Чамлиџа-џамија

џамија во Усќудар, Истанбул

Чамлиџа-џамија (турски: Çamlıca Camii) — џамија во округот Усќудар на градот Истанбул и најголемиот муслимански храм во Турција. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.[1][2]

Чамлиџа џамија
Çamlıca Camii
Основни податоци
МестоУсќудар, Истанбул, Турција
Припадностсунизам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилдоцнокласичен османлиски
Завршен2019
Особености
Сместивост63.000
Куполи70
Висина на куполата (надв.)72 м
Минариња6
Висина на минарето107,1 м

Џамијата е дело на архитектките, Бахар Мизрак и Хајрије Ѓул Тоту, а нејзината изградба чинела 150 милиони лири (59,65 милиони евра).[3] Секое од четирите минариња е високо 107,1 м, во спомен на Битката кај Манцикерт која се одиграла во 1071 г. помеѓу Селџучкото и Византиското Царство.[2]

Ова е еден од повеќе мегапроекти на турската влада како сведоштво за силата на стопанството и белег на владејачката Партија на правдата и развојот и претседателот Реџеп Таип Ердоган.[4]

Џамијата е свечено отворена на 4 мај 2019 г. од претседателот Ердоган.[1] На отворањето присуствувале повеќе странски државници како Маки Сал од Сенегал, Алфа Конде од Гвинеја, Илир Мета од Албанија, Мухамед Штаје од Палестина и претставници на други земји.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Erdogan opens Turkey's largest mosque in Istanbul“. Al Jazeera English. 4 мај 2019. Посетено на 4 мај 2019.
  2. 2,0 2,1 „Turkey's largest mosque opens its doors in Istanbul“. Gulf Times. Istanbul. DPA. 8 март 2019.
  3. „Çamlıca Mosque, largest in Turkey, opens in honor of Ramadan“. DailySabah. Посетено на 3 септември 2017.
  4. Christie-Miller, Alexander (9 септември 2016). „Bridge, mosque, airport – can Turkey afford Erdoğan's mega-monuments?“. Christian Science Monitor. ISSN 0882-7729. Посетено на 3 септември 2017.

Надворешни врски

уреди

41°02′05″N 29°04′15″E / 41.0347° СГШ; 29.0708° ИГД / 41.0347; 29.0708