Срѓан Јаниќијевиќ

македонски филмски и телевизиски режисер, и глумец

Срѓан Јаниќијевиќ (1970, Скопје) — македонски филмски и телевизиски режисер и глумец.[1]

Срѓан Јаниќијевиќ
Роден 1970 (воз. 53–54 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање режисер
глумец

Животопис

уреди

Срѓан Јаниќијевиќ е роден во 1970 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек Драматургија, филмска и театарска режија. Активно работи на полето на театарот и филмот како автор и режисер. Од 2008 година, тој работи во Македонски народен театар – Скопје.[1]

Творештво

уреди

Театарски режии

уреди

Филмски и телевизиски режии и глумечки улоги

уреди
  • ТМ (2020), како глумец
  • Преспав (2016 - 18), како глумец
  • Тие доаѓаат од центарот на светот (2017), краткометражен филм, како глумец
  • Поган Паган (2012), краткометражен филм во омнибусот Скопје Ремикс, како режисер, продукција: Ново македонско видео
  • Па Па Париз (2004), документарна ТВ-серија, како режисер, продукција: Вретено
  • Големата вода (2004), како глумец
  • Аирлија транзиција (Капитализам за почетници во 6 лекции) (1994- 1997) ТВ серија, како режисер, копродукција помеѓу USAID, КЦ „Мала Станица“ и Македонска телевизија
  • Прекрасен свет во омнибусот Светло сиво (1993), како режисер, копродукција помеѓу Пегаз, Македонска телевизија и Факултет за драмски уметности, Скопје

Автор на драми

уреди
  • Урбан Бајрам
  • Шехерезада (црна комедија во 1001 минута)
  • Don’t you Faust me
  • Купидона (панк опера)

Превод на драми

уреди
  • Разнесени, автор: С. Кејн
  • Супермаркет, автор: Б. Србљановиќ
  • Шопинг и факинг, автор: М. Рејвенхил*сите три се поместени во „ММЕ... Антологија на нова европска драма“, издавач: Магор (2004)

Награди

уреди
  • ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица со претставата „Шепоти од вода“, 2019
  • Фестивал „ Writing and Directing, Today Festival of Contemporary Writing“, Кан, Франција, со претставата „Шехерезада (црна комедија во 1001 минута), 2017
  • Фестивал „Гола месечина“, Скопје, 2015 со претставата „Силјан штркот шанца“
  • Фестивал „Диесе“, Дижон, Франција, со филмот „Скопје ремикс“, 2012
  • Фестивал на авторски филм, Белград, Србија, со филмот „Скопје ремикс“, 2012
  • МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, со „Купидона“ панк опера, 2006
  • Фестивал на глумецот, Фиер, Албанија, со претставата „Луѓе од соседството“, 2005
  • Стериино позорје, Нови Сад, Србија, со претставата „Павиљони“, 2003
  • Меѓународен куклен фестивал во Перуџа, Италија, со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1997
  • Котбус филмски фестивал, Котбус, Германија, со филмот „Свет, о сиво“, 1996
  • Меѓународен детски фестивал, Суботица, Србија со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1996
  • Меѓународен фестивал „Бурборак 94“, Смолен, Бугарија со претставата „Зрното грашок и принцезата“, 1994

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „СРЃАН ЈАНИЌИЈЕВИЌ“. Македонски народен театар. Посетено на 27 јуни 2022.

Надворешни врски

уреди