Википедија:Селска чешма/Архива 9

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 9


Предлог, фотографии од www.build.com.mk

уреди

Здраво на сите. Ми има упаднато во очи големата оскудност на фотографии и други илустрации за македонските статии во македонската и во другите Википедии. Бидејќи на нет има вистинско изобилство, претпоставувам дека проблемот за нивна употреба во Википедија лежи во обезбедување/докажување на авторските права.

Активен сум на форумот www.build.com.mk/forum/ каде има навистина огромен број фотографии од македонските градови, села, природни убавини, културни богатства, инфраструктурата, поединечни објекти... а кои фотографии ги имаме направено неколку членови на форумот кои сме спремни да ги ставиме на располагање на Википедија. Дополнително на тоа што може да се најде на форумот, имаме плус доста необјавени материјали, а бидејќи доста се движиме со апарати во рака, би можеле и „по нарачка“ да правиме фотографии за потребите на Википедија кога ќе сме во можност.

Размислував како најефикасно би се изорганизирало сето тоа и предлагам ние на форумот да отвориме посебна нишка за комуникација со уредувачи на Википедија во која било кој уредувач би можел да го побара токму тоа што му треба и веднаш би ги добивал материјалите во оригинална чиста форма или пак доколку со такви материјали не се располага би се мобилизирале членовите дополнително да ги обезбедат.

Како ви се чини идејава?

Поздрав, Александар —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 89.205.12.204 (разговор) 02:54, 24 јануари 2009

Што да кажам? :D Навистина ни се допаѓа идејата! Доста ни се потребни слободни слики (само такви можеме да користиме) од многу места во Македонија, не само на нашиов проект, туку и на сите други јазични изданија на Википедија. Еве што можете да направите: да создаде сметка на Заедничката Ризница на Викимедија Фондацијата и таму да ги подигнувате сликите (вака ќе бидат достапни за сите проекти). Притоа да водиме евиденција на некој начин кои слики се подигнати и да ги искористуваме директно во статиите. Ќе останеме во контакт овде и ќе се договориме за деталите, а во меѓувреме можете да се регистрирате и да ја набљудувате оваа страница. Ви благодарам однапред, this looks like the beginning of a beautiful friendship! :D --Brainmachinewtf? 02:15, 24 јануари 2009 (UTC)


Mоментално на комонс се подигаат доста слики за Македонија од Фликр. Јас и колегата од бг. вики Мико работиме на тоа. Има околу 1.000 слободни слики кои се во фаза на подигнување. А ова за build.com.mk е интересно, само ни треба официјална дозвола од форумот, и ете тука е Brainmachine, па нека скоцка еден шаблон за таа дозвола и готова е работата.--Raso mk (разговор) 01:25, 25 јануари 2009 (UTC)

За тоа со дозволата ќе треба да ме упатите како да го изведеме. Инаку за подигнување не е проблем, ама целава поента ми е да разработиме канал по кој ќе може ефикасно да комуницираме што точно треба да се подигне, како целава работа би била вистински целисходна. И друга ствар, дали би можело на пример ние да ги подигнуваме материјалите во еден специјален фолдер, а потоа вашата администрација да ги распоредува во фолдери каде што припаѓаат, затоа што вие најдобро ја знаете стуацијата тука. 89.205.12.204 (разговор) 02:20, 25 јануари 2009 (UTC)

Оваа иницијатива е интересна и извонредно корисна. Пред извесно време германската федерална влада отстапи на викимедија фондацијата огромен број (околу 100.000) на фотографии во дигитална форма под Creative Commons Attribution ShareAlike 3.0 Germany License (CC-BY-SA). Подигнувањето на овие слики е во тек на Заедничката ризница.
Мој совет е сликите кои сте подготвени да ги споделите да ги подигнете директно во заедничката ризница каде ќе можете да изберете и соодветна лиценца (препорачливо некоја лиценца компатибилна со CC-BY-SA), да ги категоризирате и да им дадете детален опис. Препорачливо е називот на податотеките да биде описен, пример: Мостот_на_Црн_Дрим_Струга.jpg, а не од типот DSC0001.JPG. Отворете ваша корисничка сметка на Заедничката ризница и започнете со подигнување. Сите подигнати слики на Заедничата ризница се достапни на било кој викимедија проект (википедија, викиречник, вики...). Со тоа ќе направите големо дело.--brest (разговор) 02:57, 25 јануари 2009 (UTC)

