Враста (Лагадинско)

село во Лагадинско, Егејска Македонија, Грција

Враста (грчки: Βρασνά) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Врасна била дел од општина Агиос Георгиос[2].

Враста
Βρασνά
Враста is located in Грција
Враста
Враста
Местоположба во областа
Врасна во рамките на Бешик
Врасна
Местоположба на Врасна во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°42′N 23°39′E / 40.700° СГШ; 23.650° ИГД / 40.700; 23.650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаСвети Ѓорѓи
Надм. вис.&10000000000000135000000135 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно378
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 21
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 81 километри источно од Солун и на 9 километри северно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на Богданска Планина.

Аспровалта опфаќа површина од 41 квадратни километри.

Историја

уреди

Во источниот крај на старото село е зачувана средновековната Врастенска кула од XV век. Селото се споменува во атонски документи. Кон 1300 година селото припаѓало на катепантата Стефанина, а подоцна кон катепантата Рендина.

Селото се појавува за првпат во писмените извори во почетокот на XVI век со името Враста. Макс Фасмер го извел името на селото од словенското брѣстъ (брест) - објаснување што е општо прифатено. Оваа етимологија покажува дека Словените биле меѓу основачите на населбата пак уште во почетната епоха селото имало мешано население[3]. Селото било познато благодарение на четири практикони за имотите на манастирот Есфигмен на Света Гора, кои датираат од годините 1300, 1318 и 1321. Овие документи го одразуваат етно-демографскиот изглед на селото во текот на четвртина век[4].

Во XIX век Враста било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 850 жители Грци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 60-тите години на XX век години жителите на селото се преместиле на морскиот брег и ја основале Нова Враста (Неја Врасна).

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било бегалско село со 877 семејства, додека во 1940 година селото броело 951 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 1043 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1058 жители, во 1971 година имало 789 жители, во 1981 година имало 540 жители, додека во 1991 година имало 427 жители[6]. Денеска, населението на селото е 278 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 951 1.043 1.058 789 540 427 278 378
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, с.40.
  4. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, стр. 41-44.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди