Вотка (руски: водка, полски: wódka = „водичка“) — жесток пијалак, најчесто безбоен, а се добива со дестилација на житарки или компири. Името на овој пијалак потекнува од словенскиот збор „вода“, како деминутив на руски.

Вотки во разни видови амбалажи

Вотката во главно се состои од алкохол (етанол) и вода. Количината на алкохол во вотката се движи од 35 % до 70 %. Класичната руска вотка има 40 % алкохол. Тоа се препишува на руските стандарди од 1894 година кој ги вовел Александар III, а кои биле засновани на истражувањата на Менделеев, кои подоцна тој ги употребил во својата докторска дисертација под наслов "Комбинирајќи ги алкохолите со вода".[1] Судејќи според анализите на музејот за вотка во Санкт Петербург, Менделеев дошол до сознание дека совршен процент на алкохол во вотката е 38 %, но сепак тие се одлучиле за цела бројка. По законот во САД, минимален процент на алкохол во вотка е 40 %, додека во Европа е 37,5 %.[2]

Мешавини

уреди

Иако во главно вотката се пие „чиста“, без никакви додатоци и состојки во пиењето, во Јужна Европа и скандинавските земји вотката се пие со раствор во други пијалаци, однсно со тоа се добиваат коктели, како што се: Блади Мери, Мартини и др.

Наводи

уреди
  1. "Идеалната формула на вотката е на Менделеев", Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 22.
  2. Gin and Vodka Association, http://www.ginvodka.org/history/vodkaproduction.html Архивирано на 6 јули 2019 г.