Гледам дека има други важни прашања во моментов, но сепак дали би можел некој да ми каже како ќе оди тоа со лиценците и тој шаблон за дозвола за да можам пробно да подигнам неколку фотки. 89.205.12.204 (разговор) 19:26, 28 јануари 2009 (UTC)

Прво ни треба официјална дозвола од сајтот за користење на сликите. Тоа би изгледало вака: Ние сопствениците на сликите од сајтот Build.com.mk даваме целосна дозвола за користење на нашите слики на википедија под ГНУ лиценцата за слободна документација. Ако сте сопственик на некои од фотографиите подигнувајте директно тука,но прво потребен е акаунт. --Raso mk (разговор) 20:11, 28 јануари 2009 (UTC) Р.Ѕ. Мислам дека Гитардемон е активен на овој сајт па очекувам да помогне за оваа ситуација

Тешко дека ќе обезбедиме дозвола од сите членови (ако ништо друго затоа што некои се имаат и деактивирано), па не би можеле да дадеме една таква генерална дозвола, но во моментов составувам список на оние што сакаат да учествуваат, па ако би можеле да изведеме нешто врз база на него? Сепак токму активните членови имаат направено најголем дел од фотографиите така да ова не би било голем хендикеп во однос на количеството на потенцијални материјали кои би биле достапни. Друг проблем за директно преземање е жигот кој премина во пракса. Претпоставував дека на Википедија не смее да оди со жиг. Ако тоа не е случај тогаш работата се упростува, можете и самите веднаш да земате фотки кои ќе ви фатат око, но во спротивно ќе треба да ни биде посочена листа на фотографии кои ние би ги подигнале на Википедија во оригинална форма без жиг. Ќе бидам во контакт и со гитаро 89.205.12.204 (разговор) 20:34, 28 јануари 2009 (UTC)

Ама без дозвола значи дека секој сопственик на слика мора сам да ја подига на комонс и да наведе дека тој е сопственик. Јас на пример неможам да подигам во друго име и да напишам дека сопственикот ми дал дозвола. Теоритски да, но немам доказ. Мора да направиме некој список на корисници од форумот и некои слики на википедијава и да упростиме работа.

А за жигот, ако мислиш на воден жиг како датуми и сл. не е проблем. Да нема само адреси и сл. Ако има и ако се во аголот и се мали, може и да се исече. --Raso mk (разговор) 20:43, 28 јануари 2009 (UTC)

Бидејќи сум активен и на тој форум, можам веројатно да помогнам. Инаку нема потреба од создавање на шаблон за дозвола, бидејќи сопствениците на сликите се согласуваат да ги отстапат правата за користење, т.е. тие да бидат слободни. Иако попаметно би било да имаат авторски права, бидејќи многу од нашите медиуми крадат слики кои не се слободни (го сечат жигот и ги ставаат такви), а никаде не наведуваат од каде ги зеле.

--√ гитардэмонговори со мной √ 21:25, 28 јануари 2009 (UTC)


Во изминатово време комунициравме со Brainmachine и разјаснивме некои работи: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=534

Ве повикувам сите да почнете да го користите изворов.

Тие што нема да имаат потреба од чести и поголеми „нарачки“ можат да ја задржат комуникацијата тука и да одат посредно преку мене, brainmachine или гитардемон. Оние пак кои би правеле поголеми нарачки нека се регистрираат на форумот и нека ја користат оваа нишка: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=539

Само не ми е јасно каде ќе се одвива разговорот и евиденцијата тука на википедија. Ќе продолжи ли на ова место?
BuildMk (разговор) 04:38, 14 февруари 2009 (UTC)

