Биралци
Биралци (грчки: Περδίκκας, Пердикас; до 1927 г. Ναλμπάν-Κιόι, Ναλμπάνκιοϊ, Налбан Ќој,[2] турски: Nalbantköy, Налбантќој) — село во Општина Еордеја во Кожанскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Биралци Περδίκκας | |
---|---|
Палеонтолошкиот музеј во Биралци | |
Координати: 40°33′N 21°41′E / 40.550° СГШ; 21.683° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Еордеја |
Општ. единица | Кајлари |
Надм. вис. | 565 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.372 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 42 километри северно од градот Кожани и на 6 километри од Кајлари.
Селото се наоѓа на надморска височина од 565 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 300 семејства со 550 Турци и 450 Македонци[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 380 Македонци и 420 Турци[3][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 504 Македонци[3][6].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 175 грчки семејства со 710 лица[8]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1112 лица, додека во 1940 година селото броело 1256 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1280 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1455 жители, во 1971 година имало 1439 жители, во 1981 година имало 1663 жители, додека во 1991 година имало 1867 жители[9].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1256 | 1280 | 1455 | 1439 | 1663 | 1867 | 1854 | 1582 | 1372 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 178-179.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.