Валонски јазик
Валонскиот (Walon) е романски јазик, од подгрупата на оилски јазици. Јазикот бил доминантен јазик во Валонија, Белгија, но се зборувал и во некои места во северна Франција и во делови од Висконсин, САД[1]. Најпознат сроден јазик на валонскиот е францускиот.
Валонски | |
---|---|
Walon | |
Застапен во | Белгија, Франција, САД |
Подрачје | Валонија |
Говорници | проц. 1.120.000 (1998) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | wa |
ISO 639-2 | wln |
ISO 639-3 | wln |
Linguasphere | 51-AAA-hf |
Валонскиот јазик има богата книжевност и бил распространет во Валонија и регионот, но од 1756 година употребата на јазикот значително се намалила. Ова е како директна последица на француското анектирање на Валонија. Со потпаѓањето на Валонија под француска управа, доминантен јазик станал францускиот.[2] По Втората светска војна, училиштата држеле настава на француски јазик, и се деградирала употребата на валонскиот јазик. Во 1952 година започнало да се воведуваат казни за употребата на јазикот во училиштата. Така, јазикот сè помалку се користел од луѓето во Валонија и тоа довело валонскиот јазик да стане скоро мртов јазик. Денес ретко се зборува на валонски, особено од страна на младите. Во 1996 година се проценило дека јазикот може да го зборуваат од 1 до 1,3 милиони луѓе.[3]
Поголем број невладини организации, особено театрите, работаат на зачувување на јазикот. На владино ниво, валонскиот е официјално признат како „регионален староседелски јазик“. Во 1990-те се основал единствен правопис.
Класификација
уредиВалонскиот е романски јазик, дел од групата на западноромански јазици, од подгрупата на оилски јазици. Францускиот јазик е исто така дел од оилските јазици. Поради тоа, некои јазичари го сметале валонскиот јазик како дијалект на францускиот (францускиот е далеку поголем јазик). Како и францускиот, така и валонскиот потекнува од латинскиот. Денес валонскиот се смета за скоро мртов јазик, бидејќи бил заменет (насилно и ненасилно) од францускиот. Јазикот е признат како „регионален староседелски јазик“ во Валонија, Белгија.
Азбука
уредиВалонскиот јазик ја користи стандардната латиница, но има и букви со надредни знаци. Буквите со надредни знаци не се сметаат за дел од азбуката.
Големи букви | |||||||||||||||||||||||||
A | B | C | D | E | F | G | H | I | J | K | L | M | N | O | P | Q | R | S | T | U | V | W | X | Y | Z |
Мали букви | |||||||||||||||||||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h | i | j | k | l | m | n | o | p | q | r | s | t | u | v | w | x | y | z |
Дијалекти
уредиВалонскиот јазик е поделен на четири главни дијалектни групи:[4]
- централновалонски - дијалектот се зборува во Намир, Динан и Вавр;
- источновалонски - овој е најконзервативен дијалект, и се зборува во Лиеж, Вервје, Малмеди, Иуи и Варем;
- западновалонски - овој дијалект е најблизок до францускиот јазик, но и со пикардскиот. Овој дијалект се зборува во Шарлероа, Нивел и Филипвил; и
- јужновалонски - овој дијалект е близок со лоренскиот јазик, но и со шампањскиот. Овој дијалект се зборува во регионот Арден.
Примери
уредивалонски | француски | холандски | македонски | МФА |
---|---|---|---|---|
Walon | Wallon | Waals | валонски | [walɔ̃] |
Diè wåde | Adieu | Vaarwel | збогум | [djɛ woːt] / [djɛ wɔːt] |
Bondjoû | Bonjour | Goedendag | добар ден | [bɔ̃dʒuː] |
A | Salut | Hoi | здраво | [a] |
A rvey | Au revoir | Tot ziens | довидување | [arvɛj] |
Cmint dit-st on | Comment dit-on | Hoe zegt men | Како се вели | [kmɛ̃ dɪstɔ̃] |
Cmint daloz? | Comment allez-vous? | Hoe gaat het? | Како сте? | [kmɛ̃ dalɔ] |
Dji n' sais nén | Je ne sais pas | Ik weet het niet | Не знам. | [dʒɪn sɛː nɛ̃ ] / [dʒɪn se nẽ] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Université du Wisconsin : collection de documents sur l'immigration wallonne au Wisconsin, enregistrements de témoignages oraux en anglais et wallon, 1976 (англиски) University of Wisconsin Digital Collection : Belgian-American Research Collection
- ↑ "It seems the revolutionaries themselves consider the fact French was enough close to the Walloon language so as not to manage Wallonia as Brittany, Corsica, Alsace or Flanders." (француски) "Le décret du 8 pluviôse An II (...) ne prévoit pas d'envoyer des instituteurs dans la Wallonie romane (contre l'avis de Grégoire qui souhaitait une campagne linguistique couvrant tout le territoire). Les révolutionnaires eux-mêmes semblent donc considérer que la proximité entre le français et le wallon est suffisamment grande pour ne pas traiter la Wallonie comme la Bretagne, la Corse, l'Alsace ou la Flandre." (француски) Astrid Von Busekist, Politique des langues et construction de l'État, Éd. Duculot, Gembloux, 1998, p.22-28
- ↑ Jean-Michel Eloy (30 November 1996). Chapitre Evaluer la vitalité : variétés d'oil et autres langues (француски). Amiens: Centre d'études picardes.
- ↑ Steven G. Kellman Switching languages: translingual writers reflect on their craft, p.152.
- Maurice Piron, Anthologie de la littérature wallonne, Mardaga, Liège, 1978 (661 pages) ISBN 2-8021-0024-6.
Надворешни врски
уреди„Валонски јазик“ на Ризницата ? |
- Валонска Википедија
- Мрежна страница на пишан валонски
- Граматика на валонскиот Архивирано на 17 декември 2005 г. - на француски
- Фонетскиот систем на валонскиот Архивирано на 27 април 2006 г.
- Валонски културен сојуз Архивирано на 19 февруари 2007 г.
- Ethnologue за валонскиот
- Валонски речник Архивирано на 22 мај 2011 г.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |