Св. Ахил (базилика)

(Пренасочено од Свети Ахил (базилика))

Свети Ахил ― црква на островот Ахил (Аил) во Мала Преспа, од крајот на 10 век, основана по заложба на царот Самоил.[1]

Остатоци од базиликата „Свети Ахил“ на Цар Самоил

По освојувањето на Лариса, Самоил ги пренел во Преспа моштите на епископот Св.Ахил Лариски (учесник на Првиот вселенски собор во Никеја) и изградил голем и убав храм, којшто го добил името на ларискиот епископ. Црквата била подигната како монументална трикорабна базилика, ѕидана од камен, со жртвеник и ѓаконик во облик на смален впишан крст, пресведен со купола. На западната страна бил изграден нартекс со правоаголна форма.[1]

Живопис

уреди

Од живописот, изведен непосредно по подигнувањето на црквата, денес се зачувани остатоци во источниот дел. Во олтарната апсида биле насликани елементи од троновите на црковните седишта на епархиите што влегувале во составот на Самоиловата црковна институција, придружени со текстови кои се однесуваат на овие административни седишта на тогашната црковна институција. Тоа говори дека во еден период црквата имала катедрален карактер.[1]

Вториот слој живопис, делумно зачуван во источниот дел од храмот, што настанал како резултат на подоцнежните интервенции во црквата, потекнува од средината на 11 век, а фрагментарно зачуваните фрески врз третиот слој малтер во ѓаконикот, се од крајот на 11 и почетокот на 12 век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 51–52. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

уреди