Верденска битка
Верденската битка — една од најдолгите, најважните и најкрвави битки во Првата светска војна на западниот фронт, позната и како Битка на исцрпување. Таа започнала на 21 февруари, а завршила на 19 декември 1916 година, а се водела меѓу Германското Царство и Франција. Команданти на германската армија биле Ерих фон Фалкенхај и Принцот Вилхелм, а на француската армија Филип Петен и Робер Нивел. Во оваа битка животот го загубиле окулу 698.000 војници, од кои 362.000 биле француски и 336.000 германски војници.[1]
Верденска битка | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Западниот Фронт во Првата светска војна | |||||
Verdun and Vincinity - Map.jpg Карта на Верденската битка |
|||||
|
|||||
Завојувани страни | |||||
Франција | Германија Германија | ||||
Команданти и водачи | |||||
Филип Петен Робер Нивел | Ерих фон Фалкенхајн | ||||
Сила | |||||
околу 130.000 21 фебр. | околу 150.000 21 фебр. | ||||
Жртви и загуби | |||||
378.000 од тоа 120.000 мртви | 337.000 од тоа 100.000 мртви |
Значење
уредиВерден имал значителна улога во одбрана на Франција поради стратешката положба на реката Меза. Историското значење на Верден датира уште од хунските освојувања, кога хунскиот водач Атила никако не успеал да го заеме градот. Околу него имало повеќе војни и склучувања мировни договори, а со потпишување на Вестфалскиот мир од 1648 година ѝ припаднал на Франција. Претставувал заштита од германските напади по линија на источната граница, па помеѓу Верден и Тул била изградена силна одбранбена линија. Верден ги штител северните премини кон рамницата Шампањ, а со тоа и приод кон Париз. Имал огромен значај во Француско-пруската војна од 1870 година. Во тек на 1914 година Верден ги издржал силните артилериски напади, гарнизонот се наоѓал во цитадела изградена во 17 век.
Заднина
уредиГерманците не успеале да победат брзо, на самиот почеток на војната, како што предвидувал Шлифеновиот план, поради што војната се претворила во рововска, во која ниту една од страните не добивала предност, а обидите за пробивање на фронтот биле со огромни загуби. Во тек на 1915 година имало обиди, од страна на Германците кај Ипр во Втора битка кај Ипр, Британците се обиделе кај Нев Шапел, а Французи во Шампања.
Германскиот началник на генералштабот Ерих фон Фалкенхајн верувал дека Французите можат да се победат ако и се нанесат стратешки, големи загуби, но не верувал дека продирањето е возможно. Планирал напад на позиции од кои Французите не можеле да се повлечат поради националната гордост и стратешката важнст. Верден бил токму таква локација, а тој имал цел да започне битка до потполно уништување. Бирајќи место за напад Фалкенхајн барал поволни позиции за своите трупи; Верден бил изолиран од три страни, имал лоши врски со француската заднина и отежната можност за снабдување, додека Германците ја имале железницата на само 20 километри зад себе. Фалкенхајн очекувал дека Французите фанатички ќе навлезат во смртната стапица.
Исцрпувачка битка
уредиВерден бил многу лошо бранет, без артилерија која била тргната од локалните тврдини, но добрите разузнувачки податоци и лошото време што го одгодило германскиот напад на Французите им овозможиле да допремат две дивизии на помош.
