ФК Тиквеш

(Пренасочено од ГФК Тиквеш)

ГФК Тиквеш 1930 — фудбалски клуб од Кавадарци, Република Македонија, кој моментално игра во Прва фудбалска лига - Исток. Тиквеш ја има освоено македонската Републичка лига двапати (1971-1972; 1977-1978), се натпреварувал во Втората југословенската лига во пет сезони (1955-1956; 1968-1969; 1969-1970; 1972-1973; 1978-1979 ) и клубот беше еден од основачите на македонската Прва лига. Традиционалните бои на Тиквеш се црвено-бели.

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци
Целосно имеГрадски Фудбалски Клуб Тиквеш 1930 Кавадарци
ПрекариЛозари
Основан21 декември 1930; пред 93 години (1930-12-21)
СтадионГрадски стадион Кавадарци
(Капацитет: 7,500)
МенаџерПане Блажевски
ЛигаI
2023/244. од 12 места
Домашни бои
Гостински бои

Историја

уреди

Тиквеш е основан на 21 декември 1930 година од група на млади ентузијасти кои одржале состанок во ресторанот Балкан во Кавадарци. Славчо Темков станал првиот претседател на новоформираниот клуб, а Тодор Јанакиев бил избран за секретар.

Во раните години Тиквеш беше засенет од другите фудбалски клубови од Кавадарци, ФК Занаетчиски, ФК Љубаш и ФК Југославија, но по Втората светска војна Тиквеш се етаблира и стана најголемиот и најпознат фудбалски клуб од регионот.

1950 & 1960 (ерата на Вуко Каров, 1931-1990)

уреди
 
Вуко Каров

Клубот ги направи првите значајни достигнувања во 1950-тите години.

Во 1950 година Фудбалската асоцијација на Југославија со седиште во Белград донесе одлука да се создаде единствена Трета фудбалска лига во Југославија. Тиквеш ја започна својата квалификациска кампања за Трета лига со победа од 4-2 против ФК Црвена Звезда (Велес) проследено со победа над ФК Гоце Делчев (Прилеп) 3-1. Овие две победи му дадоа шанса на Тиквеш да игра понатаму во плеј-оф натпревари, но тие не успеаја да се квалификуваат во југословенската Трета лига, губејќи 4 -1 (дома) и 7-1 (гости) од Рудар Трбовље, 11-0 (гости) и 4-1 (дома) од Раднички Белград кој подоцна ја освои југословенската Трета лига и беа промовирани во југословенската Втора лига заедно со Рудар. Поразот 11-0 од Раднички е најголемиот досега пораз на Тиквеш. Откако не успеа да се квалификува во југословенската Трета лига Тиквеш ја продолжи сезоната во македонската Републичка лига.

Во текот на тој период македонската Републичка лига често беше поделена на три потcojузи (Штипcки, Битолcки, Скопcки), на крајот на првенcтвата победниците од секој потcojуз играа во плеј-оф финале за да се одлучи македонскиот шампион. Тиквеш го ocвои Штипcкиот потcojуз во 1952-53 и 1956-57, но и во двата случаја изгуби во плеј-оф финалето. Во 1953-54 Тиквеш заврши како второпласиран во македонската Републичка лига заостанувајќи 4 бода зад Победа Прилеп.

Сезоната во 1954-1955 беше успешна за Тиквеш и покрај тоа што заврши на третото место на табелата во македонската Републичка лига, исти бодови со Победа Прилеп и само три бода зад Металец Скопје. Ова беше видено како добар резултат бидејќи Тиквеш беа промовирани во југословенската IV Зона (2-ра фудбалска лига во Југославија во тоа време) за првпат во своето постоење. Престојот на клубот во југословенската IV Зона беше краткотраен, тие беа релегирани веднаш следната сезона заедно со Работник Битола, Борац Чачак и Брегалница Штип, додека Вардар Скопје ја освои лигата и беа промовирани во југословенската Прва лига.

