Википедија:Селска чешма/Архива 10

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 10


Итно одделување на проектни страници од главниот именски простор

уреди

Почитувани корисници, како што најверојатно знаете, содржината на Википедија во нејзината база на податоци е поделена на 20 секции кои според вики-жаргонот се наречени именски простори. Главниот именски простор ги содржи сите енциклопедиски статии на Википедија. Сите страници во другите именски простори имаат претставки во нивните имиња кои го означуваат името на именскиот простор проследено со две точки и насловот на страницата. Секој именски простор содржи посебен вид на содржина. Оваа страница, на пример, припаѓа на именскиот простор »Википедија:« кој содржи содржини поврзани со раководењето на проектот (а не содржи енциклопедиски материјал).

Ова е вовед во проблемот кој ќе го презентирам. Не знам колку често сте кликнале на врската Специјални:Случајна, но по неколку кликнување ќе забележите дека се јавува и по некоја „случајна статија“ од типот на Главна страница / избрана слика / 2008 / седмица 34, Главна страница / избрана статија / 2007 / седмица 21, Главна страница / избрана статија / 2007 / седмица 49 итн...

Главната страница (за жал!) е сместена во главниот именски простор. Тоа значи дека сите нејзини потстраници кои ние ги користиме за избраните статии и слики се исто така во главниот именски простор. Две години → 104 недели; избрани статии+слики секоја недела → имаме повеќе од 200 страници кои не се енциклопедиски статии во главниот именски простор. Ова е лошо од три причини: 1) Имаме неправилна статистика за бројот на статии; 2) Ризикуваме некој читател да кликне на Специјални:Случајна и да добие „статија“ од типот на Главна страница / избрана слика / 2008 / седмица 34 (имајте на ум, гледаме да привлечеме читатели и уредувачи, а не ги одбиеме — ова создава лоша слика за проектот); 3) Ја прекршуваме предноста на главниот именски простор како посебен дел кој содржи само (цели) енцикопедиски статии, што е лоша пракса.

Моето решение е да ги преместиме сите овие страници во именскиот простор »Википедија:« што е можно побргу. Барам од вас помош и предлози за тоа како да ја оствариме целата операција.

Како што напоменав погоре, Главната страница е сместена во главниот именски простор. Ова значи дека колку и да ни е точна статистиката за број на статии, таа секогаш ќе биде зголемена +1. Главната страница не е статија, таа е страница на проектот. Според ова, доста згодно е таа да биде во именскиот простор »Википедија:«. Имајте го ова на ум за во иднина, ние можеме да ја преместиме и главната страница надвор од главниот именски простор. Доста и се восхитувам на германската Википедија за овој нејзин потфат, како и за многу, многу други работи. Не велам веднаш да ја преместуваме, туку само ја користам приликата да ви го укажам и ова.

Накратко: ова првото мора да го исправиме, а за второто размислете. --Brainmachinewtf? 23:03, 8 јануари 2009 (UTC)

Во право си, незнам како го немам забележано ова до сега. Решението веќе го кажа - преместување на сите вакви страници во друг именски простор (Википедија или Шаблон). Истото треба да се направи и за статиите на денешен ден. --Милош (разговор) 13:22, 11 јануари 2009 (UTC)
Сега како да правиме? Наместо Главна страница / избрана статија / 2007 / седмица 49 во Википедија:Избрана статија/2007/49? Може ли овој формат? И плус тоа, ќе ни бидат потребни волонтери кои ќе сакат да се нафанат за оваа работа оти станува збор за многу страници. По можност, сисопи за автоматски да ги бришат оригиналните страници. Заинтересирани? --Brainmachinewtf? 17:48, 11 јануари 2009 (UTC)
Ова сме го подзаборавиле малку .. Него јас си користам често случајна страница и стварно многу ме нервира кога искачаат овие од главна (а верујте ми често излагаат). Така да ја се пријавувам да ги преместувам, со тоа што ќе им ставам брзо бришење па кој сака нека ги брише. ок ? - Vekip8 (разговор) 22:10, 10 април 2009 (UTC)
Веќе ги бришам тие што не се потребни. Поз.--MacedonianBoy 22:15, 10 април 2009 (UTC)
Можам да преместувам само слики и статии, со мултимедија и избрана медија има некој проблем .. ако може некој друг да ги среди :) и маседониан, фала што бришеш :) Позз - Vekip8 (разговор) 22:27, 10 април 2009 (UTC)
Треба да се смени и кодот на главната иначе не искачаат сликите .. - Vekip8 (разговор) 23:23, 10 април 2009 (UTC)

Добра вест

уреди

Сакам да ве информирам дека конечно некоја од нашите портали почна да ја користи Википедија при пребарување на статии и наслови, на пример тука. Имаат пребарување за англиска и македонска Википедија. Си добиваме некое име, нели?--MacedonianBoy 09:35, 28 март 2009 (UTC)

Би било убаво да турат една врска кон бугарската и српската Википедија, сепак словенски јазици cу, много словени од Балканот ги разумаат/понимают/verstehen, англискиот е многу далеко... Потребител:Bogorm (разговор) 12:55, 28 март 2009 (UTC)
Експериментирај во Бугарија.--MacedonianBoy 13:10, 28 март 2009 (UTC)
Или пак, не. Балканец What man, what?
Не. -{админинстратор}-   гитардемон 16:11, 7 април 2009 (UTC)

