Меза или Мас (француски: Meuse, холандски: Maas, валонски: Mouze) — важна европска река што извира во Франција и тече низ Белгија и Холандија, па истекува во Северното Море. Има вкупна должина од 925 км и истек од 350 [[м3/с]].[1]

Меза
Dinant Meuse R01.jpg
Местоположба
Физички особености
УстиеХоландс Дип
51°42′54″N 4°40′4″E / 51.71500° СГШ; 4.66778° ИГД / 51.71500; 4.66778 (Hollands Diep-Meuse)Координати: 51°42′54″N 4°40′4″E / 51.71500° СГШ; 4.66778° ИГД / 51.71500; 4.66778 (Hollands Diep-Meuse)
Должина925
Особености на сливот

Од 1301 г. горното течение на Меза приближно ја отцртувала границата на Светото Римско Царство со Кралството Франција, откако барскиот војвода Анри III морал да го прими западниот дел на Грофовијата Бар како француско лено од рацете на кралот Филип IV. Границата ја одржала стабилноста сè до 1552, кога кралот Анри II ја припоил областа Три Епископии (Мец, Тул и Верден) и на друг наврат, кога војската на кралот Луј XIII го запоседнала војводството Лорена во 1633. Долниот белгиски (валонски) дел од т.н. „индустриска котлина“ е првата наполно индустријализирана област во континентална Европа.[2]

ГеографијаУреди

 
Свиок на реката кај Монтерме, Франција
 
Меза во Намир, Белгија
 
Меза формирајќи го Холандс Дип во близна на Дордрехт, Холандија
 
Меза (Мас) во Мастрихт, Холандија

Меза извира во месноста Пуји ан Басињи, општина Ле Шатле на Меза на висорамнината Лангр во Франција, па продолжува на север низ Седан и Шарлевил Мезјер во Белгија.[3]

Кај градот Намир, во неа се влева реката Самбра. Потоа се извива накај исток, покрај Ардените и низ Лиеж, па врти на север. Во ова подрачје, реката сочинува дел од белгиско-холандската граница, освен кај Мастрихт, кајшто границата е позападно. Во Холандија продолжува на север низ Венло долж границата со Германија, па свртува на запад, каде тече напоредно со реката Вал и влегува во состав на пространа делта заедно со Шелда во јужниот Рајна во северниот дел. Близу Хезден реката е раздвоена на Афгедамде Мас на десно и Бергсе Мас на лево. Бергсе Мас продолжува под името Амер, како дел од Бисбос. Афгедамде Мас се влева во реката Вал кај Ваудрихем, и продолжува под името Бовен Мерведе до Хардинксвелд-Гисендам, каде се раздвојува на Ниве Мерведе и Бенден Мерведе. Недалеку од Лаге Звалуве, Ниве Мерведе се спојува со Амер, образувајќи го Холандс Дип, кој пак се раздвојува во Гревелинген и Харингвлит, за на крај да се влее во Северното Море.

ПритокиУреди

Ова е список на главните притоки на Меза, подредени од долното кон горното течение:

Департмани, покраини и населени местаУреди

Реката Меза тече низ следниве департмани, покраини и населени места во Франција, Белигја и Холандија:

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Marcel de Wit, Robert Leander, Adri Buishand: Extreme discharges in the Meuse basin Архивирано на 6 јануари 2014 г., стр. 2
  2. „Валонија: регион во Европа“. Министерство на регионот Валонија. Посетено на 29 септември 2007. (француски)
  3. SANDRE Fiche cours d'eau La Meuse (B---0000)

Надворешни врскиУреди