Во 1957-58 Тиквеш завршија како второпласирани зад Беласица Струмица во Штипcкиот потcojуз само на гол разлика.

1960-тите претставуваат фрустрирачки период за клубот од Кавадарци, тие беа второпласирани на четири наврати во македонската Републичка лига (1962-1963 - 1 Победа Прилеп, 1964-65 - 1 Тетекс Тетово, 1965-1966 - 1 Работнички Скопје, 1967-68 - 1 Работнички Скопје.

Во 1967-1968 Тиквеш заврши како второпласиран зад Работнички Скопје во македонската Републичка лига, но стори доволно за да добие промоција во југословенската Втора лига - Исток. Во 1968-1969 Тиквеш избегна испаѓање од југословенската Втора лига - Исток и заврши само еден бод пред ЕИ Младост Ниш, обезбедувајќи опстанок на едно коло пред крајот на сезоната со добри резултати во серија. Ангел Кимов и Глигор Тотов комбинираа 18 голови (Кимов 10 и Тотов 8), додека Миодраг Алексиќ, позајмен играч од Војводина Нови Сад постигна 6 голови.

1970-ти

уреди

Најуспешниот период во историјата на клубот дојде во 1970-тите. Предводен од Ангел Кимов и под водство на тренерот Наќо Тотовски Тиквеш конечно ја освои македонската Републичка лига во 1971-72. Hапаѓачкото дуо Кимов - Тотов постигна заедно 36 голови во текот на сезоната (Кимов 20 и Тотов 16) и му помогнаа на Тиквеш да ја освои својата прва титула во 42 годишното постоење и истовремено клубот да добие промоција во југословенската Втора лига - Исток.

Во 1974-75 завршија второпласирани во македонската Републичка лига, но Тиквеш ја освои својата втора титула во 1977-78, Ангел Кимов постигна импресивни 34 голови кои го направија најдобар стрелец во лигата. Во 1970-тите Тиквеш играше во југословенската Втора лига неколку сезони, за последен пат во 1978-79 . Покрај Ангел Кимов други познати играчи кои го претставуваа Тиквеш во оваа златна ера се; Орданчо Милков, Ангел Настев - Џанго, Никола Камчев, Благој Бошковски, Лазар Дамевски, Трајче Леов, Глигор Тотов, Ѓоко Ицев, Пане Недев, Ангел Леов, Цветко Кабрамов, Бранко Бошковски, Љупчо Ицев, Трајче Николов и др.

1980-ти

уреди

По успешните 1970-ти среќата на клубот се промени во 1980-тите години. Во 1980-81 Тиквеш испадна од првата македонска Републичка лига. Следните две сезони Тиквеш не успеа да се врати назад, во 1981-82 и 1982-83 завршија 4 и 5 на табелата, соодветно. Во меѓувреме Петар Анѓушев го предводи ФК Бор Кавадарци и за само две години успеаа да скокнат од 3-та во првата Републичка лига. Во 1983 година, откако ФК Бор избори пласман во првата Републичка лига двата клуба од Кавадарци се фузираа и ФК Тиквеш продолжи да игра понатаму.

1990-тите и новиот милениум

уреди

По независноста на Македонија во 1991 година Тиквеш играл во македонската Прва лига, највисоката професионална фудбалска лига во Македонија, но и покрај богатството од домашни таленти и некои добро познати играчи од страна, Тиквеш никогаш не успеал да избори пласман во некое европско натпреварување.

Со доаѓањето на новиот милениум дојдоа и најтемните денови во постоењето на клубот, во 2000/01. Тиквеш за првпат испаднал од Првата лига. Тие веднаш се вратиле следната сезона, освојувајќи ја Втора лига, но по второто испаѓање од Првата лига во 2003/04 клубот паднал во сериозни финансиски тешкотии. Во 2004/05, Тиквеш испаднал и од Втората лига, кога завршиле на 10то место на табелата, но загубиле во бараж натпреварот од Караорман и се преселиле во Третата лига - Југ. Ова била далеку најниската точка што клубот некогаш ја постигнал и набргу потоа во 2005/06 ФК Тиквеш отишол во банкрот.