Локални избори

уреди

Сега со локалните избори ќе треба да ажурираме приличен број на статии. Не знам точно колку градоначалници се променаа, но сигурно над 60% од нив се нови, значи ќе треба да се потрудиме да ажурираме околу 50-тина статии. Бидејќи сајтов ги нема сите информации (можеби ќе излезат допрва, не знам) би било добро секоја информација што ја имате да ја вметнете во соодветната статија за општината. Јас за Битола и Прилеп знам дека не се променаа, но за Могила, Новаци и ред други општини врска немам. Кој што слушнал за вестите ако е сигурен или ако има извор нека напише. Пребарав на Гугл, ги нема резултатите (на А1 ги имаше, но не можам да ги најдам). -{админинстратор}-   гитардемон 16:11, 7 април 2009 (UTC)

Веќе го средив тоа.--MacedonianBoy 16:20, 7 април 2009 (UTC)

Напредок

уреди

Ги поминавме и луксембуршката и босанската Википедија. Имаме 26.594 а додека босанката има 26.579 а луксембуршката има 26.520. Моментално сме на 51 место. Поздрав--MacedonianBoy 23:12, 7 април 2009 (UTC)

Со тоа разликување, дека во македонската википедија 99% од статиите се празни, без полезна информациja. --Стан (разговор) 00:45, 8 април 2009 (UTC)
Е за тоа дали се празни види си сам. Овие статии сега што се прават се неопходни за одредените теми, и ако сакаш да знаеш ние сме една од ретките Википедии кои имаат квалитетни статии за да бидат избрани секоја недела, а напредува и порталот 500 така да преразмисли. Ако сакаш да има големи статии, повели напиши за Географија во Бугарија, Економија на Бугарија и слично а не да тролувате сите вие корисници од Бугарија по нерелевантни теми.--MacedonianBoy 12:22, 8 април 2009 (UTC)
Колку се празни се видува, за години во тоа и во ова, без ни еден ред. За музика 110 празни, археологијата 110 празни, книжевноста 62 празни, спортот 110 празни, уметноста 112 празни, филмот 125 празни, шахот 84 празни, науката 132 празни, за броеве 347 и повекето празни - илјада празни само за последниот месец. --Стан (разговор) 13:39, 8 април 2009 (UTC)
Не брзај Стан сега се направени, чекај имај трпение. Види од други области други статии ова се рутински статии, ќе се пополнат. Се во свое време. Земи пополни барем три :)--MacedonianBoy 13:42, 8 април 2009 (UTC)
Се надевам дека ке се се пополнат, а не како на селата во Област Благоевград, коишто седат празни од години. --Стан (разговор) 13:55, 8 април 2009 (UTC)
MacedonianBoy е во право. Наместо да критикуваш земи барем започни со пополнување на статиите за години, кога веќе гледаш дека се празни. И така тоа ни е во план во блиска иднина.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:57, 8 април 2009 (UTC)
Не бре, нели знаете, Стан секогаш е во право. Браво Стан, така е, ни докажа... дрн, дрн--Астрион (разговор) 13:59, 8 април 2009 (UTC)
Мислам дека ме сфативте, или не? Се тупат по грди МБ и КС за тоа дека овде има повеке статии од БиХ и се видува дека се гони броj, а не квалитет. Ајде доста... кажах што мислам. --Стан (разговор) 14:07, 8 април 2009 (UTC)
Одлично, одлично! Браво само така! Само имам мала забелешка, отворивте сигурно над 1000 статии и категории а на ниедна од нив нема интервики!? Мислам дека интервиките се доста важни! --Макс(разговор) 14:37, 8 април 2009 (UTC)
Ќе ставиме и интервики!--Kiril Simeonovski (разговор) 20:57, 8 април 2009 (UTC)
А, за тоа дали Википедија на македонски јазик има статии со послаб квалитет од босанската ќе преќутам. Тоа останува секој сам да го процени и заклучи.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:02, 8 април 2009 (UTC)
Морам да те пофалам Stan тебе и Bogorm, а и да ви заблагодарам! Ако не бевте вие немаше да имаме толку многу уредувања на страниците за разговор. Додуша може понекогаш да уредите и статија, но и со разговорите сте добредојдени, понекогаш. -{админинстратор}-   гитардемон 23:37, 8 април 2009 (UTC)

Колку ни е длабочината (depth) сега? Балканец What man, what? 09:21, 9 април 2009 (UTC)