Битката започнала на 21 февруари 1916 госина со бомбардирање кое траело 9 сати. Биле испукани милион гранати од 1.200 топови на фронтот во должина од 40 км. Потоа уследиилл напад на Третиот армијски корпус, поддржан од Седмиот резервен корпус и Осумнаесеттиот корпус. Германците првпат употребиле фрлачи на пламен за да ги исчистат француските ровови. До 23 февруари Германците напредувале 5 км и го зазеле Боа де Коре (Bois des Caures ), по што француските сили ја сфатиле сериозноста на нападот.[2]
Втората линија на одбраната и Триесеттиот француски корпус безмалку страдале на 24 февруари доколку Дваесеттиот корпус не пристигнал на времеали. Новопристигнатат војска веднаш била уфрлена во борб. Таа вечер началникот на францускиот генералштаб, генерал де Кастелно го саветувал Жозеф Жофр да ја испрати Втората француска армија под команда на Петен на Верден. Германците успеале на 25 февруари да ја освојат кључната француска тврдина Дуомон. Кастено го поставил генерал Филип Петен за командант на Верденскиот регион и наредил Втората француска армија да се вклучи во битка. Германскиот напад бил запавен во селото Дуомон со решителна одбран на Триесет и третата француске пешадиске регимента и со помош на временските непогоди (снежна олуја). Тоа на Французите им овозможило да допремат 23.000 тона муниција и да пристигнат 90.000 нови војници.[3]
Како и во многу други офанзиви на Западниот фронт, Германците ја загубиле артилериската поддршка во тек на напредувањето, Бојното поле што без престан го бобардирале се претворило кал и мил, па артилеријата била онеспособена да се движи. Со напредувањето Германците навлегле во досег на француската артилерија на западниот брег на Меза. Секое ново напредување на Германците било поопасно и со повеќе жртви. При секое напредување кон југ по должина на источниот брег за Петтата германска армија бил поразителен. Од крилото, од западна страна ги дочекувале топовите на Петен. Кога, најнакрај, го зазеле селото Дуомон на 2 март 1916 година потполно биле уништени четири германски регименти.
Бидејќи не можеле да напредуваат фронтално, Германците се обиделе бочно. Го нападнале брдото Ле Мор Ом на 6 март и тврдината Во на 8 март. За три месеци тешко војување Германците зазеле населби Кумијер и Шатанкур западно од Верден, а тврината Во се предала на 2 јуни 1916 година. Загубите биле исклучително големи на двете страни. Петен се обидел да ја сочува својата војска оставајќи ја на одбранбените позиции, но бил сменет на 1 мај со Робер Нивелом, кој бил повеќе наклонет кон напаѓачката тактика. Следната цел на Германците била тврдината Сувиј. На 22 јуни 1916 година Германците употребиле бојни отров фозген, како и гас маски за нивна заштита од токсинот,[4] а следниот ден нападнале со 60.000 војници, освојувајќи ја батеријта во Тијомон и селото Флери. Меѓутоа не успеале да ја освојат тврдината Сувиј. Борбиете околу Сувај продолжиле сè до 6 септември. Почеток на Битката на Сома на 1 јули 1916 година ги принудила Германците да се повлечат за да им се спротивстават на англо-француските сили во офанзивата на север.
До есента, германските сили биле исцрпени, а Ерих фон Фалкенхајн бил сменет. Началник на генералштабот станал Паул фон Хинденбург заедно со Ерих Лудендорф.[5] Французите ја започнале контраофанзивата на 21 октомври 1916 година. Тврдината Дуомон била гаѓана со топови од 400 -{mm}-, а Французите ја освоиле на 24 октомври. На 2 ноември Германците ја загубиле тврдината Во и се повлекле. Конечната француска офанзива започнала на 11 декември и ги отвфрлила Германците на почетните позиции.
Наводи
уреди- ↑ „DIE SCHLACHT UM VERDUN - EINE EUROPÄISCHE TRAGÖDIE“. Архивирано од изворникот на 2001-03-30. Посетено на 2001-03-30.
- ↑ Foley, R. T. (2007) [2005]. German Strategy and the Path to Verdun: Erich von Falkenhayn and the Development of Attrition, 1870–1916 (pbk. ed.). Cambridge: CUP. ISBN 978-0-521-04436-3.
- ↑ Mason, D. (2000). Verdun. Moreton-in-Marsh: Windrush Press. ISBN 978-1-900624-41-1.
- ↑ Doughty, R. A. (2005). Pyrrhic victory: French Strategy and Operations in the Great War. Cambridge, MA: The Belknap Press of Harvard University. ISBN 978-0-674-01880-8.
- ↑ Holstein, C. (2010) [2002]. Fort Douaumont. Havertown: Pen and Sword. ISBN 978-1-84884-345-5.