  • Ако сакате да комуницирате со нас за технички прашања, слободно прашајте тука;
  • Ако ние сакаме да комуницираме со вас за технички прашања ќе ја користиме оваа нишка од build.com форумот;
  • За барања за слики, корисниците на Википедија ќе ја користат страницата Википедија:Барања за слики (наскоро ќе биде средена).
Ако сакате, ќе можете да ја набљудувате таа страница или ние да ги пренесуваме порачките од овде на посебна нишка на build.com форумот (како што дискутиравме таму). Кое е полесно? --Brainmachinewtf? 19:28, 16 февруари 2009 (UTC)
Тешко дека сите што на форумот се приклучија на иницијативава (а се надевам дека со време ќе има уште доста такви) редовно ќе ја следат страницата овде, па ќе мора неколку души да бидеме гласници. Мислам тоа не е проблем ниту ќе зема многу време. Ако долгорочно побарувањата добијат голем обем (што би бил супер исход) со искуството што ќе го имаме до тогаш секако дека ќе може нешто да смениме и прилагодиме. Сега за сега мислам дека е најважно да тргне работава макар и скромно и да бидат поставени темелите, како би се дало шанса со време да расне и да дава се подобри резултати. BuildMk (разговор) 19:54, 16 февруари 2009 (UTC)
Ок, се согласувам, ќе работиме по системот на гласници - воопшто не е проблем. --Brainmachinewtf? 20:14, 16 февруари 2009 (UTC)

Известување

уреди

Мало известување, ја поминавме и исландската Википедија. На 53 место сме. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 15:48, 31 јануари 2009 (UTC)

По бројот на статии, но не и по длабочина и по број на уредувања (ова особено сме назад). Поздрав! ;-) --FlavrSavr (разговор) 16:34, 1 февруари 2009 (UTC)

Викимедија-Македонија

уреди

Сакам да ве известам дека за употреба на зборот Македонија и некои модификации од него (на пр.македонско, Македонци и сл.) во името на еден регистриран субјект, потребно е да се добие посебна дозвола, а мислам дека и треба да се плати одреден износ. Тоа може да биде проблем, но се надевам дека нема да има големо влијание во нашата решеност да ја формираме организацијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:33, 5 февруари 2009 (UTC)

Дозвола? Од кого? Од Бакројанис ли :)? ArlekiN (разговор) 14:42, 20 март 2009 (UTC)

Едитирање на наслови

уреди

Здраво на сите, Нов сум тука, и при креирањето на страната Коце_Трајановски, презимето се појавува со мали букви. Доколку може некако да се смени, да биде според правопис. Или да ми кажете како да го сменам тоа. Мислам на оној момент кој што се појавува најгоре на страната а и стои во лентата на прелистувачот. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Tonchie (разговорпридонеси) 19:48, 7 февруари 2009

Добредојде, Tonchie. Кога една страница е создадена под определен наслов (Коце трајановски), за да се смени насловот на таа страница (Коце Трајановски), потребно е страницата да се премести. Најгоре во табовите (уреди, разговор, историја) имаш и таб „премести“ кој ја извршува оваа функција. Само кликаш таму, во полето „нов наслов“ го впишуваш новиот наслов, во „Причина:“ кратко велиш дека е направена грешка (или која и да е причината за менувањето на насловот) и кликаш „премести страница“. --Brainmachinewtf? 16:34, 8 февруари 2009 (UTC)

Петиција за тргање на обрската за обавезно коментирање на промените во полето под прозорецот за уредување

уреди

Нов сум тука, можеби не би требало веднаш да се жалам, ама ми засмета тоа што морам постојано да коментирам во полето под прозорецот за уредување. Можеби има смисла тоа при уредување на статии, но во страници за разговор? Не гледам некоја голема смисла. Од разговорот со некои други корисници заклучив дека на повеќето од нив тоа им смета, но поради бирократскиот однос на одговорните немало шанса оваа состојба да се промени. Јас ја потегнувам оваа петиција, па ако мнозинството одлучи поинаку, бирократите да мора да ја почитуваат одлуката.