Ќе го вратиме брзо пак на 39. Тоа не е проблем, само работата е што никој не го гледа параметарот. И Википедија на словенечки има 19, а Википедија на босански 34, па има сугурно 5-6 пати повеќе квалитетни и подобро напишани статии на словенечки отколку на босански. Параметарот не е показател за квалитетот на статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 9 април 2009 (UTC)
Значи непристрасно кон ниеден од погере искажаните ставови, сметам дека подготовката (ако така е дефинирана) за правење на статии на овој начин со запишување на почетна мисла/информација, води кон лоша репутација на нашата македонска енциклопедија. Имено замислете си дека прв пат ја отварате мк.вики и колку да видете што содржи најверојатно ќе бирате рандом страница, голема е веројатноста многупати да наидете на една таква за мене безполезна информација од типот во таа и таа година се случило нешто околу нешто. Смешно, па дајте ве молам, па луѓево не пасат трева во слободно време. Е сега ако сето ова има натпреварувачки карактер, тогаш подобро да размислиме на кој начин да ги победиме останатите, на квалитетен или квантитетен? И за крај, незнам зошто воопшто се ставаме на кантар со некои бугари или босано-херцеговци, нека си бркаат работа луѓето.
“My grandfather once told me that there are two kinds of people: those who work and those who take the credit. He told me to try to be in the first group; there was less competition there.” - Indira Gandhi ArlekiN (разговор) 08:02, 10 април 2009 (UTC)
Се согласувам сто по сто со Ефко. Балканец What man, what? 08:56, 10 април 2009 (UTC)
И јас и токму затоа почнав со проширување на статии за држави од Јужна Америка. Е кога сите ние би фатиле да прошириме по две статии, знаете ли колку ќе се подобри квалитетот? Но ние сакаме по разговори да пишуваме, приморани од одредени корисници и такви слични работи. Поздрав--MacedonianBoy 08:59, 10 април 2009 (UTC)
Ja знам који су бугари, али ко је босано-херцеговaц?? Сви, који знају три јужнословенски јазика, могу сачувати чланце свих Википедија на њима./Знам кой е българин, ама защо босненец-херцеговинец?? Всички, владеещи трите южнославянски езика, могат да редактират статиите на всички Википедии на тях - bs, hr... and so forth Потребител:Bogorm (разговор) 21:30, 16 април 2009 (UTC)
Translate it.--MacedonianBoy 21:36, 16 април 2009 (UTC)
ај без шале. све знамо за што е реч овде. Зaшто треба кон корисници од Бугарска и Босна и Херцеговина једно отношение, а кон сви други корисници - друго отношение? И ко е корисникот одатле (од Б и Х)? Потребител:Bogorm (разговор) 21:47, 16 април 2009 (UTC)
Seriously, translate it, it cannot be understood.--MacedonianBoy 22:01, 16 април 2009 (UTC)
Јаc не видим што не е у ред. Сви слова се од јазикот, нали...? Реци/Say, које слово ти е трудно/не се разуме? Потребител:Bogorm (разговор) 22:14, 16 април 2009 (UTC)
The bold ones are not on Macedonian:Ja знам који су бугари, али ко је босано-херцеговaц?? Сви, који знају три јужнословенски јазика, могу сачувати чланце свих Википедија на њима./Знам кой е българин, ама защо босненец-херцеговинец?? Всички, владеещи трите южнославянски езика, могат да редактират статиите на всички Википедии на тях - bs, hr... and so forth. I cannot understand.--MacedonianBoy 22:23, 16 април 2009 (UTC)
MacedonianBoy, jac бев во добро настроение, та сум писал на српскохрватски и бугарски, просто с големо неудоволствие пишувам на... Ништо, ке пишувам повеке според вашата норма, сада ово е било изузетак/exception. Реци, сите луге од РМ ли могу да разумат српскохрватски? Ако да, немате проблем. Потребител:Bogorm (разговор) 09:28, 17 април 2009 (UTC)

Богорм, не го имаш разбрано контекстот каде што се зборува за Босна и Херцеговина (веројатно бидејќи не знаеш македонски). Или пак, само си тука да ги вознемируваш другите корисници. Ти си џуџе. Мрш. Балканец What man, what? 02:21, 17 април 2009 (UTC)

Балканецо, не ме гони, зато што знам све потребно и сум тука као борец против пропагандата, а и за расшируване на Википедија. Потребител:Bogorm (разговор) 09:28, 17 април 2009 (UTC)
И умрениот јазик го престигнавме, на 50 место сме. Нека пукнат душманите :)--MacedonianBoy 21:37, 17 април 2009 (UTC)
Без навреди кон најголемиот јазик, кој некогаш Европа е имала! Тој се зборува од 3 век п.н.е. до 17 в. после н. е., две ильадолетиа и никој/ни један од данашните европски јазици не ке го стигне. MacedonianBoy, ти очигледно многу ethnic slurs/етнички навреди пишеш за једaн администатор, то не беа руси, сада римльани/ватиканци. Осим тога, има многу други мртви јазици, има угаритски, авестийски, еламитски, еблаитски, не е само један латински, сите те имат велика култура и се учат и заслужуват уважение! Потребител:Bogorm (разговор) 14:58, 20 април 2009 (UTC)
Разреши си внатрешни проблеми и конфузии.--MacedonianBoy 18:53, 20 април 2009 (UTC)

Го прочитав пишаниот став на корисникот ArlekiN и сакам да му се обратам нему. Статиите за години, пред сè не се уредуваат само за да се зголеми бројот на статии и да престигне некое друго јазично издание на Википедија, и покрај тоа што морам да признаам дека една од причините е и таа. Статиите за години веќе започнавме да ги пополнуваме, а по нивното пополнување, очекуваме ваквите статии да имаат улога на предлошки, односно да послужат полесно кон уредувањето на статии за значајни настани или личности од одредено време во одредена област. Тоа е една од главните идеи. Ваквиот начин на работа досега е прилично добар, особено кога станува збор за секцијата на главната страница, иако тоа се денови во годината, а не години, мно принципот на работа е сличен. Исто така, ако ислите дека уредувањето на овие статии го зголемува квантитетот на Википедија на македонски јазик наместо квалитетот, тогаш не сте во право, бидејќи откако започна да се спроведува идејата за уредување на статии за години и други никулци се покренаа иницијативи (најзначајна од нив е иницијативата 500 (избрани) статии со порталот 500 (избрани) статии) за подобрување на квалитетот на статиите, а се планира покренување на уште такви поради забележителните резултати кои се постигнаа со нивното покренување. Доколку го ставиме во сооднос бројот на уредени квалитетни статии во последните неколку месеци со вкупниот број на новоуредени статии во овој период и го споредиме со бројот на квалитетни статии и вкупниот број на статии пред тоа, лсно може да се забележи дека размерот на односот во последниот период е со многу поголема вредност, односно учеството на квалитетните статии во новоуредените е поголемо за цели процентни поени. А, ставот дека луѓето кои прв пат ја отвораат Википедија ќе одберат „рандом страница“ (случајна страница) мислам дека не е точно, бидејќи лентата на пребарувачот е многу повпечатлива, поедноставна за користење и појасна за оној којшто прв пат ја отвора Главната страница на Википедија на македонски јазик. Не знам зошто толку многу критикувате. Ако имате идеја, предложете ја или реализирајте ја.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:57, 17 април 2009 (UTC)


