Битка на Сома
Битката на Сома е сојузничка офанзива во Првата светска војна.
Битка на Сома | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Западниот Фронт во Првата светска војна | |||||
Слика во ров, фотографирана од Ернест Брукс |
|||||
|
|||||
Завојувани страни | |||||
Велика Британија Франција Канада Австралија Нов Зеланд Јужна Африка Индија Њуфаундленд | Германија | ||||
Команданти и водачи | |||||
Даглас Хејг Фердинанд Фоч | Макс фон Галвиц Фриц фон Билов |
||||
Сила | |||||
13 британски и 11 француски дивизии (на почетокот) 51 британски и 48 Француски дивизии (крајот) | 10½ дивизии (на почетокот) 50 дивизии (крајот) |
||||
Жртви и загуби | |||||
620.000 мртви 100 изгубени тенкови, 782 изгубени авиони[1] | 615.000 - 650.000 луѓе |
Текот на битката
уредиБританските и француските сили тргнале во фронтален напад против германската армија, која била во ровови северно од реката Сома во Франција. Една недела британските сили ги бомбардирале сè уште непомрднатите германски позиции. Првиот ден настрадале 60.000 британски војници, од кои 20.000 загинале. Офанзивата постепено преминала во исцрпувачка битка затоа што врнеле силни октомвриски дождови, кои го направиле калливото поле во непроодно. Пред да заврши битката сојузниците напреднале само 8 км. Загубите биле огромни: 650.000 на германска страна, 420.000 на британска страна и 195.000 на француска. Оваа битка станала метафора за залуден и дискриминаторски колеж.[2]
Наводи
уреди- ↑ The Battle of the Somme, historylearningsite.co.uk
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје 2005, Книга 1, стр. 192