Wikimakpedia
Почетен курс за Википедија
|
Wikimakpedia, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!
Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 147.593 статии.
Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:
- Википедија, опис, организација и историја на проектот
- Петте столба на Википедија
- Почетен курс, што треба да знаете и како се користи (за повеќе детали погледнете ги врските од десно)
- Слики, начин на подигнување и вметнување во статиите
Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).
Сопствената корисничка страница (Корисник:Wikimakpedia) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.
Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!
Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.
Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.
If you do not speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.
Поздрав, MacedonianBoy, 18:10, недела, 24 ноември 2024
Статиите
уредиБраво за статиите за Франција, keep up going. Поздрав--MacedonianBoy 12:56, 14 април 2009 (UTC)
Фала поздрав и до тебе:) --Wikimakpedia (разговор) 01:36, 25 април 2009 (UTC)
Секоја чест
уредиСекоја чест за Вашите придонеси. Навистина и јас сум импресиониран од Вашата голема желба за уредување. Затоа Ви ја доделувам наградата за неуморни придонеси во врска со Франција:
Француска ѕвезда за напорна работа | ||
Јас, Корисник:Kiril Simeonovski, Ви доделувам Вам, Wkimakpedia, француска ѕвезда за Вашата напорна работа и за Вашиот огромен придонес за создавање нови статии поврзани со Франција. Само напред!--Kiril Simeonovski (разговор) 13:48, 19 април 2009 (UTC) |
Фала за ѕвездата ,поздрав .. --Wikimakpedia (разговор) 12:15, 25 април 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, Wikimakpedia! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
Со цел да се зголеми бројот на квалитетни статија на Википедија на македонски јазик, на 1 февруари беѓше покрената иницијатива за уредување на поквалитетни статии. Некои од статиите коишто Вие ги уредивте веќе се наоѓаат во порталот. Разгледајте ги убаво статиите во порталот за да видите отрпилика со какви статии се пополнува порталот и би Ви препорачак во иднина Вашиот труд преточен во квалитетна статија да го искористите за пополнување на порталот. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:48, 19 април 2009 (UTC)
Некои забелешки
уредиЗдраво! Сакам да ти кажам да внимаваш на некои работи (не дека не внимаваш, ама да те потсетам) :) на ситници од типот на наводници, запирки, децимали и сл. Значи секогаш труди се да ставаш македонски наводници, да ги одделуваш илјадарките со точки, а децималите со запирки, и да ставаш надредни знаци на буквите на кои им треба такво нешто (сите овие работи ги има во алатникот долу). Не за друго, гледам дека во последно време уредуваш најмногу од сите, а јас сè нешто изигравам полиција-контрола :) па така морам да ги проверувам правописните грешки бидејќи некако никој во последно време не обрнува внимание на нив. Затоа, да те замолам однапред да внимаваш (не велам дека не внимаваш) бидејќи твоите придонеси се најобемни во последно време и така. Исто така повеќе внимание обрни на некои грешки од типот што порано ги имавме поради буквален превод од англиски, пример Битола се наоѓа во Битола општината, што е чудно. Поздрав! -{админинстратор}- гитардемон 19:38, 24 април 2009 (UTC)
ОК,прифаќам грешка.Ќе пазам повеќе во иднина:). Поздрав Викимакпедиа --Wikimakpedia (разговор) 01:30, 25 април 2009 (UTC)
- Што се однесува до забелешките, имам и друга :) Јас (а и сите) пишува(в)ме на пр. Јануари 2006 проценка (од англиското Jan 2006 est), но очигледно е многу грешно би требало да биде проценка од јануари 2006. Припази на таквите работи бидејќи кога преведуваме од англиската википедија се случуваат чудни работи во синтаксата на речениците, да не речам си го огрдуваме јазикот. Инаку обично одговарам на мојата корисничка страница, но ете штом веќе ти пишувам со додавањето на инфокутијата за комуна или град во Франција, статијата не се додава автоматски кон категоријата, затоа треба рачно да ја внесуваш категоријата [[Категорија:Градови во Франција]] (ако ти беше тоа прашањето воопшто, не сум сигурен дали тоа сакаше да ме прашаш). Поздрав! -{админинстратор}- гитардемон 16:34, 28 април 2009 (UTC)
Моето мешање по статиите
уредиСе надевам дека не Ви пречи моето мешање во статиите што ги уредувате, чепак технички работи, категории, интервики и мало средување. Ако ви смета слободно кажете, инаку ви олеснувам работа со тоа што не ставате интервики на англиската статија и на нашата и ви отворам нови категории. Поздрав--MacedonianBoy 13:20, 25 април 2009 (UTC)
ОК нема проблем,тенкс за исправките,не пречи воопшто, --Wikimakpedia (разговор) 13:38, 25 април 2009 (UTC) Поздрав
Поздрав...