Не знам што се замарате толку со странциве кои сакаат да присвојат се што е наше и што не не признаваат воопшто како народ, а да не збориме па за нашиот јазик кој им е навреда да го зборат. Колку за да ви докажам дека и нашата википедија има квалитет проверете само кај Дида и споредете ја со бугарската верзија, а на босански пак не се ни обидувајте да ја најдете, хехехе. Најбитно од се е да работиме на википедија и да се трудиме колку што можеме, а не да се замараме со некои луѓе што цел во животот им е да докажат дека Рајко Жинзифов или Крсте Мисирков и уште милион други се бугари а не македонсци. Не им се замарајте. Поздрав --MrBones (разговор) 10:44, 3 јуни 2009 (UTC)

Одрин, MacedonianBoy

уреди

Сакам да рекем на сите корисници дека промената, која ја прави MacedonianBoy во статија, уредувана од Ajax, Одрин->Едрене е многу лоша и не само јас сум против тоа, но и уште један корисник. MacedonianBoy пишува Алооо, градот е Едрене на македонски, ама со тоа навредува не на мене, а на Ajax, кој е писал статијата и кој е македонец. Jac сум написал, када уредувам, да види Разговор:Едрене и не знам колку го е направил. Наместо тоа, MacedonianBoy ме угрожава со блок за една седмица за тоа, што сакам да се води разговор и очигледно не сака да го води. Би предложил да му се забрани да прави туркофилски уредувања као првото и да не пишува по грешен начин име на град, кој веке еден друг корисник од РМ го е написал правилно во началото. Потребител:Bogorm (разговор) 13:18, 9 април 2009 (UTC)

Водиш разговор кој е одамна завршен а и не ти држи тезата. Твоето е чисто тролување.--MacedonianBoy 13:20, 9 април 2009 (UTC)
Прво: немој да се жалиш за некакви измислени „туркофилски уредувања“. Сакаш ли некој да ти кажува да престаниш со „бугарофилски уредувања“? Второ: ти не можеш да кажуваш кој од двајцата Македонци (MacedonianBoy и Ајаx) пишува правилно заради тоа што не знаеш македонски. Балканец What man, what? 13:27, 9 април 2009 (UTC)
А коментарот од типот тоа немоj да мине, градот се зове или Одрин... е цивилизиран не?--MacedonianBoy 13:32, 9 април 2009 (UTC)
1) Ама момент малко, поредбата не е точна, Бугарија ми е родина, а Турција на MacedonianBoy не е! 2) Точно зато што не сакам да кажувам, сум писал на Разговор:Георги Караискаки двамата да се разберат. Прочитал сум на Разговор:Одрин дека MacedonianBoy веке еднаш е получил жалба за вакви уредуваньа и зато мислим (не само јас), дека човек мора да се учи од грешките си, а не да ги повтарува. Потребител:Bogorm (разговор) 13:51, 9 април 2009 (UTC)
2) А не си ги прочитал датумите на првите коментари... 1) Не ми е гајле каде ти е роднината; национализам или било какво уредување со цел на некаква политичка/идеолошка поддршка е забрането. Балканец What man, what? 14:01, 9 април 2009 (UTC)
Е сега следува мојот последен коментар, и се состои од 4 точки:
1. Јас сум македонец, мајчин јазик ми е македонски и повеќе знам македонски одошто ти бугарски,
2. Терминологијата во македонскиот јазик не е иста со бугарскиот и тоа тебе ти е чудно и откри дека сепак македонскиот не е бугарски јазик и не сакаш да го прифатиш тоа како такво,
3. Ти како бугар со никакво познавање на македонскиот јазик немаш право да корегираш терминологија и „правилно“ користење на одреден збор, ќути си за тоа,
4. Јас како македонец, имам скоро никакви познавања од бугарскиот јазик но јас имам доволно разум и свест па не ве терам на бугарската Википедија „Китај“ да го преименувате во Кина бидејќи јас не го знам јазикот и како функционира истиот.

