Алкохолен пијалак

пијалак што содржи етанол
(Пренасочено од Алкохолни пијалоци)

Алкохолен пијалакпијалак што содржи етанол. Етанолот е дрога и депресант. Иако алкохолот е легална дрога во повеќето делови на светот, многу општества ја регулираат или ја ограничуваат неговата продажба и употреба.

Шишиња со кашаса, бразилски алкохолен пијалак.

Хемија

уреди

Главна статија: Етанол

Етанолот (CH3CH2OH), активната состојка во алкохолните пијалаци, се создава скоро секогаш со помош на ферментација - метаболизмот на јаглехидратите на посебни типови на квасни габи во отсуство на кислород.

Имало претпоставки дека нечистотиите во алкохолот доведуваат до мамурлук. Како и да е, поверојатно е дека причината за тоа е етаналот, токсичен производ кој се создава во црниот дроб со преработката на алкохолот.

Алкохолните пијалаци со концентрација над 50% етанол се запалливи течности и лесно се палат. Некои егзотични пијалаци го добиваат својот препознатлив вкус преку намерно палење на пијалакот.

Треба да се забележи дека во хемијата, алкохол е општ поим за било кое органско соединение во кое се сврзува хидроксилна група (-OH) со јаглероден атом, кој понатаму е сврзан со други јаглеродни атоми и водород. Другите алкохоли како пропилен гликолот и шеќерните алкохоли се среќаваат често во храната, но овие алкохоли не ја прават храната "алкохолна".

Потрошувачка на алкохол

уреди

Според податоците на IWSR, фирма за истражување на пазарот, Кина има најголем пазар на алкохолни пијалаци и таа учествувала со 38% во вкупната светска потрошувачка во 2012 година.[1]

Најпопуларен алкохолен пијалак во светот бил вотката чија светска потрошувачка изнесувала 4,44 милијарди литри, од кои, речиси 2 милијарди отпаѓале на рускиот пазар, а потоа следувале пазарите на САД (малку над 600 милиони литри), Украина, Полска, Узбекистан, Белорусија, Казахстан, Велика Британија, Бразил и Германија. Мерено според потрошувачката по глава на жител, повторно, на првото место биле Русите, со испиени 13,9 литри по човек, а следувале Белорусите (11,3 литри), Украинците (7,7 литри), Полјаците (7 литри) итн.[1]

Во 2012 година, вкупната светска потрошувачка на рум изнесувала 1,47 милијарди литри, од кои, речиси нешто повеќе од 400 милиони отпаѓале на индискиот пазар, а потоа следувале пазарите на САД (200 милиони литри), Филипини, Куба, Германија, Шпанија итн. Мерено според потрошувачката по глава на жител, на првото место биле Кубанците, со испиени 4,9 литри по човек, а следувале Доминиканците (3,3 литри), Филипинците (1,4 литри), Канаѓаните (0,9 литри), Шпанците (0.7 литри) итн.[1]

Според вкупната потрошувачка во 2012 година, третиот најпопуларен алкохолен пијалак било шкотското виски, со вкупна светска потрошувачка од 0,86 милијарди литри. Најголеми количества виски биле потрошени во Франција, САД, Велика Британија, Бразил, Шпанија, Русија, Мексико, Јужна Африка, Тајланд и Индија, додека мерено според потрошувачката по глава на жител, на првото место биле Французите (1,9 литри), а по нив следувале Британците (0,9 литри), Шпанците (0,8 литри) итн.[1]

По вискито, во 2012 година, следувала потрошувачката на џин (0,44 милијарди литри), при што, најголеми пазарина џин биле: Филипини, САД, Шпанија, Британија, Индија, Холандија, Германија, Канада, Словачка и Уганда. Според потрошувачката по жител, на првото место биле Филипинците (1,4 литри), следени од Словаците (1,2 литри), Холанѓаните (0,8 литри) и Шпанците (0,6 литри).[1]

Петтиот најпопуларен пијалак во светот во 2012 година била текилата, со вкупна потрошувачка од 0,23 милијарди литри. Најголеми пазари на текила биле: САД, Мексико, Русија, Германија, Канада, Бразил, Јапонија, Британија, Франција и Шпанија. Според потрошувачката по жител, на првото место биле Мексиканците (0,63 литри), следени од Американците (0,36 литри), Канаѓаните (0,08 литри) итн.[1]

Алкохолните пијалаци како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Ликер“ - песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[2]
  • „Вино пијам ем ракија“ - македонска народна песна.[3]
  • „Кој ми го истури пивото“ (Who spilt my beer) - песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts).[4]
  • „Лош пијалак“ (англиски: Bad Liquor) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[5]
  • „Шише виски“ (Whiskey Bottle) - песна на американската рок-група Анкл Тупело (Uncle Tupelo).[6]
  • „Ода за моето омилено пиво“ (англиски: Ode to my favorite beer) - песна на американската група Бејсхед (Basehead) од 1992 година.[7]
  • „Бокал полн со бурбон“ (англиски: Jockey Full Of Bourbon) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[8]
  • „Алкохол“ (англиски: Alcohol) — песна на американската хард-кор група Gang Green од 1986 година[9]
  • „Придржи ми го пијалакот“ (англиски: Hold My Liquor) - песна на американскиот рапер Kanye West од 2013 година.[10]
  • „Песна за Алабама (Виски-бар)“ (англиски: Alabama Song(Whiskey Bar)) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1967 година.[11]
  • „Страв и виски“ (англиски: Fear and Whiskey) - албум на англиската рок-група Меконс (The Mekons) од 1985 година.[12]
  • „Исус и текила“ (англиски: Jesus And Tequila) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[13]
  • „Потоци од виски“ (англиски: Streams of Whiskey) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[14]
  • „Премногу ракија“ (англиски: Too Much Brandy) — песна на англискиот хип-хоп музичар Стритс (The Streets) од 2002 година.[15]
  • „Кралот Алкохол“ (хрватски: Kralj Alkohol) — песна на хрватската рок-група Тајм (Time) од 1972 година.[16]
  • „Еден бурбон, едно виски, едно пиво“ (англиски: One Bourbon, One Scotch, One Beer) - песна на американскиот блуз музичар Џон Ли Хукер (John Lee Hooker) од 1995 година.[17]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди