Bojan9Spasovski
Добре дојде!
Здраво, Bojan9Spasovski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 22:51, 10 ноември 2020 (CET)
Географски поими во македонскиот јазик
уредиЗдраво Бојан, секоја чест за твоите одлични уредувања во последниот период. Во статијата за управната поделба на Хонгконг забележав дека го употребуваш името „Хонг Конг“, што во македонскиот јазик е погрешно и треба да стои „Хонгконг“. Освен тоа, „дистрикт“ на македонски е „округ“, додека „административна поделба“ е прифатлив израз, но подобро е да се употребува „управна поделба“ затоа што глаголот „администрира“ на македонски значи „управува“. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:19, 21 ноември 2020 (CET)
Wikipedia Asian Month 2020 Postcard
уредиDear Participants, Jury members and Organizers,
Congratulations!
It's Wikipedia Asian Month's honor to have you all participated in Wikipedia Asian Month 2020, the sixth Wikipedia Asian Month. Your achievements were fabulous, and all the articles you created make the world can know more about Asia in different languages! Here we, the Wikipedia Asian Month International team, would like to say thank you for your contribution also cheer for you that you are eligible for the postcard of Wikipedia Asian Month 2020. Please kindly fill the form, let the postcard can send to you asap! For tracking the progress of postcard delivery, please check this page.
Cheers!
Thank you and best regards,
Статии за Општина Севница
уредиЗдраво Бојан. Феноменална работа за Севница. Баш ми ја исполнува идејата и тоа е причината што ги правев предлошките за општините со населените места — за да имаме систематски преглед и да се поттикне создавање на статии. Една забелешка е тоа што утврдената норма на нашето вики (како и на речиси сите други освен англиското и едно-две други ситни викија) е појаснителниот дел од името да стои во загради, а не со запирка (на ова мислам). Знам дека кај нас се среќаваат некои поретки статии и со такви имиња, но тоа се неискусни/немарни уредувања кои не сме стасале да ги исправиме. Јас ќе ги преименувам и ќе ги поправам секаде кајшто се јавуваат. Потоа ќе ги одобрам статиите за местата во општината бидејќи гледам дека во се напишани сосема задоволително. Друго правило е дека имињата секогаш ги појаснуваме само на најопштиот степен. На пример, Орехово треба да гласи „Орехово (Словенија)“ бидејќи не постои друго такво во земјата, додека пак другите тука се појаснети со името на општината бидејќи има други места со тоа име во истата земја (кај поголеми земји следниот степен е покраина/сојузна држава, но во случајот на Словенија одиме право на ниво на општина). Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:07, 24 ноември 2021 (CET)
Уреднички права
уредиЗдраво Бојан, ти доделив уреднички права со што твоите уредувања од денес ќе бидат автоматски прегледувани. Продолжи и понатаму со одличната работа. Единствено, прегледај ги општините во Словенија, во инфокутиите мислам дека имаш заборавено Севница и кај места кои беа во други општини. --Ehrlich91 (разговор) 14:46, 24 ноември 2021 (CET)
Признание
уредиЗаслуги за Словенија | |
За обемните и систематски придонеси кон претставувањето на Словенија пред македонското читателство. Б. Јанкулоски (разговор) 13:32, 25 ноември 2021 (CET) |
Минато неопределено време
уредиЗдраво Бојан. Секоја чест за уредувањето на статијата за руската инвазија на Украина. Би сакал само да ти укажам дека за опишување настани од минатото користиме минато неопределно време затоа што секогаш претпоставуваме дека раскажувачот не бил присутен на местото на настанот. Поздрав и пријатна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:39, 26 февруари 2022 (CET)
- Здраво, здраво Бојан. Сакав и јас да ти се заблагодарам за макотрпната работа во уредувањето на статијата. Секое добро! :) --M4r51n (разговор) 14:38, 7 март 2022 (CET)
Добро попладне! Извинете што ве мачам, дали можете да ги поправите граматичките, лексичките и правописните грешки во оваа многу важна статија? Би бил многу благодарен, поздрав од Украина.
СИЕ Пролет 2022
уредиПочитуван Бојан,
Сакам да те известам дека си добитник на ваучери од уредувачкиот натпревар СИЕ Пролет 2022. Затоа те замолувам да ме побараш (nikolamilosevski.wiki@gmail.com) околу предавањето на самите ваучери.
Со почит, Dandarmkd (разговор) 13:21, 30 јуни 2022 (CEST)
здраво, имам понуда за вас
уредиздраво, дали знаевте за нашата хумористична вики mk.neciklopedija.org/wiki, помогнете ни ве молиме 212.35.169.233 (разговор) 15:09, 26 ноември 2022 (CET)
Белгиски франци
уредиЗдраво. Можете ли да објасните зошто ја отстранивте мојата редакција во написот Белгиски франк? Ја преправив илустрацијата (ги отстранив широките маргини, но предметите прикажани на фотографијата останаа исти) и ја заменив во статијата; појасни дека од двете монети само едната е белгиска и малку ја коригира големината на една фотографија. Според мене, сите промени се конструктивни и корисни. Ваше мислење?--Петров Эдуард (разговор) 13:36, 18 август 2023 (CEST)
- Во право си сосема во ред промена, моја грешка, веднаш ќе поправам. Поздрав Bojan9Spasovski (разговор) 13:38, 18 август 2023 (CEST)
- Ви благодарам. Најдобри желби.--Петров Эдуард (разговор) 13:42, 18 август 2023 (CEST)
#WPWPMK
уредиЗдраво Бојан,
Добитник си на награда од предизвикот „Статии без илустрација“. За ваучерот што ти следува, ако не е проблем да ме побараш на мејл или на Фејсбук. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:55, 28 септември 2023 (CEST)
- ѕвезда за неуморниот уредувач - Виолетова (разговор) 17:14, 28 септември 2023 (CEST)
Генетика
уредиЗдраво Бојан,
Како добитник на ваучери од уредувачкиот натпревар Генетика, те молам да ме побараш на мејл или на Фејсбук за ваучерите. ( 777.zana (et) gmail.com )
Поздрав - Виолетова (разговор) 10:52, 9 мај 2024 (CEST)