Блудец[1][2] или коливо[3][4]јадење од варена пченица што се користи литургиски во Источната православна црква за помен на мртвите.

Блудец
Блудец од пченица со суво грозје
Други имињаколиво
ВидРитуално јадење
Главни состојкиЗрна пченица, мед или шеќер
Cookbook: Блудец на Викикниги 

Во Источната православна црква, блудецот се благословува за време на погребите, како и при помените што се изведуваат на одредено време по смртта на лицето и во посебни прилики, како што е Задушница. Некаде се подготвува и во првиот петок од Великиот пост,[5] при слава или за Божиќниот оброк. Во некои земји се јаде и во нерелигиозни прилики.

Слично јадење е широко популарно во Либан, каде што е познато како snuniye и, почесто, како бербара како што се подготвува за празникот на Света Варвара, 4 декември, кој се слави со свечености слични на Ноќта на вештерките.

Етимологија

уреди

Коливо доаѓа од грчкиот збор kollybo (κόλλυβο; самиот ретко се користи), е изведен од класичниот грчки збор κόλλυβος, kollybos, односно мала паричка или мала златна тежина. Во хеленистичкиот период, среден множински облик на зборот, односно κόλλυβα , kollyba, го зел значењето на мали пити направени од варена пченица. Значењето на обредна храна е од подоцнежен период.[6] На српски се нарекува кољиво, кутя на бугарски, colivă на романски и кутья на руски.

Рецепт

уреди
 
Чинија блудец, со запалена свеќа, како дел од српска семејна слава во чест на нивниот светец-заштитник.

Иако рецептите може многу да варираат, примарна состојка се зрна пченица кои се варат додека не омекнат, убаво се цедат и се оставаат на крпа за да бидат само влажни, а потоа се засладуваат со мед или шеќер. Покрај пченицата блудецот може да содржи и: сусам, бадеми, мелени ореви, цимет, шеќер, калинка, суво грозје, анасон и магдонос.[7] Романците го украсуваат блудецот со крстови од какао, чоколадо или бонбони. Според грчкиот Пантеон, пченицата ја симболизира земната божица Деметра, додека калинките ја симболизираат нејзината ќерка Персефона, кралицата на подземјето. Бадемите биле посветени на Афродита, а сувото грозје на Дионис. Се сметало дека сусамот ги отвора вратите на свеста. 

Практиката на спремање блудец е традиционална во Македонија, Грција, Кипар, Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Молдавија, Русија и делови од Босна и Херцеговина, како и меѓу христијаните на Блискиот Исток. Кога се сервира, мешавината од блудец, која изгледа како земја, се обликува како тумба за да личи на гроб. Вака обликуваниот блудец потоа се посипува со шеќер во прав и одозгора се исцртува крст, а некаде се исцртуваат иницијалите на покојникот. Свеќа, обично поставена во центарот на блудецот, се пали на почетокот на парастосот и се гаси на крајот. По литургијата, присутните каснуваат од блудецот, го спомнуваат покојникот и велат: „Бог да го прости“.

Некои православни парохии имаат одредено лице задолжено за правење на блудецот. Ова делумно се должи на здравствениот ризик од ферментирана пченица ако блудецот не се подготви правилно.

Понекогаш блудецот се прави со ориз или јачмен наместо пченица. Овој обичај започнал како практичен одговор на гладот што се случил во Советска Русија, кога верниците немале на располагање пченица за блудец, па наместо тоа користеле ориз. Некои заедници продолжуваат да користат ориз за подготовка на блудец до ден-денес. Во Јапонската православна црква каде главно се јаде ориз, блудецот најчесто се прави од ориз засладен со шеќер и украсен со суво грозје, иако нема врска со глад.

Историја

уреди

Потеклото на блудецот датира пред христијанството. Самиот збор коливо потекнува од старогрчкиот збор κόλλυβoς (kollybos), што првично значело „ситна паричка“, а подоцна во среден род множина „мали пити од варена пченица“. Во античката грчка панспермија, за време на паганскиот празник Антестерија се нудела мешавина од варени семиња и јаткасти плодови.