Ваквото твое однесување те прави пример за трол, а тоа е казниво на Википедија. Поздрав и се надевам ќе научиш нешто од разговоров.--MacedonianBoy 14:02, 9 април 2009 (UTC)

Теа четири точки би могли да имат смисал, ако Одрин бе писано од мене, ама е писано од Ajax, кој е од истата националност као и ти. И подобре да не ми оценуваш знаенето на бугарскиот језик, зато што си го знам одлично! Првата част от 3тата точка бе многу големо POV, а би ли ми објаснил јас како бугарин кој никогаш не е учил македонска книжевна норма, как можем да пишувам со сите вас и да се разумем? Потребител:Bogorm (разговор) 15:02, 9 април 2009 (UTC)
Сада сам налазил, дека и Raso mk прави истите промени кон турското име као MacedonianBoy. Овде има нешто, ама ке најдем какво... Почти сум убеден, дека и бришеньето на Категорија:Џамии во Одрин (за да минат кон Категорија:Џамии во Едрене) е порачувано од едного од двајцата. Може ли некој администратор да провери во историјата? Потребител:Bogorm (разговор) 16:29, 9 април 2009 (UTC)
Третата точка можеби изгледа како ГТ, но треба да се разбира дека бажната фраза во таа точка е никакво познавање на македонскиот јазик. Дали некој е Бугарин, Србин, Словенец или Јапонец кој не знае македонски нема врска. Само што ти лично си бугарин, и очигледно е дека ти лично не знаеш македонски. Да ти го одговорам прашањето: дали или не разбираш македонски не е баш релевантно, бидејќи не пишуваш македонски, и не знаеш македонски. За таа тема немој пак да пишуваш, бидејќи никој не мора тука, на македонската Википедија, да им објаснува на секој глуп кој доаѓа зошто македонски не е бугарски...
За името, зошто ти го „бранеш“ или „поддржуваш“ Ajax без него да му кажеш што се случува? Нема никаква врска кој го напишал зборот „Одрин“ прв пат, бидејќи ти си го вратил. Ова е меѓу тебе и MacedonianBoy, никој друг. Кога се уредува за внатрешна доследност како тоа што правил MacedonianBoy, не треба да се контактира или да се чека за уредникот кој го напишал (релативно) недоследниот/то/та збор/име/врска/фраза. Изгледа има консензус дека името е „Едрене“ и затоа статијата се наоѓа таму. Ако си против консензусот, мошеби треба нов консензус и да го следиш консензусот било што да е, или пак да го следиш овој консензус.
А за администраторско внимание, ова би требало да оди до ВП:ОТА. Исто така веќе ти кажував да не се занимаваш со турско-нетурско. Во турски е Edirne (Едирне), не Едрене (Edrene). Треба да употребуваш умни и релевантни аргументи, а не црвени харинги. Балканец What man, what? 23:50, 9 април 2009 (UTC)

Христос воскресе

уреди

Среќен празник на сите православни христијани.--MacedonianBoy 10:26, 19 април 2009 (UTC)

Навистина воскресна. Нека е за многу години--Р ашо  12:01, 19 април 2009 (UTC)

Прекршување на авторски права

уреди

Продолжение од разговорот Разговор:Персиски леопард:

  • Во англиската [1]
  • Во испанската [2]
  • Во германската [3]
  • Во френската [4]
  • Во бугарската [5]
  • И во сите други во кои статиите се превод. --Стан (разговор) 21:06, 19 април 2009 (UTC)
Одлично што ги стави примерите :) Ако не забележа - на англиската Википедија тој шаблон стои на страницата за разговор за статијата, а не во самата статија, хехе ;) --Виолетова (разговор) 21:09, 19 април 2009 (UTC)

Но мене едно не ми е јасно - ако си превел пасуси од неколку Википедии, тогаш како ќе се знае кој пасус од која Википедија е? Зарем на секој пасус да се лепи овој шаблон? Boyan (разговор) 21:10, 19 април 2009 (UTC)

