Бошинос
Бошинос (грчки: Καλαμώνας, Каламонас)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Бошинос Καλαμώνας | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°1′N 24°13′E / 41.017° СГШ; 24.217° ИГДКоординати: 41°1′N 24°13′E / 41.017° СГШ; 24.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Каламбак |
Надм. вис. | 39 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 597 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 11 километри јужно од Доксат, на надморска височина од 39 метри.
ИсторијаУреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 150 цигани[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото е евидентирано како напуштена населба.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција.
ДемографијаУреди
Во 1928 година во селото биле сместени 68 грчки семејства со 257 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 257 лица, додека во 1940 година селото броело 756 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 906 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1039 жители, во 1971 година имало 818 жители, во 1981 година имало 874 жители, додека во 1991 година имало 831 жител[6]. Денеска, населението на селото е 597 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 756 | 906 | 1039 | 818 | 874 | 831 | 597 | / |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Καλαμώνας
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.