уреди... и до тебе. Нешто се прашувам себе си, дали и ти си дел од листата на блогот? Поздрав--MacedonianBoy 23:22, 29 април 2009 (UTC)
Награда
уредифала MacedonianBoy :) Поздрав --Wikimakpedia (разговор) 14:04, 1 мај 2009 (UTC)
- Само мал совет, ако ставаш никулец, ставај го на крај од текстот, поестетски е. поздрав--MacedonianBoy 11:13, 30 април 2009 (UTC)
Google Earth
уредиСтатијата треба да биде во оригинално име, во овој случај англиско. Поздрав--MacedonianBoy 18:20, 2 мај 2009 (UTC)
Готово, средено е. Некоја мала грешка имало но сега е ок. Поздрав--MacedonianBoy 12:48, 6 мај 2009 (UTC)
Фала. Поздрав --Wikimakpedia (разговор) 13:37, 6 мај 2009 (UTC)
- Што се однесува на таа статија, и на неколку други кои ги пишуваш, обрни внимание на интерпункцијата, особено на празното место после точки, запирки и слично. Задолжително се остава празно место после точка, запирка, две точки итн. итн. знаеш... keep up the good work! -{админинстратор}- гитардемон 14:34, 8 мај 2009 (UTC)
Никулец
уредиЗдраво Викимакпедија. Сакам само да ти посочан никулецот во статијата да го ставаш најдолу, поестетски е. Поздрав--MacedonianBoy 14:40, 11 мај 2009 (UTC)
Одделување на многу статии од главниот именски простор
уредиВидете Википедија:Селска чешма (Идеи) за дискусија многу слична со онаа кога имавме проблем со избраните статии на главната страница кога тие архивираните се броеја како засебни статии. -{админинстратор}- гитардемон 11:02, 26 мај 2009 (UTC)
Викисредба, 20 јуни
уредиWikimakpedia, вашите придонеси можеби на некој начин помогнаа да се подобри Википедија на македонски јазик. Ве информираме дека во сабота, 20 јуни, ќе се одржи викисредба на која е добредојдено вашето присуство. За повеќе детали околу терминот, локацијата и начинот на пријавување на викисредбата погледнете тука. Поздрав. --Brest-bot (разговор) 07:37, 16 јуни 2009 (UTC)
Викимедија Македонија
уредиЗдраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:11, 6 август 2009 (UTC)
Вики средба
уредиЗдраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:05, 24 август 2009 (UTC)
Здраво. Ќе Ве замолам ако може после секоја новоуредена статија, на страницата за разговор да го додавате шаблонот страница за разговор (Видете го насловот на оваа секција). Со, тоа поставувате стандарди и правила, кои треба да се почитуваат при водењето на дискусија на страницата. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:31, 25 септември 2009 (UTC)
Поздрав од БГ Вики
уреди- Wikimakpedia, благодарам за уредуването ви на страницата на Никола Карев: [1] и [2]. Гоце Делчев вели: "јас го разбирам светот единствено како поле за културен надпревар мег'у народите." За жал тој надпревар веке сте го загубили. Поздрав! --Подпоручикъ (разговор) 09:32, 27 мај 2010 (CEST)
Лидери по година
уредиЗдраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:31, 12 октомври 2010 (CEST)
10 години Википедија
уреди Здраво, Wikimakpedia! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
Покана за Вики средба
уреди Здраво, Wikimakpedia! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес не е достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:49, 10 јули 2012 (CEST)