Е и мене ова многу ме интересира што прашува Бојан. - Vekip8 (разговор) 21:15, 19 април 2009 (UTC)
Сега ги видов и другите - кај сите стои на страницата за разговор, а не во самата статија :) Поздрав, и ноу комент на темава веќе --Виолетова (разговор) 21:12, 19 април 2009 (UTC)
Виолетова, го видов ова (и го кажах на страницата на разговорот на леопардот). Сум се обркал со бугарската, таму во основната го правиме ова. Бојан, ова е доста релативно. Во секој случај е добро кога страницата е целосен превод на друга овоj шаблон да е на страницата на разговор, инаку си е кршене на авторските права. Vekip8 не е автор на статијата, туку преведувач и ова требе да се укаже некаде. За еден два пасуса не мислам дека не е проблем, ама целосна статија е премногу. Еве последниот ми превод bg:Михаил Драгомиров за пример. Јас и за тоа го направиш овоj шаблон. --Стан (разговор) 21:23, 19 април 2009 (UTC)
Ке почекам уште еден ден ако некој има коментари по оваа прашање и администраторот Boyan ке биде пријавен на англиската википедија за намерно прекршуванње на авторските права наедно со коментарот му "Без самоволни и нагли постапки". --Стан (разговор) 20:27, 21 април 2009 (UTC)
А англиската википедија не е никаков фактор, а уште повеќе таа не е наша „мајка“. А се надевам со твоето пријавување дека тука ќе станеш многу популарен и ке се здобиеш со многу пеијателства. --Р ашо  20:33, 21 април 2009 (UTC) Р.ѕ. Толку ли ти е тешко дека тестовите се во ГНУ лиценцата за слободна документација за која секој може да прави што сака.
Стан, каде виде прекршување на авторски права? Па уште од Бојан? Ти го стави шаблонот во самата статија, Бојан го избриша. Местото не му е таму, туку во делот за разговор, како и сегде. Бреее, пак муабетот со учителката... п.с. а што ти значи чекањето еден ден и барањето коментари на темава? :))) --Виолетова (разговор) 20:38, 21 април 2009 (UTC)
Види Виолетова, Бојан секогаш ме е нападал лично. Бев блокиран од него за еден месец, затоа зашто исправив една грешка, во која беше намерно изменет цитат и една нација беше заменета со друга. Само го изправив како е во оргинал и бев блокиран за еден месец (за него исправуване на цитат 1:1 е пропаганда). Подоцна бев блокиран "засекогаш" затоа зашто направив еден пост напријавен - со IP-адреса. Кое е (цитат:) "самоволна и нагли постапка"? Да го слошиш шаблонот кој затолжително требе да седи таму за да не се наришуват авторските права? Во википедија (слободната енциклопедија) најголемиот проблем се авторските права и тие се прекршуват од администратор. Да го беше преместил шаблонот во разговор а? Има еден принцип "бидете смели", а администраторот го приемува ова како "самоволна и нагла постапка". А на Рашо можам да му кажам, дек ако нешто е под ГНУ лиценца во никаков случај не означува дека секој може да си прави што сака со информација. Да ја прочита ГНУ лиценцата подобро. Не може некој корисник да си присвојува аврторски права на други корисници. Точно за ова е овоj шаблон. И наместо Бојан да ме запраша зашто е овоj шаблон тој најнагло го избриша. Значи јас можам да си отделам 3 часови да го направам овоj шаблон, а тој за 1 секунда го избриша против правилата на википедија за авторското право и сродните му права, па и вели дека ова била самоволна и нагла постапка. Да видиме колку ке се задржи шаблонот таму. --Стан (разговор) 21:15, 21 април 2009 (UTC)
Ок, Стан. Ајде пошто си најупатен во се ова, земи објасни. Прво, што праиме ако статијата е синтеза од статии на повеќе јазици ? Тогаш не важи правилото или ставаме 5 шаблона? И чиви се тие авторски права кога статијата ја пишува кој ќе стаса, и да напоменам НИКОЈ не си присвојува авторски права.. Сите работиме за поголема пристапност до слободни информации. Башка што очигледно не е некое правило пошто скоро ниедна вики не го употреува како што треба .. - Vekip8 (разговор) 21:26, 21 април 2009 (UTC)
а да, и заборавив да кажам .. твоите лични проблеми со Бојан, не ме интересираат .. според објаснетото со блокирањето јас сфатив дека ти ова од инат го правиш ... Извини ако погрешно сум те разбрала, ама ако е така може треба да размислиш за пристапот.. Vekip8 (разговор) 21:29, 21 април 2009 (UTC)
Не е неопходно тука да се става тој шаблон, секоја Википедија си има мали правила и ако БГ Вики го има тоа правило тука не важи. За да не се прекрши лиценцата се наведува референца а и текцтовите на Википедија се слободни, особено меѓу самите Бикија. Веки неме гајле, бркај работа.--MacedonianBoy 21:34, 21 април 2009 (UTC)
Во моментот случајот не е таков. Барем за цела преведена статиja шаблонт требе да седи. Малце ги прочитајте страниците за авторското право преди да пишувате. Никој нема да ви суди да тоа дека го прекршувате, не е таму проблемот. Проблемот е дека јаз го ставив шаблонот за да помогна (за да не се прекршува законот), а беше избришан најнагло против секакви правила на Википедија. Или во ова има нешто лично против мен или администрторот Бојан не е запознаен со основно правило на Википедиja. Ке го цитирам пак: Because Wikipedia is licensed under the GFDL, the translation source MUST be credited to avoid copyright violation. Што значи MUST на англиски спорет теб? --Стан (разговор) 21:35, 21 април 2009 (UTC)
Тука ставаме референци и со тоа не се крши правило зошто преведената статија не е од корисник на Википедија туку текстот е од референците, затоа се става референци. Ако нема реф тогаш има проблем а вака не. Се прави разлика тука ве молам.--MacedonianBoy 21:40, 21 април 2009 (UTC)
ПС:Translated source е референцата (текстот или мрежната страница не страната на Википедија, зошто и самата статија на Википедија не страна туку преписка или превод.)
MB, од ова што го напишува, ми става јасно дека немаш поим од ова што зборуваш. Ке ти го објаснам попросто. Ако јас напишам книга на бугарски, дам референции кон книги кои сум употребувал во книгата и ја издам оваа книга. Ти ја преведуваш на македонски, ти ли си автор на книгата? Цитатот погоре е 100% јасен, штом преведуваш, требе да наведеш "изворот на преводот"(статиЈата на која си направил превод) - не "изворите од оригиналот". --Стан (разговор) 21:46, 21 април 2009 (UTC)
Знам многу добро, реф е појасна за користење.--MacedonianBoy 21:47, 21 април 2009 (UTC)
Каков реф, дали можеш да дадеш некаков пример? --Стан (разговор) 21:54, 21 април 2009 (UTC)

Стан, сега ми е јасно - твојот проблем со Бојан бил од лична природа... --Виолетова (разговор) 22:05, 21 април 2009 (UTC)

Ништо не ти е јасно. Точно напопаки. Тој има проблем со мен. Ако овоj шаблон го беше додала ти, немаше да има и еден ред дискусија. --Стан (разговор) 22:29, 21 април 2009 (UTC)
Прибери јазикот, станува вулгарно.--MacedonianBoy 22:35, 21 април 2009 (UTC)
Нема ништо вулгарно овде, има луге кои не признават основни правила на википедија и законите за авторското право и луге кои се грижат за ова, помагајки на другите да ги разберат. Сум го учил авторското право еден семестар за магистарската ми степен и мислам дека барем основни знаниja имам. --Стан (разговор) 22:48, 21 април 2009 (UTC)
Немој да мислиш дека знаеш повеќе за авторски права од другите. Ти кажаа, текстовите не се преведени од збор до збор од англиската википедија, туку се преведени (и се видоизменети) од референците кои се приложени на англиската википедија кои ги користиме и тука. Сега јасно ти е? Прераскажување на текст не е прекршување на авторски права. -{админинстратор}-   гитардемон 12:21, 24 април 2009 (UTC)
Така јет. Но Стан продолжува да става предлошки по разговорите.--MacedonianBoy 12:23, 24 април 2009 (UTC)
Персиски леопард, en:Persian Leopard - ако ова е прераскажување, јас сум Персиски леопдард. --Стан (разговор) 12:27, 24 април 2009 (UTC)
Шаблонот, кој е по модел од англиската википедија вели "Оваа страница била создадена, целосно или делумно, како превод од оригиналната страница". --Стан (разговор) 12:29, 24 април 2009 (UTC)

+120 добри статии!

уреди

Дечки, имам добра вест! Најдобро е да ја прочитате оваа порака што беше пратена по е-пошта до мене, до Бојан и до Кирил:

Здраво администратори,

Јас сум Николче Мицкоски, меѓу другото и соработник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ по предметот преведување од англиски на македонски јазик во четврта година на Катедрата за преведување и толкување. Во првиот семестар студентите преведоа неколку книги, меѓу кои и „Слободна култура“ и „Јавен домен“, кои до крајот на годината ќе бидат објавени во дигитална верзија.

Во вториот семестар се решивме за преведување на статии од англиската верзија на Википедија. На предметниот блог ќе најдете кои статии студентите избрале да ги преведуваат (prevod4.blogspot.com).

Ви пишувам за да ви најавам дека наскоро можете да очекувате наплив на статии на македонската верзија кои најверојатно ќе го бараат вашето внимание.

Поздрав, Николче

На оваа страница е списокот со околу 120 статии кои студентите планираат да ги преведат. Поголемиот дел од статиите се релативно долги и се отприлика по нашиот стандард за избрана статија. Останува уште да ги пречекаме придонесите и, како што беше наведено во писмото, да им обрнеме внимание.

Не знам уште што да кажам... супер е ова! --Brainmachinewtf? 23:28, 27 април 2009 (UTC)

Prasanje

уреди

Sto dobivam so toa sto sum zaclenet vo wikipedia dali mozam da gi zbogatuvam stranicite i da pravam novi

Апсолутно да. Имате можност да правите статии од областите за кои сте заинтересирани, да го подобрувате и проширувате постоечките. Повелете и бидете дел од нашиот тим. Поздрав--MacedonianBoy 18:53, 30 април 2009 (UTC)

beli mugri

уреди

kako da naam pesni od beli mugri

тука--Р ашо  18:32, 3 мај 2009 (UTC)

Статии по Филозофија

уреди

Поради фактот што студирам Филозофија,ќе се потрудам да ставам многу статии по филозофија,т.е семинарските што сум ги пишувал :) мислам дека фалат статии од оваа област. Поздрав--Wikimakpedia (разговор) 09:42, 4 мај 2009 (UTC)

Нејќам да мрчам, ама те молам оставај празни места после точки и запирки во статиите.. :) Иначе тамбс ап, за статиите. поздрав Vekip8 (разговор) 10:01, 4 мај 2009 (UTC)
  • А што до сега не сум оставал празни места :) хех можеби,можеби поздрав--Wikimakpedia (разговор) 10:20, 4 мај 2009 (UTC)

Прашање

уреди

Има ли некоја категорија или специјална страна кај што ги има сите статии што се означени со „внимание“ ? зашто ако ја има, ја не успеав да ја најдам .. :( - Vekip8 (разговор) 15:20, 4 мај 2009 (UTC)

Eve gi tuka. :D--Р ашо  15:33, 4 мај 2009 (UTC)
Еве ја категоријата, тука се статии за кои е потребно внимание. Поздрав--MacedonianBoy 15:34, 4 мај 2009 (UTC)
Благодарам =) - Vekip8 (разговор) 16:18, 4 мај 2009 (UTC)

Викиизвор

уреди

Сакам да упатам една молба до сите корисници на Википедија. Кој има време и материјали за Викиизвор слободно нека помогне и таму за да го подобриме квалитетот и квантитетот на Викиизвор на македонски јазик. Инако, јас таму често уредувам во последните денови и од вкупно 406 статии (46 место на листата на Викиизвори) сега имаме 801статии и сме на 39 место. Ви благодарам.--MacedonianBoy 10:51, 9 мај 2009 (UTC)

Надворешни врски

уреди

Сакам да упатам една порака до сите корисници на Википедија поврзана со надворешните врски. Википедија не е енциклопедија да собира по статиите националистички и иредентистички надворешни врски, а уште помалку да се шири пропаганди со истите. Ќе ги замолам сите да не ставаат такви страни зошто јас ќе ги бришам сите. Поздрав--MacedonianBoy 12:51, 12 мај 2009 (UTC)

I need some help!

уреди

Hello, everybody.