   --Mile km (разговор) 20:51, 7 февруари 2009 (UTC)

Википедија не е место за петиции, бидејќи не може сѐ да се стори со гласање. Подобро е да има разговор.
Јас мислам дека наместо да има прозорец што нѐ втерува да ја опишуваме промената, да има прозорец што вели „Дали сте сигурни дека не сакате да оставете опис“ или нешто слично. За статиите, принуден опис е прифатлив, но сфаќам што вика Миле дека не е толку битно да има опис за коментар. Балканец What man, what? 02:07, 8 февруари 2009 (UTC)
Ако и може да разберам некакво незадоволство околу обврската да се ставаат описи на уредувањата, не можам, а да не се изначудам како тоа се класифицира како тортура (инаку проблемот се решава ако двапати се стисне на ОК), и како повод за изјави од типот бирократски глувци, слушнете го гласот на народот, да му стегнеме една интерпелација (!?), долу бирократија и клептократија! (мислам, сериозно, клептократија? :D). Миле, јас ќе ти предложам, малку да оладиш, па после може да почнеш да сериозно да си го корегираш односот, и се надевам дека во некоја точка ќе видиме конструктивен придонес од твоја страна. А ако повеќе се интересираш за флејмерски крстоносни војни, би ти препорачал нив да ги бараш на некое друго место, не на Википедија. --FlavrSavr (разговор) 04:27, 8 февруари 2009 (UTC)
Поздрав за FlavrSavr и за коректното означување на зборовите на кои не им е место на Википедија.
Инаку, и мене внесувањето на коментарите ми е досадно, ама спремен сум да ја користам таа технократска тортура... Упс! Употребув погрешен збор!  :-) Знам дека тој детал некои корисници ги одвратува од вандализирање и затоа треба да остане.
Што се однесува до Mile km го повикувам да ни се придружи да креира и уреди некоја страница на нашата заедничка Википедија. Верувам дека тогаш ќе му стане јасно дека работи за какви тој зборуваше во својата порака не се и никогаш нема да бидат дел од Википедија.
Добре дојде Mile km. Сметаме на тебе.
Поздрав, Wikimk (разговор) 05:38, 8 февруари 2009 (UTC)
Јас навистина се залагам за давање на описи на промените и имам спомнато веќе неколку пати кои се придобивките од тие описи. Бидејќи пред предупредувањето скоро никој не оставаше описи на овој проект, мислам дека неговата имплементација сепак имаше некаков ефект. Точно дека е досадно да се опишува, но е обрвска која треба да ја почитуваме. За страниците на разговор — доволно е да се стави еден + во описот и проблемот е решен. Доколку сите се согласувате, ќе го тргнеме прозорчето и ќе пристапиме кон алтернативни методи на потсетување за опишување на промените — директно на страниците на корисниците со упорни шаблонски известувања. Тоа е мојот предлог. До Mile km: мислам дека нема потреба од опишување на целава ситуација како „тортура“, „бирократија“, а пак мене како „будала го направила ова“. Не е доволна една „интерпелација“ за да си ја „свиткам бирократската опашка“ — јас сум на овој проект како волонтер, не добивам никаква плата, ниту пак бенифиции, ниту пак ми расте некој орган ако се обидувам да ги тероризирам корисниците и да владеам над нив. Никој не може да владее над никого, а секој треба да има почит кон секого. Јас ја поставив пораката со најдобра можна намера. Ако нешто не ти се допаѓа, кажи го тоа учтиво. Овде сите одлучуваме заедно. --Brainmachinewtf? 16:56, 8 февруари 2009 (UTC)

Мене воопшто не ми смета прозорчето за внесување промени. Ако ги ставиш - добро, ако не ги ставиш - пак добро, ништо страшно не се случува... --Виолетова (разговор) 17:07, 8 февруари 2009 (UTC)

Слики vs. Датотеки

уреди

Бидејќи именскиот простор „Слики:“ не содржи само слики, туку и други мултимедијални содржини, целиот именски простор со најновата верзија на MediaWiki беше споен во еден именски простор „Датотека:“ (англиски: file, кај нас е Податотека:, но ќе гледаме да го поправиме, оти првиот термин е поправилен). Дали е логично сите натамошни категории да ги преименуваме од Категорија:Слики за бришење во Категорија:Датотеки за бришење (и други слични примери). Ве молам за мислење, оти итно морам да создадам некои нови категории, па да знам што да правам. Јас лично се залагам за преименувањето, слики --> датотеки. --Brainmachinewtf? 17:04, 8 февруари 2009 (UTC)

 Ок Ок, бидејќи веќе 4 дена не добивам никакви коментари, ќе продолжам да ги именувам категориите со терминот „датотека“. --Brainmachinewtf? 00:02, 12 февруари 2009 (UTC)
That's quite en:WP:BOLD of you ;) Балканец What man, what? 03:03, 12 февруари 2009 (UTC)

Не се ова два исти предлошки!?