Во 5 век од нашата ера, коливото во смисла на варена пченица, заедно со сиров зеленчук ја сочинувала исхраната на монасите кои одбивале да јадат леб.[8] Канонистот од 12 век Теодор Балсамон тврдел дека коливото како практикување на ритуална храна потекнува од Атанасиј Александриски за време на владеењето на императорот Јулијан Отпадникот.[9]

Поврзаноста помеѓу смртта и животот, помеѓу она што е засадено во земјата и она што излегува, е длабоко вградено во правењето и јадењето на блудец. Ритуалната храна преминала од паганството до раното христијанство во Византија, а подоцна се проширила во целиот православен свет.

Прилики за употреба

уреди
 
Романска colivă користена при верска церемонија во христијанска православна црква
 
Разгледница, без датум (околу 1916 година), на која е прикажана православна служба со благослов на коливо.

Блудецот се користи во повеќе различни прилики:

Тодорова сабота

уреди

Традицијата на благословување и јадење блудец на крајот од првата недела од Великиот пост е поврзана со настан во времето на владеењето на Јулијан Отпадникот. Традицијата вели дека царот знаел дека христијаните ќе бидат гладни по првата недела на строг пост и дека во сабота ќе одат на пазариштата во Константинопол да купат храна. Затоа тој наредил сета храна што се продава таму да се попрска со крв од паганските жртви. Ова ја направило храната несоодветна како посна храна (бидејќи христијаните не можеле да јадат месни производи за време на постот), и воопшто како храна за христијаните, на кои им е забрането да јадат храна од таквите жртви. Но, Свети Теодор Тирон му се јавил во сонот на архиепископот Евдоксиј и го советувал тој ден народот да не јаде храна купена на пазар, туку само варена пченица измешана со мед.[10] Како резултат на тоа, оваа прва сабота од Великиот пост стана позната како Тодорова сабота.

Помени

уреди

За време на богослужбите (грчки: mnemósynon, словенски: Panikhida, романски: parastas), семејството или пријателите на починатите често подготвуваат блудец што се става на масата пред која се пее богослужбата.

Поменот (парастосот, панихидата) се одржува на третиот, деветтиот и четириесеттиот ден по упокојувањето на православните христијани, како и на една година. Покрај тоа, има неколку мртви саботи во текот на црковната година, кога се прават општи помени за сите починати.

Погреби

уреди

За време на македонските, грчките, романските, бугарските, српските и руските православни погребни услуги блудец им се понудува на сите кои присуствуваат на погребот.

Спомен на светци

уреди

Вообичаено е и во словенската практика на празникот светец-заштитник на црква или семејство, или на празникот на светците од особено значење да се принесе блудец. Наместо да служи помен, блудецот се поставува пред иконата на светецот и се служи молебен за тој светец.

Во Либан традиционално се подготвува од антиохиската православна заедница за празникот Света Варвара.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „блудец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „блудец“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „коливо“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „коливо“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „1st Saturday of Great Lent St Theodore the Recruit“. Посетено на 2007-03-02.
  6. Dictionary of Standard Modern Greek (грчки), Center for the Greek Language http://www.greek-language.gr/greekLang/modern_greek/tools/lexica/triantafyllides/search.html?lq=%CE%BA%CF%8C%CE%BB%CE%BB%CF%85%CE%B2%CE%B1&dq= Отсутно или празно |title= (help)
  7. Lazarou, Stalo. „foodmuseum.cs.ucy.ac.cy“ (грчки). Cyprus Food Virtual Museum. Посетено на 27 November 2015.
  8. Kazhdan, Alexander P., уред. (1991). „KOLLYBA“. The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. Available (limitedly) online at the Oxford Reference.
  9. Chambers, Ephraim. „Colyba“. Cyclopædia. University of Wisconsin Digital Collections. Архивирано од изворникот на September 16, 2010.
  10. THE FEAST OF THE BOILED WHEAT MIRACLE AT THE PATRIARCHATE[мртва врска]. JERUSALEM PATRIARCHATE Official News Gate. 04/03/2017. Retrieved: 6 March 2017.

Надворешни врски

уреди