Деца на сонцето (филм)

Деца на сонцето — македонски филм од 2014 година, во режија на Антонио Митриќески. Во главните улоги настапуваат: Ивана Павлаковиќ, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова, Данчо Чевревски итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски.

„Деца на сонцето“
РежисерАнтонио Митриќески
ПродуцентДејан Милошевски
Главни улогиМето Јовановски
Милица Стојанова
Владо Јовановски
Билјана Танески
Ивана Павлаковиќ
Кире Ѓоревски
Данчо Чевревски
Премиера18 септември 2014, Македонија Македонија
Времетраење88 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Македонската премиера на филмот се одржала на 18 септември 2014 година во Битола, на последната вечер на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на филмот се одржала на 25 септември 2014 година, на меѓународниот фестивал „Реинденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреварувал во официјалната конкуренција.[1] Во декември 2014 година, филмот бил прикажан на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.[2]

Улоги уреди

Глумец Улога
Мето Јовановски Крал
Милица Стојанова Лена
Владо Јовановски Кале
Ивана Павлаковиќ Ангела
Билјана Танески Мира
Данчо Чевревски Сони
Кире Ѓоревски Марко
Камка Тоциновски Жирафа
Александар Микиќ Цуцла
Емир Хаџихафизбеговиќ Фурда
Мартин Мирчевски Дупли
Ацо Дуковски Чуварот

Содржина уреди

Приказна за семејството и верноста, љубовта и загубата, предавството и покајанието. Додека мафијата уништува едно големо семејство кое се соочува со тежок живот, љубовта цвета меѓу Марк (гангстер) и Ангела, кои се заљубени уште од училишните денови. Сепак, иако судбината конечно се насмевнува и семејството го наоѓа одамна изгубеното богатство, Ангела го издава семејството во име на љубовта и го краде богатството, за да го спаси Марко од мафијата. Секој го добива она што го заслужува, а љубовта има несреќен крај.[3]

Наводи уреди

  1. „Македонска премиера на „Деца на сонцето“ на „Манаки“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 23.
  2. „Деца на сонцето на „Фест“ во Белград“, Дневник, година XVIII, број 5638, среда, 10 декември 2014, стр. 20.
  3. „Filmovi, Deca sunca“. 2015.fest.rs (српски). Посетено на 2022-04-19.

Надворешни врски уреди