уреди

Забележив сосема случајно, и видов дека ова се два исти предлошки, Предлошка:Википедија начела и насоки и Предлошка:Принципи и напатствија. Може еднаш да се решиме како ќе ги преведуваме, policies и policies . Најчесто policies е преведувано како принципи, а guidelines како напатствија, но во некои случаи ова не е вака, ве молам веќе еднаш сите да се држиме до едно и да работиме така. И некој нека види со предлошкиве. --Макс(разговор) 16:02, 9 февруари 2009 (UTC)

Хахахаха, се чудев каде го загубив тој првиот шаблон :D Ете кај бил! Вака, првиот шаблон е застарен и преголем, вториот е пократок и поправилен. Првиот ќе го пренасочиме кон вториот. Долго време се водеше дискусија како да ги преведуваме термините policies&guidelines, порано беа „начела и насоки“ (но тоа е сега застарено и непрактично), а денес дефинитивно насекаде користиме policy=принцип, guideline=напатствие, convention=конвенција (овие термини по долг период на еволуција се задржаа како најбуквални преводи). Секаде каде што е „начела“ или „насоки“ или „правила“ или „политики“, тоа се сѐ остатоци од бившиот режим и евентуално ќе бидат променети. --Brainmachinewtf? 21:47, 9 февруари 2009 (UTC)

Датотека vs. Податотека

уреди

Ве молам за една мала анкета: кој термин да го употребуваме за англискиот „File“ — датотека или податотека? Јас лично се залагам за датотека, оти тоа е најстандардниот превод кој се користи и при локализација на софтвер на македонски — така е преведено file во сите програми кои некогаш сум ги видел (како за пример - Mozilla Firefox, GIMP, Ubuntu оперативниот систем, BitTorrent клиентот и многу други). Ајде да ја разрешиме оваа дилема веќе еднаш! --Brainmachinewtf? 20:45, 3 март 2009 (UTC)

Зар повторно ќе треба да водам монолози? Ве молам за изјаснување! --Brainmachinewtf? 10:50, 9 март 2009 (UTC)
Јас имам македонска верзија на Windows и File e преведено како датотека. Јас сум за датотека. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 15:11, 9 март 2009 (UTC)
 Ок Ок, по минати 4 недели без никаков интерес за оваа дискусија ќе одиме конечно со датотека. Fin. --Brainmachinewtf? 16:07, 29 март 2009 (UTC)

<nobr></nobr>

уреди

Здраво на сите. Дали на Википедија постои нешто што е аналогно на т.н. non-breaking space таговите во ХТМЛ?
Благодарам за одговорот. Поздрав, Wikimk (разговор) 20:07, 8 март 2009 (UTC)

--brest (разговор) 20:45, 8 март 2009 (UTC) nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr nobr

Благодарам. :-) Поздрав, Wikimk (разговор) 20:51, 8 март 2009 (UTC) Wikimk (разговор) 20:51, 8 март 2009 (UTC) Wikimk (разговор) 20:51, 8 март 2009 (UTC) Wikimk (разговор) 20:51, 8 март 2009 (UTC) Wikimk (разговор) 20:51, 8 март 2009 (UTC)

