Отвори го главното мени

Жозеф Жофр (Marshall Joseph Jacques Césaire Joffre) бил француски маршал. Тој бил командант на француските сили на Западниот фронт на почеток на Прва светска војна. Познат е по стратегијата на повлекување на сојузничките сили, нивна прерасподелба со која стратешки ги надмудрил Германците и извојувал победа во одлучувачката Прва битка на Марна во 1914 година.

БиографијаУреди

Роден е на 12 јануари 1852 година во Ривесалт во Франција во лизарско семејство. Учел во Политехничко училиште. Своите први воени заслуги ги добил во Француско пруската војна. Како воен инжињер поминал многу време во колониите на Франција, каде се истакнал и со свои воени тактики. Бил командант со француските сили од 1914 – 1916 година, стратег на многу значајни и прочуени битки, но поради безизлезната состојба на фронтот во тој период, тој бил повлечен по германскиот напад на Вердун и неуспешната сојузничка офанзива на реката Сома.[1] Добил советодавни задолженија, но наскоро се повлекол од таа должност и заминал во САД каде водел успешни мисии.

За своите воени заслуги бил одликуван со врвни признанија, ордени и титули. Починал на 3 јануари 1931 година во Париз.

НаводиУреди

  1. Neillands, Robin The Death of Glory: the Western Front 1915 (John Murray, London, 2006) ISBN 978-0-7195-6245-7