Магдонос
Магдонос
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Магдонос
Вид: Магдонос
Научен назив
Petroselinum crispum
(Mill.) Fuss
Синоними

Apium crispum Mill.
Apium petroselinum L.

Магдоносот (науч. Petroselinum crispum) е светлозелено, двегодишно растение кое се користи како зачин. Потекнува од Иран. Тој е многу чест во блискоисточната, европската и американската кујна. Магдоносот се користи поради неговите листови, слично како и кориандерот (познат како кинески магдонос или цилантро), иако има поблаг вкус.

Две форми на магдонос се користат во исхраната: оној со извиткани листови и италијанскиот (или рамнолисен магдонос P. neapolitanum). Магдоносот со извиткани листови често се користи како гарнир. Рамнолисниот магдонос има појак вкус, што доаѓа од повисоката количина на етерични масла. Една состојка на етеричното масло е апиолот.

Друг тип на магдонос произведува многу подебели корења отколку видовите кои се одгледуваат поради нивните листови. Овој тип е чест во средна и источна Европа.

Опис

уреди
 
Листови од магдонос

Градинскиот магдонос е светлозелено, мазно, двегодишно тревесто растение во умерените климатски подрачја, а едногодишно во суптропските и тропските подрчја.