Зрр и правило за користење јазици

уреди
Нема 3рр правило на македонската Википедија. Ако сакаме да се создаде тоа по урнек на англиската, треба да разговараме прво дали треба воопшто да има такво и ако има потреба да се направи едно правило. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 22:58, 8 март 2009 (UTC)
Правилото не им ја дава слободата на уредувачите да вратат една страница трипати секој ден и да се извлечат без последици. Тоа се нарекува искористување на системот — нешто слично на наоѓање на правни дупки. Прочитај en:WP:GAME, за тоа зборувам. Администраторите можат да блокираат уредувачи за уредувачко војување кое не го почитува правилото, без разлика на временскиот рок ако се прави неконструктивен придонес. Ти направи шест враќања! Што ли си мислеше? --Brainmachinewtf? 23:04, 8 март 2009 (UTC)
P.S. - Дефинитивно има потреба од вакво правило за да се спречат вакви уредувања. Треба заедно да формулираме многу правила за да ги доведеме девијациите до минимум и прецизно да знаеме како да постапиме во дадена ситуација. --Brainmachinewtf? 23:11, 8 март 2009 (UTC)
Едно од правилото што сакам да го направам (со сите вас) е правилото за 3рр и правило за користење на јазици на македонската Википедија. Овие две се неопходни за нормално функционирање, а особено второто за да разговорите бидат разбирливи. Поз--MacedonianBoy (разговор) 23:13, 8 март 2009 (UTC)
Јас би сакал да упомена дека во латинската Википедија сви језици су дозволени во страниците за разговор, а во основното пространство - само латински. И много добре работи, зато што там немци си пишуват на немски, французи на французски, но во основното сви пишуват на латински. Но не е просто да се пишува на латински во pазговорот. Ово е убав пример за свобода и ја би предложил сви словенски језици да се приемат за разрешени, и руски, a не само (као MacedonianBoy ми е писал на разговорот) основниот језик и енглески. Ја би се радувал, зато што ви, кога видите бугарски, и не сте доволни, а со рускиот сите ке сме доволни, сте согласни? Само ви молим, секоj словенин како словенин треба да учи руски, а потоа енглески, зато прво руски. Потребител:Bogorm (разговор) 23:22, 8 март 2009 (UTC)
Како прво на англиската Википедија не е дозволено да се користи друг јазик освен англискиот, само англискиот. На корисничка страна можеш да користиш друг јазик, но не секаде и не на страни на разговор. Како второ не зборуваме за писма, македонската кирилица е користена исклучиво. Над 40% во Македонија разбираат англиски јазик и верувам дека е тој процент присутен и кај останатите држави како и во Бугарија иако тврдиш дека рускиот е лингва франка. Ќе поднесеме барање да се воведе руски јазик во образованието во Македонија и пошироко иако одамна јазикот го изгуби својот примат :) Ова е македонска Википедија и единствен јазик е македонскиот. Ако тој факт не ви се допаѓа не можам да ви помогнам. Се извинувам, тоа е ќе морате да одите на руската Википедија за да пишувате на руски јазик. Поздрав и нема повеќе недоразбирања, така?--MacedonianBoy (разговор) 23:28, 8 март 2009 (UTC)
Јас век пишем во рускиот Викисловарь, немаше нужда да ме советуваш. Јас не сам сакал да обсуждам основното пространство, где све е по вашите правила, тек разговорите ко него и ко корисниците. За разговорите со корисниците све треба да е свободно според тоа какви езици корисниците са турили на свoјата страница, зато сам прашувал само за разговорите ко чланците, зашто тамо не треба да има руски? Мислиш ли дека може да има англиски тамо? Ако да, какав друг език да има освен него? Англиската Википедија е американска работа, не би сакал пример от там, овде е Европа, треба според немската или руската или френската. Потребител:Bogorm (разговор) 23:36, 8 март 2009 (UTC)
Матична земја на англиски јазик е Обединетото Кралство, добро да се прочита географија по нешто. Македонски јазик е за севкупна употреба а англиски јазик за корисници што не знаат македонски а сакаат да разговараат за некои теми. Ти очигледно си во втората група и Ве молам користет англиски јазик бидејќи не ви се разбира ништо што пишувате. --MacedonianBoy (разговор) 23:39, 8 март 2009 (UTC)
Дискусијава за јазиците преместете ја на друго место. Инаку: на страниците за разговор на овој проект се пишува на македонски јазик. Нема други официјални јазици. Ако тоа не е возможно (ако некој не разбира македонски, но има нешто да каже во врска со проектот) може да се комуницира на еден од јазиците кој другиот уредувач (оној кому му се обраќаме) го разбира. Јазиците кои еден корисник ги разбира се наоѓаат на неговата корисничка страница и се претставени преку вавилон системот. Јас на пример, имам елементарно познавање од бугарскиот јазик (оти тој сепак е во истата јазична група со македонскиот - јужнословенските) и го разбирам Bogorm, но не и до детаљ. Бидејќи скоро сите уредувачи овде имаат елементарно познавање на англискиот јазик, а и воопшто на интернетов е најраспространет јазик, одлучуваме тој јазик почесто да го користиме за комуникација со корисници кои не разбираат македонски. --Brainmachinewtf? 00:06, 9 март 2009 (UTC)

