Лебау-Цитау
Лебау-Цитау (германски: Löbau-Zittau, лужички: Lubij-Žitawa) — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, во Германија. Соседни окрузи му биле окрузите Бауцен на северозапад и Долношлеска Горна Лужица на север. На исток се граничел со Полска, а на југ со Чешка.
Лебау-Цитау Landkreis Löbau-Zittau | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Цитау |
Површина | |
• Вкупна | 698,51 км2 (26,970 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 152,304 |
• Густина | 2,2/км2 (5,6/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | ZI |
Мреж. место | http://www.lra-loebau-zittau.de |
Историја
уредиОкругот бил создаден во 1994 со спојување на двата претходни окрузи, Лебау и Цитау. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија
уредиГлавна река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава и границата со Полска. Главно е сместен на ридското подрачје на Лужичките Возвишенија; највисоката точка е Лауше („Lausche) со 793 метри надморска височина.
Грб
уредиГрбот покажува карактеристична куќа од областа, со две кули позади. Кулите ги претставуваат градските собранија во градовите Лебау и Цитау. |
Градови и општини
уредиГрадови | Општини | |
---|---|---|
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 5 февруари 2007 г. (германски)