Есфигмен
Манастир Есфигмен (грчки: Μονή Εσφιγμένου) е православен манастир во монашката држава Света Гора во Грција, посветен на Вознесението Христово. Изграден е веднаш до морето на северната страна на Светогорскиот Полуостров. Сместен е во близина на манастирот Хиландар, и се наоѓа најсеверно од сите светогорски манастири. Сегашниот манастир датира од 10-от век, додека според преданието тука постоел манастир уште од 5-от век. Есфигмен се наоѓа на 18 место во хиерархијата на светогорските манастири. Се смета за едно од најконзервативните монашки братства на Света Гора.[1]
Надворешен изглед на манастирот. | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Свет манастир Есфигмен |
Посветен на | Вознесение Христово |
Епархија | Света Гора |
Личности | |
Основач (и) | Теодосиј II & Пулхерија |
Место | |
Место | Света Гора, Грција |
Координати | 40°21′10″N 24°08′17″E / 40.352689° СГШ; 24.138053° ИГД |
Отворен за јавноста | само за мажи |
Наводи
уреди- ↑ „In the Balkans, the forces of pious chauvinism speak louder again“. The Economist. 17 November 2017. Посетено на 18 November 2017.