Kлубот бил подмладен во 2007 година под името ФК Тиквеш Национал. Почнале да се натпреваруваат во Општинска лига - Кавадарци, 4-то ниво фудбалска лига во Македонија, освојувајќи ја во првиот обид во 2007-08. Во 2008/09 ФК Тиквеш Национал играл во Третата лига - Југ и ја завршил сезоната на 5то место.

Летото 2009 година, Советот на Општина Кавадарци ја презел контролата над клубот и го сменил името во Градски Фудбалски Клуб Тиквеш. Во 2009/10 Тиквеш ја освоил Третата лига - Југ и биле унапредени како прваци.

Во 2010/11, Тиквеш завршил на 3то место на табелата во Втората лига и пропуштил шанса да се врати во Првата лига, губејќи 2-0 во бараж натпреварот од Напредок.[1]

Тиквеш ја започнал сезоната 2011/12 со надеж и високи амбиции за промоција, но на крајот тие само успеале да бидат седми на табелата и долгото чекање за враќање во Прва лига било продолжено.

Во сезоната 2013/14, Тиквеш бил исфрлен од Третата лига - Југ поради неиграње два натпревари.

Во летото 2016 година, управата на Тиквеш 2014, тогашен учесник на Третата лига Југ, со договор го презела второлигашот Љубанци 1974. Со тоа тие го преселиле клубот во Кавадарци и го промениле името во Љубанци 1974 Кавадарци.[2][3][4] По крајот на првата половина од сезоната, клубот го сменил името во Тиквеш 1930 Кавадарци.[5]

Битката за пласман во Прва лига и агонијата во баражот

уреди

Во сезоната 2018–19 Тиквеш влезе со сериозна амбиција за промоција во Прва лига. Но по несигурниот почеток шансата за директна промоција пропадна, па на крајот Тиквеш заврши како вицешампион зад ФК Борец Велес, и успеа само да се квалификува во бараж разигрувањето. На 2 јуни 2019 година, на натпревар одигран на стадионот Ѓорче Петров во Скопје, Тиквеш ја победи ФК Лабуништа со 6-3 во полуфиналето од плејофот и се пласираше во финалето. Но, за жал, сонот за враќање на највисоко ниво пропадна на 5 јуни 2019 година. Со само 3 дена за опоравување и со неколку повредени играчи Тиквеш го загуби финалето од ФК Силекс Кратово со резултат 3-2, оставајќи ги играчите и навивачите со скршени срца.

Стадион

уреди
 
Градски Стадион, северна трибина

ФК Тиквеш домашните натпревари ги игра на Градскиот Стадион Кавадарци. Стадионот бил изграден при крајот на 40-тите и првиот одигран меч бил на 19 март 1950год. помеѓу Тиквеш и НК Рудар Трбовље од Словенија, квалификации за Третата Југсловенска лига. Конечниот резултат бил 1-4 за гостинскиот тим

На стадионот играла и младинската репрезентација на Интернационалните натпревари и било одржано финалето од Македонскиот Куп во 1997 година помеѓу ФК Силекс и Слога Југомагнат (4–1). Освен за фудбал стадионот бил користен и за музички концерти.

Поддржувачи

уреди
 
Лозари на Јужна трибина на дерби натпревар, 28 март 1993, Тиквеш 3-0 Пелистер.

Официјална навивачка група на ФК Тиквеш се Лозари Исток. Формирани се 1991 година и традиционално се собираат на источна трибина. Лозари се збратимени со навивачката група Чкембари од Битола. Најголемо соперништво Лозари имаат со навивачката група Винари од Неготино

Тиквеш е еден од клубовите со најмногу посетеност во Македонија

Лого

уреди

Во минатото Тиквеш имал 2 обележја што го означувале клубот.

На сегашното лого има зелен гроздов лист кој стои врз бела позадина, заобиколено со црвени линии, и името на клубот е напишано во зелена боја и стои на врвот. Зелениот лист го опишува Тиквешкиот регион кој е познат по грозјето,додека белата и црвената боја се официјални бои на клубот и на град Кавадарци.

Ростер 2024/2025

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Стефан Тасев
2   ОД Кристијан Ризов
3   ОД Михаил Маневски
4   ОД Оливер Стоименовски
5   ОД Даниел Мојсов
6   ОД Алмир Чубара
7   НП Едиз Спахиу
8   СР Данаил Тасев
9   НП Ѓорѓи Ѓорѓиев
10   НП Мартин Стојанов
11   СР Милован Петровиќ
Бр. Позиција Играч
12   ГМ Стојан Димовски
13   НП Витао
18   СР Давид Манасиевски
20   СР Миле Тодоров
--   ОД Никола Најдовски
21   ОД Александар Вареловски капитен
22   СР Филип Михаилов
23   ОД Мартин Тодоров
24   СР Кристијан Стојкоски
33   СР Лео Гуера
77   СР Робертињо
88   СР Благоја Спиркоски

Значајни имиња

уреди

Играчи

уреди

  •   Ристо Јосков - Топот
  •   Вуко Каров
  •   Петар Анѓушев
  •   Ангел Кимов
  •   Глигор Тотов
  •   Ангел Настов
  •   Никола Камчев
  •   Блажо Малинков
  •   Томе Хаџи-Василев
  •   Орданчо Милков

Tренери

уреди
  •   Наќо Тотовски
  •   Трајче Ковачев
  •   Андон Дончевски
  •   Светозар Гоѓевац
  •   Методија Сапунџиев

Инвидуални рекорди

уреди

Најмногу голови:

Име и презиме Лигашки голови
1 Ангел Кимов 194
2 Блажо Малинков 89
3 Вуко Каров 79
4 Глигор Тотов 77
5 Боро Клашев 73

Најмногу голови во еден натпревар:

Име и презиме Голови Натпревар Сезона
1 Ангел Кимов 6 Тиквеш 9-0 Астибо Штип 1971–72
2 Вуко Каров 5 Тиквеш 9-0 Малеш Берово 1956–57
 – Диме Лазов 5 Тиквеш 6-1 ФК Новаци 1989–90

Најмногу голови во една сезона:

Име и презиме Голови Сезона
1 Ангел Кимов 34 1977–78
2 Боро Клашев 21 1964–65
 – Слободан Тасев 21 1991–92

Почести и достигнувања

уреди
БројНаградиСезона
2 Македонска Републичка Лига: Шампиони1971-72, 1977–78
6 Македонска Републичка Лига: Вице-шампиони1953–54, 1962–63, 1964–65, 1965-66 1967-68, 1974-75
2 Македонска Републичка Лига - Штипска Дивизија: Шампиони1952–53, 1956–57
1 Македонска Републичка Лига - Штипска Дивизија: Вице-шампиони1957–58
1 Втора македонска фудбалска лига: Шампиони2001-02
1 Трета македонска фудбалска лига - Југ: Шампиони2009–10
2 ОФЛ Кавадарци: Шампиони2007–08, 2014–15
1Тунир Вуко Каров: Шампиони2011
1 Фудбалски куп на Македонија 2023/24
  1. „Бараж натпревар Напредок-Тиквеш“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 8 јуни 2011.
  2. „Решение“ (PDF). Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 6 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2017-06-17. Посетено на 27 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „ФК Тиквеш се подготвува за второлигашки фудбал“. rtk.mk. 22 јули 2016. Посетено на 27 октомври 2019.
  4. „Draw for new season to take place on Monday“. MacedonianFootball.com. 24 јули 2016. Посетено на 27 октомври 2019.
  5. „Се враќа името Тиквеш, Дунимагловски и Бакрачевски први засилувања“. gol.mk. 13 јануари 2017. Посетено на 27 октомври 2019.