Западен фронт (Прва светска војна)

Западен фронт — најважно поприште на воени судири во текот на Првата светска војна. Фронт го отворила Германија со инвазија на Луксембург и Белгија со кој започнало вовлекување на Европа во војната. Целта на оваа првична инвазија било воспоставување на контрола и преземање на стопaнствено и рудно значајни региони во Франција.

Западен фронт
Дел од Прва светска војна
Сојузнички војници во ровови
Датум 4 август 1914 – 11 ноември 1918
(4 години, 3 месеци и 1 недела)
Место Белгија, североисточна Франција,
Исход Decisive Победа на Антанта врз Германското Царство Версајски договор
Завојувани страни
Антанта:

Франција
Обединето Кралство
Кралството Италија
САД
Португалија
Руска Империја

Централни сили:

Германско Царство
Австроунгарско Царство

Команданти и водачи
Сила
Франција 7,935,000[1]
Обединето Кралство 5,399,563[2]
САД 2,200,000[3]
Белгија 267,000[4]
Вкупно: ~16,000,000
Германско Царство 13,250,000[1]
Жртви и загуби
~7,500,000 ~5,500,000

Опсег на Западниот фронт

уреди

Фронтот на почеток бил поставен по должина на Белгија и зафаќал североисточен дел на Франција, со развивање на воени акции се проширил сè до Северното Море и до Швајцарија. Овој фронт, за разлика од осточен бил статичен, карактеристичен по безбројни лавиринти на ровови и бесмислено истребување на војката од двете завојувани страни. Воспоставен е кога германската војска која брзо напредувала кон Франција била запрена од силите на Антанта во првата битка на Марна, а судрените сили се вкопале на своите позиции. Фронтот бил формиран на 4 август 1914 година, а на него се војувало сè до 11 ноември 1918 година.[6]

Одлики и битки на Западниот фронт

уреди
 
Трка кон морето

По утврдување на фронтот во периодот од 1915 до 1917 година на него се одиграле неколку големи битки, Битката за Елзас, две битки на реката Марна, Гранични битки, Трка кон морето, Битката за Ипре, Голема офанзива кај Верден, Офанзива на реката Сома, и др. Но основна одлика на овој фронт биле утврдени позиции во ровови во кои војската живеела под постојана изложеност на топовски оган, непрекидно пукање, изложеност на бојни отрови, глад, студ, жега и инфекции. Секоја офанзивна акција или ситни повлекувања на воени формации војската ја изложувале на силен стрелачки оган, мински полиња и по првпат во историја забележани воздушни напади со авиони, а во офанзива кај Камврија во 1917 година Германија за првпат во војната ги внела и тенковите. Токму ваква поставеност и безизлезна пат позиција во која се наоѓале завојуваните страни довела до милионски број на жртви од двете страни.

Жртви

уреди

Страотните последици на Западниот, како и на Источниот фронт никогаш не се прецизно пресметани, едноставно, за таква анализа и пресметка не постои статистичка формула и се бројат со милионски цифри. Според една од поновите анализи се спомнуваат 7 947 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на Антанта и 5 603 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на страна на Централни сили.[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 ILO 1925, стр. 29.
  2. SWO 1922, стр. 742.
  3. Ayres 1919, стр. 105.
  4. Hosch 2010, стр. 219.
  5. Maurel, Henri. „The Volunteers of the Russian Expeditionary Corps in the Moroccan Division during the Second Battle of Marne“. Архивирано од изворникот на 19 January 2008. Посетено на 18 January 2017.
  6. Griffiths, William R. (1986). Thomas E. Griess The Great War, Wayne, NJ: Avery Publishing Group
  7. The Blood Test Revisited: A New Look at German Casualty Counts in World War I