederschlesischer Oberlausitzkreis) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, најисточен округ на Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Лебау-Цитау, Бауцен, Каменц и округот Шпре-Ниса во Бранденбург. Слободниот град Герлиц бил на исток, до границата со Полска.
Долношлеска Горна Лужица Landkreis Niederschlesischer Oberlausitzkreis | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Ниски |
Површина | |
• Вкупна | 1,340,24 км2 (517,47 ми2) |
Население (2006) | |
• Вкупно | 94,750 |
• Густина | 71/км2 (180/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | NOL |
Мреж. место | http://www.nol-kreis.de |
Историја
уредиТериторијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлеска. Кога поголемиот дел од Шлеска припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлеската покраина бил споен со Саксонија.
Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија
уредиГлавната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.
Партнерства
уредиГрб
уредиКамениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската покраина Долна Шлеска (Niederschlesien). |
Градови и општини
уредиГрадови | Општини | |
---|---|---|
Надворешни врски
уреди- Официјална страница (германски)