Можеби треба ова да се мрдни до селската чешма. Инаку, Богорм, секоj словенин како словенин треба да учи руски!? Не знам ако во Бугарија верувате во таков Империски/Советски булшит, ама тука ние сме попаметни. Прво се жалиш за „слобода“ а во исто време сакаш да им кажеш на сите Словени кој јазик „треба“ да го учат? Ајде престани. Зошто да не полски (со најинтересниот правопис и најинтересните самогласки) или чешки (со најпаметниот правопис и најинтересната согласка ř), а баш *руски* (со најчудното акцентирање и заради тоа најкомплицираниот правопис од сите словенски јазици)? За другите светски јазики, да кажувам нешто што изгледа имаат заборавено другите. Најголемите групи на луѓе што ја употребуваат оваа македонска википедија се 1) луѓе во Република Македонија, и 2) македонската дијаспора. Најголемиот дел на македонската дијаспора живеат во САД, Канада и Австралија. Не сум сигурен, но ми кажал некој дека во тие држави, службениот јазик е англискиот. Значи има корисници и читатели на кои нивото на англиски им е многу високо, понекогаш и повисоко од нивното ниво на македонски. Ако имаш некаква потреба да зборуваш со мене, пишувај на француски ако сакаш, што ми е гајле. Ако сакаш да зборуваш со MacedonianBoy, пробај на албански (ако тој би дозволил). Ама најнормалното нешто тука на македонската википедија е да се употребува македонски. Ако има некој случај каде не може да се употребува македонски, најидеално е да се употребува англиски. Ако си тврдоглав и не сакаш да употребуваш ниту еден од нив, па бегај. Балканец What man, what? 08:01, 9 март 2009 (UTC)

narodni instrumenti

уреди

 ВП:БЗК#Народни инструменти
Прашањето и одговорот се преместени овде. (14:40, 17 март 2009 (UTC))

Предлог за една иницијатива.

уреди

Имам еден предлог кој мислам дека ќе биде од големо значење. Размислував идејава да ја предложам прво на Кирил дека тој навистина има изработено доста иницијативи но мислам дека е подобро вака за да сите го дадат своето мислење. Мојата идеја е дека ни се потребни повеќе предлошки од типот на шаблонот Внимание. Имаме многу „расипани“ статии кај кои проблемот не може да се опише само со шаблонот внимание или шаблонот викифицирање. Дали може да направиме некоја иницијатива со која ќе бидат сите потикнатти да почнат да ги преведуваат таквите предлошки. На сите ви препорачувам да го погледнете линков. Значи не велам да ги преведеме сите, не затоа што се многу туку затоа што некои навистина не ни се потребни. Како на пример, имаме некоја статија за некој филм или книга која е одлично обработена, што значи користење на литературни зборови, викифицирана е итн. Но синопсисот е премногу долг, навлезено е во детали кои навистина се непотребни иако се убаво и со литературни зборови напишани. Затоа ако го имавме соодветниот шаблон ќе се знае дека статијата е во ред но треба да се намали описот на филмот или книгата. Следно би ја споменал статијата за Тоше Проески, која има многу информации и е добро обработена, НО во статијата е покажан голем фаворизам кон пејачот. И јас го почитував Тоше и го сакав како пејач и мене ми падна жал за неговата смрт, но покрај се ова е енциклопедија и луѓето ќе сакаат да дознаат поконкретни информации околу неговиот живот без многу детали за тоа дека тој бил ангел. Цитирам еден дел од неговата статија, самиот почеток, „Тодор „Тоше“ Проески беше најпопуларниот пејач од...“, ова не е во никој случај енциклопедиско! Голем број на пати се употребувани епитетите од видот на „најпопуларниот“, „најпознатиот“, „најдобриот“ и реченици како, „тој беше нашиот ангел“, „сите го сметаа за најдобар“. Во овој случај би ни служел шаблонот за покажување фаворизам кон одредената личност или дело. Потоа шаблонот доста користен од англиската википедија за статиите со т.н. „in-universe style“. Овој термин највеќе се користи за статиите поврзани со некое измислено дело, работи кои потекнуваат од некое измислено дело, како ликовите од тоа дело, некои важни локации итн. Знам дека во глобала преведуваме од англиската Википедија и дека ако таму е во ред и кај нас е! Но, за жал мораме да гледаме и на можноста на тоа дека некои корисници сакаат да направат своја статија, со што не кршат ниту едно правило. Се надевам дека се согласувате со мене и дека ќе превземеме нешто. Исто така знам и дека имаме и други предлошки покрај шаблонот внимание и викифицирање, како шаблонот за неутрална гледна точка итн. И за крај исто така би пордложил и да отвориме статија која би била еквивалент на горе споменетата статија. И со помош на иницијативата исто така и да најдеме начин на кој новите корисници полесно ќе дојдат до овие предлошки. --Макс(разговор) 14:54, 22 март 2009 (UTC)

