Галактички координатен систем
Галактички координатен систем — небесен координатен систем во сферни координати со Сонцето како негово средиште, главната насока порамнета со приближното средиште на Млечниот Пат, а основната рамнина напоредна на галактичката рамнина но со отстапување на север. Се служи со десноракото праволо, што значи дека координатите се позитивни на север и на исток на фундаменталната рамнина.[1]
Сферни координати
уредиГалактичка должина
уредиДолжината (l) го претставува аголното растојание на едно тело иточно долж галактичкиот екватор од Галактичкото Средиште. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската должина.
Галактичка ширина
уредиШирината (b) го претставува аголот на едно теле северно од галактичкиот екватор гледајќи од Земјата. Се изразува во степени (°) и е аналог на географската ширина.
Дефиниција
уредиПрвиот галактички координатен систем го осмислил Вилијам Хершел во 1785 г. Низ времето се користеле различни координатни системи, секој со неколку степени разлика. Во 1932 г. Лундската опсерваторија изработила таблици за претворање на координатите со кои го определуваат стандардниот галактички координатен систем според галактичкиот северен пол на рек. 12ч 40м, дек. +28° (епоха B1900.0) и 0° должина во точката кајшто се сечат галактичката и екваторската рамнина.[1]
Во 1958 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го дефинирал галактичкиот координатен систем според радионабљудувањата на неутрален галактички водород преку вородорната линија, менувајќи ја дефиницијата за галактичка должина за 32° и ширината за 1,5°.[1] Во екваторскиот координатен систем, за рамноденица и екватор 1950.0, северниот галактички пол се дефинира на ректасцензија 12ч 49м, деклинација +27,4° во соѕвездието Береникина Коса, со веројатна грешка од ±0,1°.[2] Должината 0° е големата полукружница која почнува од оваа точка долж правата на положбениот агол 123° во однос на екваторскиот пол. Галактичката должина се зголемува во иста насока како ректасцензијата. Галактичката ширина е позитивна кон северниот галактички пол, со тоа шо рамнина која минува низ Сонцето и напоредно на галактичкиот екватор е 0°, а половите се ±90°.[3] Според оваа дефиниција, галактичките полови и екваторот можат да се добијат со сферна тригонометрија и да се прецесираат во други епохи (во табелата).
Рек. | Дек. | Соѕвездие | |
северен пол +90° должина |
12ч 51.4м | +27.13° | Береникина Коса (близу 31 Com) |
јужен пол −90° должина |
0ч 51.4м | −27.13° | Вајар (близу NGC 288) |
Средиште 0° должина |
17ч 45.6м | −28.94° | Стрелец (во Стрелец A) |
Противсредиште 180° должина |
5ч 45.6м | +28.94° | Кочијаш (близу HIP 27180) |
Радиоизворот Стрелец A*, кој е најдобриот физички показател за вистинското Галактичко Средиште, се наоѓа на 17ч 45м 40,0409с, −29° 00′ 28,118″ (J2000).[2] Заокружен на истите децимали како во табелата, 17ч 45,7м, −29,01° (J2000), има отстапување од 0,07° од определениот координатен центар, во рамките на проценетата грешка од ±0,1°. Поради положбата н Сонцето, која тековно е 56,75 ± 6,20 северно од средната рамнина, и хелиоцентричната дефиниција донесена од IAU, галактичките координати на Sgr A* се +0° 07′ 12″ јужна ширина и0° 04′ 06″ должина. Бидејќи галактичкиот координатен систем според дефиницијата не се врти со време, Sgr A* впрочем се намалува во должина со стапка на галактичкото вртење кај Сонцето Ω, приближно 5,7 лачна милисекунди годишно.
Претворање од екваторски во галактички координати
уредиМестоположбата на едно тело изразена во екваторскиот координатен систем може да се претвори во галактичкиот. Во овие ревенки α е ректасцензија, а δ е деклинација. NGP се однесува на координатните вредности на северниот галактички пол, а NCP се оние на северниот небесен пол.[4]
Обратното претворање (од галактички во екваторски) може да се изведе со следниве формули.
Правоаголни координати
уредиВо некои ситуации се користат правоаголни координати според галактичката должина, галактичката ширина и растојанието. Понекогаш, кога се работи со далечното минато или иднина, галактичкит координатен систем се зема како вртежен така што x-оската секогаш секогаш оди во средиштето на галаксијата.[5]
Постојат две главни правоаголни варијанти на галактичките координати со кои се пресметуваат вселенските брзини на галактички тела. Со овие системи, оските xyz се означуваат со UVW, но дефинициите зависат од авторот. Во еден систем, оската U е насочена кон Галактичкото Средиште (l = 0°) и ова е деснорак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол); во друг систем, оската U е насочена кон галактичкото противсредиште (l = 180°) и е леворак систем (позитивен кон исток и кон северниот галактички пол).[6]
Во соѕвездијата
уредиГалактичкиот екватор минува низ следниве соѕвездија:[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Blaauw, A.; Gum, C.S.; Pawsey, J.L.; Westerhout, G. (1960). „The new IAU system of galactic coordinates (1958 revision)“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 121 (2): 123. Bibcode:1960MNRAS.121..123B. doi:10.1093/mnras/121.2.123.
- ↑ 2,0 2,1 Reid, M.J.; Brunthaler, A. (2004). „The Proper Motion of Sagittarius A*“. The Astrophysical Journal. 616 (2): 874, 883. arXiv:astro-ph/0408107. Bibcode:2004ApJ...616..872R. doi:10.1086/424960. S2CID 16568545.
- ↑ James Binney, Michael Merrifield (1998). Galactic Astronomy. Princeton University Press. стр. 30–31. ISBN 0-691-02565-7.
- ↑ Carroll, Bradley; Ostlie, Dale (2007). An Introduction to Modern Astrophysics (2. изд.). Pearson Addison-Wesley. стр. 900-901. ISBN 978-0805304022.
- ↑ На пример, Bobylev, Vadim V. (март 2010). „Searching for Stars Closely Encountering with the Solar System“. Astronomy Letters. 36 (3): 220–226. arXiv:1003.2160. Bibcode:2010AstL...36..220B. doi:10.1134/S1063773710030060. S2CID 118374161.
- ↑ Johnson, Dean R.H.; Soderblom, David R. (1987). „Calculating galactic space velocities and their uncertainties, with an application to the Ursa Major group“. Astronomical Journal. 93: 864. Bibcode:1987AJ.....93..864J. doi:10.1086/114370.
- ↑ „SEDS Milky Way Constellations“.
Надворешни врски
уреди„Галактички координатен систем“ на Ризницата ? |
- Универзалтен координатен претворач (англиски)
- Галактички координатен систем — Wolfram Demonstration (англиски)
- Галактички координати — Семрежна научна енциклопедија (англиски)
- Положбена астрономија: Галактички координати Архивирано на 10 септември 2012 г. — Универзитет „Сент Ендрјус“ (англиски)