Ана Јовановска
Ана Јовановска (р. 1991) — македонска академска графичарка.
Животопис
уредиАна Јовановска е родена во 1991 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде магистрирала во 2016 година, на одделот за графика.[1]
Студира како стипендист и при Факултетот École supérieure d'arts & médias de Caen/Cherbourg во Франција. Во текот на студирањето, добитник е на наградата за најдобра графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“, признание за постигнат највисок просек и одлични резултати во текот на студиите на Факултетот за ликовни уметности и се здобива со Grand Prix на VIII младински пролетен салон од НГМ - Мултимедијален центар Мала станица.
Учествува на „XI Биенале на млади“, НГМ - Мултимедијален центар Мала станица, на „Привремена духовна ремедијација“ во рамките на „Скопско лето“, дава дело за Imago Mundi, номинирана е за наградата „Денес за млад уметник на годината“ (2016) и ја промовира својата не-комерцијална книга Collection of False Memories во Франција и Босна и Херцеговина. Издава зин „По Трагите“ за Private Print, Paragraphie со Асемблаж Атлас за Фестивалот на современата уметност АКТО итн.
Творештво
уредиИма повеќе самостојни изложби во Македонија и странство и учествува на повеќе од 70 групини изложби во Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Чешка, Полска, Русија, Италија, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Мексико, Аргентина, Колумбија и САД итн.
На 25 ноември 2016 година, во Центарот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово била отворена самостојна изложба на графики, објекти и видеа на Јовановска, со наслов „Буквата за себе и човекот“.[1]