Битка кај Манцикерт (1071)

Битката кај Манцикерет се случила на 26 август 1071 година од страна на византиската војска, предводена од цар Роман IV Диоген (1068-1071) и Селџуците предводени од султанот Алп Арслан. Битката се водела на територијата помеѓу градот Манцикерет и езерото Ван. Битката завршила со заробувањето на царот Роман IV Диоген], а со тоа и Византија била поразена.

Битка кај Манцикерт
Дел од the Византиско-селџукски војни

Датум 26 август 1071
Место near Манцикерт, денешна Турција)
Исход Победа на Селџуците
Завојувани страни
Византиско Царство Селџучки Султанат
Команданти и водачи
Роман IV Диоген (заробен),
Никфорос Брениос,
Теодор Алјатус,
Андроникос Дукас
Алп Арслан
Афсин Бег
Артук бег
Куталмишоглу Сулејман Шах
Сила
~20.000[1]
(originally 40.000[2])
~20,000[3]
(до 30,000)[2]
Жртви и загуби
~2.000 мртви[4]
~4.000 заробени[4]
(повеќе од половина)
непознато

Во оваа битка, двете војски користеле различни техники на војување. Византија користела пешадија поддржувана со тешка коњаница, а турските селџуци располагале со лесна коњаница со стрелци.

Оваа битка, многу често се нарекува уште и Катастрофата кај Манцикерет. Исто така, оваа бита честопати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото внатрешно раководство. Вкупниот број на убиени војници во оваа битка од страна на Византија изнесува околу 10 000.

Занимливости

уреди

Џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул — најголема во земјата — има минариња високи точно 107,1 м во спомен на оваа битка.

Наводи

уреди
  1. Haldon 2001, стр. 173.
  2. 2,0 2,1 Haldon 2001, стр. 172.
  3. Markham, Paul. „Battle of Manzikert: Military Disaster or Political Failure?“. Архивирано од изворникот на 2007-05-13. Посетено на 2010-06-25..
  4. 4,0 4,1 Haldon 2001, стр. 180.
Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија