Стрела (соѕвездие)
Стрела — соѕвездие кое потекнува од латинскиот збор sagitta, и истото не би требало да се поистоветува со поголемото соѕвездие Стрелец. Иако Стрела е старо соѕвездие, ѕвездите во истото не се посјајни од трета привидна светлинска величина и по површина е третото најмало соѕвездие (само Ждребе и Јужен Крст се помали). Било вклучено во 48 соѕвездија наброени од астрономот од II век Птоломеј, и оттогаш останаало едно од 88 современи соѕвездија определени од страна на Меѓународниот астрономски сојуз. Со местоположба над екваторот, Стрела може да се види од секоја местоположба на Земјата, освен од Јужниот Поларник.
лат. Sagitta | |
Кратенка | Sge |
---|---|
Генитивно | Sagittae |
Симболизам | стрела |
Ректасцензија | 19,8333 ч. |
Деклинација | +18,66° |
Квадрант | NQ4 |
Површина | 80 (°)² (86-то) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 19 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | γ Sge (3,51m) |
Најблиска ѕвезда | Глизе 745 (28,14 сг, 8,63 пс) |
Месјеови објекти | 1 |
Соседни соѕвездија | Лисица Херкул Орел Делфин |
Видливо на ширина од +90° до −70°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец август. |
Стрела припаѓа на Млечниот Пат и се граничи со слeдниве соѕвездија (почнувајќи од север во насока на часовникот): малото животно Лисица, митолошкиот херој Херкул, птицата Орел и морскиот цицач Делфин.
Значајности
уредиЅвезди
уредиСледниве се едни од најсјајните ѕвезди во Стрела:
- α Sge: позната и како Шам, е жолта светла џиновска ѕвезда спектрална класа G1 II (со светлинска величина 4,37) и на растојание од 610 сг. од Земјата, и заедно со β Sge (со светлинска величина 4,37) ги образуваат перфувите или двете острици на острилото на стрелата која се користела од Римската армија.
- γ Sge: овој ладен џин (спектралн класа M0 III, и со светлинска величина 3,47) заедно со ѕвездите δ Sge и ε Sge го образуваат телото на стрелата. Се наоѓа на растојание од 170 сг.
- δ Sge: ѕвезда од спектрална класа M2 II+A0 V (се смета дека станува збор за набљудувачка двојна ѕвезда, станува збор веројатно за една слика, со композитен спектар), со светлинска величина од 3,82.
- ε Sge: ѕвезда од спектрална класа G8 III, со светлинска величина 5,66, многукратна ѕвезда (4 ѕвезди, од кои ѕвездата B е видлива)
- η Sge: оваа ѕвезда од спектрална класа K2 III со светлинска величина 5,1 припаѓа на Хијадите подвижна група на ѕвезди.
Далечни објекти
уреди- M71: овој објект претставува ѕвездено јато, кое често по грешка се смета за густо расеано јато. Се наоѓа на растојание од 13.000 сг. од Земјатаи за првпат е откриено од францускиот астроном Жан Филип де Шезо во периодот меѓу 1745 и 1746 година.
Историја
уредиСтарите Грци најверојтано[1] го нарекувале ова соѕвездие Oistos.[2] Римјаните го нарекле Sagitta.
Јохан Бајер ги избрал имињата на ѕвездите во Стрела по несјајност, ставајќи и ја ознаката на најсветлата ѕвезда γ. Друго соѕвездие во кое се отстапува од традиционалното именување е соѕвездието Стрелец.
Митологија
уредиОбликот на Стрела, бил протолкуван токму како стрела во многу култури, меѓу нив се персијците, евреите, Старите Грци и старите римјани. арапите го нарекувале ас-сахам, име кое се пренесува како Шам и се однесува на α Sge.
Стара Грција
уредиВо Стара Грција, соѕвездието Стрела се сметало дека е стрелата со која Херкул го убил орелот на Јупитер, кој постојано се хранел со џигерот на Прометеј.[3] Стрелата е со местоположба на северната граница на Орел. Други пак верувале дека соѕвездието Стрела е стрелата со која Херкул стрелал кон Стимфалските птици, (шестата задача) кои имале клунови и крилја од железо, и се хранеле со човелко месо во мочуриштата на Аркадија. Ератостен тврдел дека станува збор за стрелата со која Аполон ги убил киклопите.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ page 88 in Origins of the ancient constellations: II. The Mediterranean traditions, by J. H. Rogers 1998
- ↑ Katasterismoi per theoi.com Архивирано на 16 октомври 2016 г. in theoi.com
- ↑ 3,0 3,1 Astronomica by Hyginus, Mary Grant translation at theoi.com
Надворешни врски
уреди„Стрела (соѕвездие)“ на Ризницата ? |