I'm the translator of the article in Spanish Wikipedia Disputa sobre el nombre de Macedonia from Macedonia naming dispute, a famous dispute between the Republic of Macedonia and Greece. I'm looking for references which prove what countries recognize the Macedonia's constitutional name.

Recently, I found a press release from the Macedonian newspaper Večer (this one), but I don't understand Macedonian, just a few words. I think this press release prove that some countries (Estonia, Romania, Lithuania, Slovenia and Bulgaria) recgonize Republic of Macedonia's name. For confirm that, I really like that someone translate this paragraph into English or German too:

  • Уште многу држави ќе ја признаат ПЈРМ под уставното име, откако тоа го направи Канада. Партнерите на Грција во ЕУ (Велика Британија, Германија, Франција) една по една веќе долго време го прават скришум и тивко, она што Канада го направи гласно - пишува весникот. Катимерини потсетува дека како Македонија не признаваат, меѓу другите, Литванија, Словенија, Бугарија, Романија, Естонија, сите земји членки на ЕУ и НАТО.

After Canada, a lot of other countries will recognize FYROM under the constitutional name. Greece's partners in the EU (UK, Germany, France) are doing secretly and quietly, one after the other, what Canada did out loud - says the newspaper. Kathimerini reminds that under Macedonia we are recognized, amongst the others, by Lvia, Slovenia, Bulgaria, Romania and Estonia; all of them are EU and NATO members.

My username is Der Kreole in Spanish Wikipedia and Der Ausländer in English Wikipedia.

Thanks for your time, 200.82.198.138 (разговор) 02:05, 21 мај 2009 (UTC)

It's me again. I want to someone translate the three first lines of this article brought from Kanal 77:

Самиот факт дека Словачка ја призна Македонија под уставното име, под кое се одвива и целокупната комуникација меЃу двете земји, доволно зборува за наШиот став кон праШањето за спорт на Македонија и Грција, иако несомненое е дека станува збор за билатерално праШање кое треба да се реШи Што поскоро.

Thanks again, 200.82.198.138 (разговор) 02:54, 21 мај 2009 (UTC)

Hi! The first block of text says:

After Canada, a lot of other countries will recognize FYROM under the constitutional name. Greece's partners in the EU (UK, Germany, France) are doing secretly and quietly, one after the other, what Canada did out loud - says the newspaper. Kathimerini reminds that under Macedonia we are recognized, amongst the others, by Lithuania, Slovenia, Bulgaria, Romania and Estonia; all of them are EU and NATO members.

The second one:

The fact alone that Slovakia recognized Macedonia under the constitutional name, under which all of the communication between the countries is conducted, says a lot about our stand towards the dispute between Macedonia and Greece, even thou it's certain that it is a bilateral question which needs to be solved as soon as possible.

I hope that's helpful. Cheers, Brainmachinewtf? 11:14, 21 мај 2009 (UTC)

Perfect, is not just helpful, but useful too for me. It's really tough to understand a paragraph using a dictionary. Thank you and grüsse, 200.82.198.138 (разговор) 20:23, 21 мај 2009 (UTC)

I need help again with a block of text written in Macedonian from Večer (1) I guess Dnevnik had also released a similar press release but shorter (2). I think that paragraph is related with some countries which support Republic of Macedonia's name like Paraguay. The block of text can be seen below:

Парагвај ја призна Македонија под уставното име. На само еден ден пред почетокот на новата рунда преговори за уставното име Македонија под уставното име воспостави дипломатски односи со оваа земја. Парагвај е трета земја со која се воспоставени дипломатски односи под уставното име во последниве три месеци. Пред Парагвај, тоа е направено со Суринам и Свазиленд, а беа надградени и дипломатските односи со Канада по одлуката на Владата на таа земја да ни се обраќа под уставното име.

Thank you, 200.82.198.138 (разговор) 04:06, 27 мај 2009 (UTC)

Here you go, mate:

Paraguay recognized Macedonia under the constitutional name. Macedonia established diplomatic relations with this country under the constitutional name only one day before the start of the new round of negotiations for the constitutional name. Paraguay is the third country with whom diplomatic relations have been established in the last three months. Before Paraguay, this has been accomplished with Suriname and Swaziland, and the diplomatic relations with Canada have been upgraded since their government decided to address us under the constitutional name.

Best of luck, Brainmachinewtf? 12:23, 27 мај 2009 (UTC)

I appreciate your help and compromise with these translations. I could understand some languages, but unfortunately don't exist yet Macedonian automatic translators.

By the way, if someone understand Spanish, I recommend you to read an article written by me, Disputa sobre el nombre de Macedonia, now a feature article candidate. Thanks again, 200.82.198.138 (разговор) 23:26, 28 мај 2009 (UTC)

Предавање на Џими Вејлс во Бугарија

уреди

Ако некој сака да ja види предавањето на Џими Вејлс во Бугарија (на англиски), слободно (секако) може да го направи овде: [6]. Мислам ке биде интересна за секој википедианец. --Стан (разговор) 20:49, 15 јуни 2009 (UTC)

Стан, се надевам дека мислиш на предавање. Лекција во македонскиот се користи во смисла на лекција од книга (пример, лекција за фотосинтеза). Boyan (разговор) 20:55, 15 јуни 2009 (UTC)
Во смисла на "lecture", "speach". --Стан (разговор) 21:03, 15 јуни 2009 (UTC)

Да, соодветниот збор е предавање. Бојан (разговор) 21:06, 15 јуни 2009 (UTC)