Идејата е добра, но мислам дека постоечките предлошки многу малку се користат, па уште повеќе предлошки ќе бидат неупотребливи. Добро е секој шаблон на различен начин да објаснува за што треба да се поправи статијата. Но, проблемот е што многу корисници се плашат од ваквите предлошки и од средувањето на ваквите статии, бидејќи обично статиите бараат многу работа. Исто така, мислам дека најдобро решение е во шаблонот внимание да наведеме кои работи треба да се поправат во статијата. Користењето на поединечни предлошки е добро, но да не претеруваме, бидејќи не верувам дека некој ќе се заинтересира какви предлошки за поправање на статиите имаме. Јас мислам дека голема работа ќе вршат шаблонот викифицирање, поправка на литературни и правописни грешки и додавање на мултимедијална содржина, а шаблонот внимание да ги обединува овие работи.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:37, 22 март 2009 (UTC)

operiran sum od carcinom na zeludnik pred 4 meseci imam problem so ishranata. sto treba da jadam i kolku.ostranet mi e 3/4 od zeludnikot. baram sovet —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 89.205.27.53 (разговорпридонеси) 22:46, 22 март 2009

Овде не е симпозиум на лекари, но ви молам да пишувате на кирилица, ово е нашата азбука, тоа не е српскохрватски јазик да се пишува на едно место на латиница, а на друго на кирилица... Потребител:Bogorm (разговор) 08:34, 24 март 2009 (UTC)
Bogorm, не биди груб со новодојденците, не ти прилега да се однесуваш како да си ти експерт, а другите глупави. Човекот можеби немал кирилична поддршка, или вие во Станке Димитров имате магичен трик за кирилична поддршка? -{админинстратор}-   гитардемон
Леле, од кога станаве дијагностичари! Нема врска! Значи бидејќи само Кирил се одзва на дискусијава на него и ќе му се обратам. Значи, Кирил потполно се согласувам со тебе. Но имам еден предлог. Дали можеш да отвориш една страна која ќе биде еквивалент на англиската. Каде ќе бидат поставени споменатите предлошки. Дека навистина и јас незнам кои предлошки ги имаме! И доста се тие 5 до 6 предлошки кои ги наброја, ако некои други предлошки навистина се потребни јас ќе ги додавам. --Макс(разговор) 09:17, 24 март 2009 (UTC)
Да, таква страница може да се направи и ќе се обидам што поскоро да ја уредам.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:12, 25 март 2009 (UTC)
  • Му укажав помош на господинот погоре со тоа што му посочив некои добри извори на информации на македонски јазик. Што се однесува до гореспоменатава идеја, се согласувам со нејзината полезност - и самиот сум размислувал за таков проект за средување. Доколку Макс смета дека можеме да покренеме доволно голема инцијатива која ќе ги мотивира уредниците да средуваат страници, тогаш ајде, да разгледаме како сето тоа да го организираме. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 09:53, 24 март 2009 (UTC)