Стара џамија (Баница)
Старата џамија — поранешен муслимански објект кој се наоѓал во селото Баница, Општина Струмица.
Стара џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Баница, Општина Струмица |
Припадност | ислам |
Епархија | Струмица |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | 16 век |
Особености | |
Должина | 9.54 |
Ширина | 10.35 |
Минариња | 1 (срушено) |
Материјали | камен тула |
Остатоци од џамијата се наоѓаат во центарот на селото. Освен џамијата во минатото имало амам и текија која во периодот од 1912-18 година била напуштена и срушена со земја, а во која се наоѓал гроб на некој познат турски паша.
По кажувањето на еден селанец, џамијата во Баница била ограбена од бугарските окупатори во 1913 година, но сепак Турците од селото ја одржувале до 1955 година кога поголемиот дел од нив се иселиле. Годината на градба на џамијата е непозната. Како доказ за постоењето на џамија во Баница кон крајот на 16 век е пописот од 1570 година каде меѓу другите се запишани и Хаџи Дервиш - имам и Мустафа Јахја – муезин. Начинот на градење и стилските особености не упатуваат на крајот на 16 век, класичниот период на османското градителство и уметност. Тоа е периодот кога турската архитектура и уметност го достигнува својот процват, што е евидентно и во градбата на џамијата во Баница.
Таа е од типот на еднопросторните куполни џамии со трем на северната страна (9.54 х 10.35). Ѕидана е со наизменичнопоставени редови на добро обработен камен и два реда тули, со насатично поставена тула помеѓу секој камен. Објектот е надсведен со купола градена од тула која веројатно, според остатоците на теренот, била прекриен со турска ќерамида. Она што привлекува особено внимание кај оваа џамија е појавата на манастирскиот свод како варијанта за покривање на молитвениот простор. Самиот свод, купола, не се потпира ниту на пандантифи ниту на тромпи, туку таа лежи директно на ѕидните маси. Иако османлиските градители ги користеле манастирските и коритасти сводови и полусводови за покривање на некои простори во амамите, безистените, медресите и каравансараите, тие ретко ги применувале кај џамиите, особено не за покривање на харимот. Појавата и употребата на манастирскиот свод при градењето на џамијата во Баница е резултат на користење на искуствата од византиско - ориенталните уметнички иградителски традиции. Во овие услови Османлиските неимари, под чие водство се граделе објектите, создаваат нов квалитет во својатауметност со големо учество на локалните мајстори, кои вопотполност го совладале византискиот начин на градење. Малата застапеност на овој конструктивен елемент,особено што е ова засега единствен пример пренесен во нашитекраеви од градителите кои се формирале во градителските работилници во Едрене и Истанбул, уште повеќе ја зголемува важноста на џамијата во Баница.
„Стара џамија (Баница)“ на Ризницата ? |