Википедија:Кандидати за избрана статија/Антарктик
Гласање за избрана статија
уредиВажно: Внимателно прочитајте ја статијата и, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ оставете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. На сличен начин, не оставајте гласови „Пеотив“ или „Воздржан“ без образложение за она коешто сметате дека треба да се подобри во статијата. |
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да гласа со {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги соодветните предлошки. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Одлуката за прогласување на „избрана статија“ се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку три.
Информации
уредиСтатијата е предложена за дискусија во 19:51, 5 јануари 2025 (CET).
Статијата изгледа одлично.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:51, 5 јануари 2025 (CET)
Извадок
уредиАнтарктик — најјужниот и најмалку населен континент на Земјата, кој го опкружува Земјиниот Јужен Пол. Антарктикот е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа и има површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз, со просечна дебелина од 1,9 километри.
Антарктикот е во просек најстудениот, најсувиот и најветровитиот од континентите и има најголема просечна надморска височина. Континентот главно претставува поларна пустина, со годишни врнежи од над 200 мм покрај брегот и многу помалку во внатрешноста. Околу 70% од светските резерви на слатка вода се замрзнати на Антарктикот, кои доколку се стопат ќе го подигнат глобалното ниво на морињата за речиси 60 метри. Антарктикот го држи рекордот за најниска измерена температура на Земјата, −89.2 °C (−128.6 °F). Крајбрежните региони можат да достигнат температури над 10 °C (50 °F) во лето. Домородните видови на животни вклучуваат грини, цевчести црви, пингвини, фоки и тардигради. Онаму каде што се јавува вегетација, таа е претежно во форма на лишаи или мов.
Ледените плочи на Антарктикот веројатно првпат биле видени во 1820 година, за време на руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Во следните децении следувале и дополнителни истражувања кои биле организирани преку француските, американските и британските експедиции. Првото потврдено пристигнување на континентот било потрдено од норвешки тим во 1895 година. Во почетокот на 20 век, имало неколку експедиции во внатрешноста на континентот. Британските истражувачи биле првите што стигнале до Јужниот магнетен пол во 1909 година, а географскиот Јужен Пол првпат бил достигнат во 1911 година од норвешките истражувачи. (Дознајте повеќе...)
Дискусија
уредиГласање
уреди(0/0/0); Закажано да заврши во 20:51 ч. на 12 јануари 2025 г. (CET)
За
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 20:13, 5 јануари 2025 (CET)
- --Б. Јанкулоски (разговор) 21:54, 5 јануари 2025 (CET)
- --Andrew012p (разговор) 23:28, 5 јануари 2025 (CET)
- --Bojan9Spasovski (разговор) 01:47, 6 јануари 2025 (CET)
- --Ehrlich91 (разговор) 10:24, 6 јануари 2025 (CET)
- --Инокентиј (разговор) 15:17, 6 јануари 2025 (CET)
- --Jtasevski123 (разговор) 18:00, 6 јануари 2025 (CET)
- --Виолетова (разговор) 18:52, 7 јануари 2025 (CET)