КК Борец Баскет

КК Борец Баскет е кошаркарски клуб со седиште во Велес, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Втората македонска кошаркарска лига. Домашните натпревари ги игра во Спортската сала Гемиџии која има капацитет од околу 3,500 гледачи.

Борец Баскет
ЛигаВтора Лига Мажи
Основан2009; пред 12 години (2009)
СалаГемиџии
Сала Капацитет3,500
МестоВелес
Бои на клубот         
ПретседателАнгел Љутков
ТренерВаско Бојчев
Позиција 2020/210
Дресови
Kit body redsides.png
Домашен jersey
Kit shorts redsides.png
Team colours
Домашен
Kit body redsides.png
Гостински jersey
Kit shorts redsides.png
Team colours
Гостински



Состав 2020/21Уреди

број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
0 Стефан Митрев 196 Бек 20   Македонија
1 Милан Павлов 193 Крилен центар 28   Македонија
3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 20   Македонија
4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 36   Македонија
6 Дамјан Стојменов 190 Бек 24   Македонија 2020 КК Шкупи
7 Владимир Брчков 200 Центар 31   Македонија 2019 Влазнија  
9 Васил Танев 185 Бек 24   Македонија 2020 Баскет Кам
10 Игор Темелковски 199 Крило 31   Македонија
11 Суад Карталовиќ 200 Крилен центар 20   Македонија
12 Петар Виларов 195 Бек / Крило 27   Македонија
13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 24   Македонија
14 Донче Бојчев 195 Бек /
Разигрувач
20   Македонија
15 Слободан Михајловски 196 Крилен центар 36   Македонија 2021
5 Мартин Котевски* 188 Бек /
Разигрувач
20   Македонија 2020 КК ТФТ (даден на позајмица)
Кирил Димов 187 Бек 22   Македонија
Александар Ристовски Бек 19   Македонија

Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.

ИсторијаУреди

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет бил основан во 2009 година. Не е на правен начин поврзан со поранешните велешки клубови - згаснатите КК Борец, КК Жито Вардар и КК Велес 2000. Сепак, името кое го носи е синоним за велешкиот спорт.

Во 2010 година, клубот за првпат пријавил сениорска екипа во Третата лига 2010/11. Таа сезона Борец Баскет го освоил второто место и бил унапреден во Втората македонска лига.[1] Во сезоната 2011/12, клубот сега како второлигаш, завршил на седмото место. Во сезоната 2012/13, Борец Баскет не пријавил екипа во Втората лига. Сезоната 2013/14, екипата станала вицепрвак во Третата лига и повторно била унапредена во вториот ранг. Сезоната 2014/15, екипата завршила со исто бодови како уште две екипи на второто место. Но поради полошата меѓусебна разлика, Борец Баскет паднал на четвртото место. Во пресрет на следната сезона, првакот бил Т-Баскет, кој бил унапреден во Првата лига, се откажал поради ненаоѓање на соoдветна сала. На велешкиот клуб му следувала покана за учество, но исто така поради ненаоѓање на соoдветна сала, морал да одбие. Дополнително, клубот се откажал и од Втората лига и не пријавил екипа за натпреварување. Во сезоната 2016/17, клубот под спонзорското име Борец Еуробрик,[2] повторно заиграл во Третата лига. Екипата се откажала после двете третини од сезоната и завршиле на последното седмо место на табелата.[3] Следната сезона, се натпреварувал во Третата лига.[4] Поради поделувањето на Втората лига на Исток и Запад, односно укинувањето на Третата лига, Борец Баскет припаднал на источната лига во сезоната 2018/19. Тогаш екипата завршила на петтото место во Истокот. На полусезона од следната 2019/20, за клубот потпишува поранешниот сениорски репрезентативец Владимир Брчков. Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 13 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. До тој момент клубот атакува на четвртата позиција која води во плејоф, по неколку победи и изедначени дуели со директните конкуренти. Подоцна, Федерацијата одлучила во скратен турнир, двете најдобри екипи да бидат унапредени во Првата лига. Но на 25 јуни, Управниот одбор заклучил дека поради пандемијата, сепак натпреварување нема да има и првите пласирани екипи од Западот и Истокот (Црн Дрим и ТФТ) биле унапредени во Првата лига.

Состав 2019/20

број име и презиме висина (cm) позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
0 Стефан Митрев* 196 Бек 19   Македонија
3 Леонид Миланов 195 Крилен центар 19   Македонија
4 Бошко Ивковиќ 185 Разигрувач 35   Македонија
5 Љупчо Маџуркаров 185 Бек 25   Македонија
6 Петар Виларов 195 Бек / Крило 26   Македонија
7 Милан Павлов 193 Крилен центар 27   Македонија
8 Ѓоре Ѓошевски 193 Бек 18   Македонија
9 Мартин Караколев 196 Бек 22   Македонија
10 Игор Темелковски 199 Крило 30   Македонија
11 Суад Карталовиќ* 200 Крилен центар 19   Македонија
12 Стефан Здравков 200 Центар 29   Македонија
13 Никола Зафирчев 188 Разигрувач 23   Македонија
14 Донче Бојчев 195 Бек /
Разигрувач
19   Македонија
15 Владимир Брчков 200 Центар 30   Македонија 2019 Влазнија  
Томислав Петров* 188 Бек /
Разигрувач
20   Македонија 2020 Кожув (даден на позајмица)
Кирил Димов 187 Бек 21   Македонија
Повремени играчи од младинските категории
Александар Ристовски Бек 17   Македонија
Александар Здравев Крило 17   Македонија

Со ѕвезда (*) до името се означени играчите кои настапуваат под двојна лиценца.

Извор: Кошаркарска Федерација на Македонија[мртва врска]

НаводиУреди

  1. „Трета Лига Мажи 2010/11“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Посетено на 1 март 2020.
  2. „Трета Лига Мажи 2016/17“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Посетено на 1 март 2020.
  3. „Трета Лига Мажи 2016/17“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Посетено на 1 март 2020.
  4. „Трета Лига Мажи 2017/18“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Посетено на 1 март 2020.

Надворешни врскиУреди