Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Среде природните убавини на планината Цоцан во близина на Кичево, манастирот „Пречиста - Кичевска“ се издигнал како дом на Богородица, посветен на светото Благовештение. Кон средината на XVI век, монашкото братство од овој манастир станало вистинска утеха и крепост за напатениот народ кој страдал под тешкото османлиско ропство. Гласот за нивната слава и духовна сила допрел и до злонамерните Агарјани, па тие на 27от ден од месец март, 1558летоГосподово, со сета своја јарост се упатиле кон светата Богородична обител. Браќата заедно со присутните мирјани, биле собрани, како и обично, во храмот на заедничка Литургија. Во часот кога од певницата, со умилен молитвен глас, бавно прозвучила херувимската песна, отец Аверикиј, којшто морал да исполни некое послушание надвор, втрчал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен, насилнички османлиски аскер. Тогаш преподобниот старец Евнувиј, заедно со уште еден монах Пајсиј, подготвени да примат маченички венец, останале во манастирот, а останатите монаси и мирјани заминале во шумата и таму пронашле безбедно место да ја довршат Литургијата. По службата, откако се увериле дека Агарјаните биле заминати, монасите се вратиле и тука затекнале страшна и тажна слика: сè било уништено, храмот бил во пламен, а на местото Γοсподинец близу манастирската чешма, лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Тие откако најрешително одбиле да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани непоколебливо ја исповедале својата силна вера во Спасителот Христос, биле подложени на страшни измачувања и примиле маченички венец со отсекување на нивните божествени глави. Сите селани од околните села се собрале за да ја споделат болката со осиротеното и обездомено братство. Притоа, со стравопочит и солзи во очите, тие им се поклонувале и ги целивале телата на светите преподобномаченици. Но тагата се преплетувала со радост заради стекнувањето на тројца нови застапници за народот пред Бога.
Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распуштила, туку продолжила со својата монашко – евангелска просветна дејност. За шест години бил изѕидан нов храм од камен. (Дознајте повеќе...)
Статијата буквално претставува copy/paste, мала е, не е средена... —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Тиверополник (разговор • придонеси) 15:40, 5 август 2012
Brainmachine (разговор) 04:21, 6 август 2012 (CEST) Филип, не ми е намерата да те обесхрабрувам, туку сосем спротивно од тоа :) Статијава не е за избрана (види критериуми), но може да се искористи за факт за „Дали сте знаеле?“. Сакам да укажам на места каде што може да се подобри статијата. Вториот пасус не е енциклопедиски текст: претставува копија од житието од Викиизвор и треба да се тргне, а да се замени со енциклопедиски текст, како на пример: „Според 'Житието за Пречистанските преподобномаченици', на 27 март 1558 многуброен османлиски аскер извршил напад врз...“. Изворите пожелно е да се наведат парелелно со текстот (ВП:ФУС). Исто така, мора да се поработи на стилот: треба да се користи минато неопределено време, бидејќи ова не е новинарски текст, не ги сведочиме настаните, туку ги прераскажуваме настаните кои се документирани од страна на изворите. Многу работи треба да се појаснат: што значи „чиноначалствување“, „архимандритит“, „еромонах“, „протоѓакони“ и многу други поими? Треба да се направат вики-врски до статии кои ги објаснуваат, или да се појасни што значат накратко во текстот. --Brainmachine (разговор) 04:21, 6 август 2012 (CEST)[одговори]