Витачишта
Витачишта (грчки: Κρηνίδα, Кринида; до 1956 г. Βιτάστα, Витаста[2]) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Ениќој на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 429 жители (2021).
Витачишта Κρηνίδα | |
---|---|
![]() Поглед на селото | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°59′N 23°59′E / 40.983°N 23.983°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Ениќој |
Општ. единица | Ќупќој |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 429 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северозападното подножје на планината Кушница, на 54 км југоисточно од градот Сер и на 12 км северно од Радулево, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманско Царство
уредиВо отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година е забележано дека Витачишта има 43 домаќинства.[4]
Во XIX век Витачишта било мешано грчко-турско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Витаста (Βιτάστα) живееле 900 Грци и 300 Турци.[5]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Виталчишта (Vitalchischta) имало 299 домаќинства со 90 жители муслимани и 700 жители Грци[6] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Витачиста (Виташта) имало 20 македонски, 106 грчки и 28 турски домаќинства.[7][8]
Во 1891 година Георги Стрезов напишал:
„ | Зихненско има најплодна повча; селата по долината на Анџиска и покрај Прнар произведуваат најмногу и најквалитетен памук, кој специјално се одгледува во селата Локовик, Ќупќој, Витачишта и Кормишта.[9] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1.375 жители, од кои 1.100 Грци, 175 Турци и 100 Македонци.[7][10] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.650 Грци.[11]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 853 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 851 лица.
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 175 бегалци, така што селото станало мешана населба.[3]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.738 жители.[3]
Во 1956 година, селото било преименувано во Кринида (Κρηνίδα).[2]
Стопанство
уредиВитачишта располага со мошне плодно обработливо земјиште, од кое дел се наводнува. Населението одгледува пред сѐ памук и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството, посебно на краварството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.669 | 1.612 | 1.538 | 1.105 | 1.204 | 834 | 568 | 573 | 429 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Успение на пресв. Богородица“ од XIX век
Училишта
- Витачишко училиште — прогласено за споменик на културата
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
- ↑ Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147.
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 240–241.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 3.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 182.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.