Еордеја (општина)

општина во Кожанскиот округ, Егејска Македонија
Општина Еордеја
Δήμος Εορδαίας

Општина Еордеја
на картата на Западна Македонија

Панорама на Кајлари
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Кожани
Гео. област:
Население: 13.988 (2021)
Седиште: Кајлари
Нас. места: 28
Пошт. бр.: 502 00
Пов. бр.: 24630-27
Портал:

Еордеја (грчки: Δήμος Εορδαίας, Димос Еордејас) — општина во Кожанскиот округ, западна Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Кајлари (Птолемаида). Подрачјето на Еордеја приближно се совпаѓа со она што традиционално се нарекува „Кајларско“.

Општината е наречена по долномакедонската област Еордеја, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места уреди

Општината Еордеја е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на четирите стари општини Кајлари (Птолемаида), Каракамен (Вермио), Мурик (Мурики), Света Петка (Агија Параскеви) и општинската целина Влашка Блаца (Власти).[1]

Општинска единица Влашка Блаца уреди

 
Поранешната општина Влашка Блаца на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Влашка Блаца опфаќа само едно населено место — Влашка Блаца (Власти).

Општинска единица Кајлари уреди

Општинската единица Кајлари со седиште во Кајлари ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Кајлари
  • град Кајлари или Кајлар (Πτολεμαΐδα, Птолемаида)
  • Општински оддел Арбино
  • село Арбино (или Харбино; Πτελεώνας, Птелеонас)
  • Општински оддел Биралци
  • село Биралци (или Налбантќој; Περδίκκας, Пердикас)
  • Општински оддел Бошовци
  • Општински оддел Дорутово
  • село Дорутово (Προάστιο, Проастио)
  • село Стари Лозја (Παλιά Αμπέλια, Палија Амбелија) новосоздадено
 
Поранешната општина Кјалари на картата на некогашниот округ Кожани.
  • Општински оддел Коман
  • село Коман (Κόμανος, Команос)
  • Општински оддел Конуj
  • село Конуј (Δροσερό, Дросеро)
  • Општински оддел Котлари
  • село Котлари (Πεντάβρυσος, Пендаврисос)
  • Општински оддел Липинци
  • село Липинци (Ασβεστόπετρα, Асвестопетра)
  • Општински оддел Ракита
  • село Ракита (Ολυμπιάδα, Олимпијада)
  • Општински оддел Требино
  • село Требино (Требено, Тремњо; Καρδία, Кардија)
  • Општински оддел Чор
  • село Чор (Γαλάτεια, Галатија)

Општинска единица Каракамен уреди

 
Поранешната општина Каракамен на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Каракамен со седиште во Учини (Комнина) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Учини
  • село Учини (Κομνηνά, Комнина)
  • Општински оддел Инско
  • село Инско (Инели, Инелево; Ανατολικό, Анатолико)
  • Општински оддел Катраница
  • Општински оддел Крмишта
  • село Крмишта (Крмча или Крмско; Μεσόβουνο, Месовуно)

Општинска единица Мурик уреди

 
Поранешната општина Мурик на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Мурик со седиште во село Емборе (Емборио) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Емборе
  • Општински оддел Дебрец
  • Општински оддел Ланга
  • село Ланга (Μηλοχώρι, Милохори)
  • Општински оддел Паљор
  • село Паљор (или Палеор; Φούφας, Фуфас)
  • Општински оддел С’лпово

Општинска единица Света Петка уреди

 
Поранешната општина Света Петка на картата на некогашниот округ Кожани.

Општинската единица Света Петка со седиште во Трепишта (Агиос Христофорос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Трепишта
  • село Трепишта (или Требишта; Άγιος Χριστόφορος, Агиос Христофорос)
  • Општински оддел Војводина
  • Општински оддел Козлуќој
  • Општински оддел Ранци
  • село Ранци (или Франкоч; Ερμακιά, Ермакија)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.

Надворешни врски уреди