Абдула II (Јордан)

крал на Јордан

Абдула II бин ел-Хусеин ( арап. عبدالله الثاني بن الحسين ; роден на 30 јануари 1962 година) е крал на Јордан, кој владее од 7 февруари 1999 година. Тој е член на династијата Хашемити, кралско семејство на чело на Јордан од 1921 година и се смета за директен потомок (41-во поколение) на пророкот Мухамед.

Абдула II
Абдула во 2020
Крал на Јордан
На престол7 февруари 1999 – денес
Крунисување9 јуни 1999
ПретходникХусеин
ПрестолонаследникПрестолонаследник Хусеин
Роден(а)30 јануари 1962(1962-01-30)(62 г.)
Аман, Јордан
СопружникРанија ел Јасин (в. 1993)
Деца
Detail
Престолонаследник Хусеин
Принцезата Иман
Принцезата Салма
Принцот Хашем
Полно име
Абдула бин Хусеин бин Талал бин Абдула
ДинастијаХашемити
ТаткоХусеин од Јордан
МајкаМуна Ал-Хусеин
ВероисповедСунитски ислам
ПотписАбдула II's signature
Воена служба
Држава Јордан
Род Јордан Army
Служба1982–денес
ЧинФелдмаршал

Абдула е роден во Аман како прво дете на кралот Хусеин и неговата втора сопруга принцезата Муна. Како најстар син на кралот, Абдула бил престолонаследник додека Хусеин не ја префрлил титулата на чичкото на Абдула, принцот Хасан, во 1965 година. Неколку недели пред неговата смрт во 1999 година, кралот Хусеин го именувал својот најстар син Абдула за свој наследник.

Абдула, како уставен монарх, ја либерализирал економијата по преземањето на престолот, а неговите реформи довеле до економски бум кој продолжил до 2008 година. Во текот на следните години , економијата на Јордан доживеала потешкотии поради ефектите од Големата рецесија и Арапската пролет, како и поради прекинувањето на трговските односи со соседните земји. Во 2011 година, во арапскиот свет избија големи протести со барање реформи.

Абдула е популарен на локално и на меѓународно ниво поради одржување на стабилноста на Јордан и е познат по промовирањето на меѓуверскиот дијалог и умереното разбирање на исламот. Како актуелен арапски лидер кој најдолго владее, во 2016 година од страна на Кралскиот исламски центар за стратегиски студии бил оценет како највлијателниот муслиман во светот.[1] Абдула е чувар на муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим, позиција која неговата династија ја има уште од 1924 година.[2] По протекувањето на „Пандорините документи“ во 2021 година и „ Кредит Свис“ во 2022 година откриле дека Абдула има огромно богатство кое го маскирал преку офшор компании и даночни раеви.[3][4]

Биографија

уреди
 
Принцот Абдула (2 години) и принцот Фајсал со нивните родители, кралот Хусеин и принцезата Муна, во 1964 година

Абдула е роден на 30 јануари 1962 година во Аман, како дете на кралот Хусеин и неговата втората сопруга родена во Британија, принцезата Муна ел-Хусеин (родена Антоанета Аврил Гардинер).[5][6] Тој го носи името на неговиот прадедо, Абдула I, основачот на модерен Јордан.[7][8] Династијата на Абдула, Хашемитите, владеела со Мека преку 700 години (од 10 век до освојувањето на Мека од династијата Сауд во 1925 година), и владее со Јордан од 1921 година.[9][10] Хашемитите се најстара владејачка династија во муслиманскиот свет.[1] Според семејната традиција, Абдула е патрилинеарен потомок од 41-та генерација на ќерката на Мухамед Фатима и нејзиниот сопруг, Али, четвртиот Рашидунски калиф.[5][11]

Како најстар син на Хусеин, Абдула станал јордански престолонаследник според уставот од 1952 година.[8][12] Поради политичката нестабилност кралот Хусеин назначил возрасен престолонаследник на негово место, и во 1965 година го избрал вујкото на Абдула, принцот Хасан.[13] Абдула своето школување го започнал во 1966 година на Исламскиот образовен колеџ во Аман, а образованието го продолжил во Сент Едмунд во Англија. Средно училиште завршил во Иглбрук а потоа се запишал во Дирфилдската академија во САД.[5]

Абдула има четири браќа и шест сестри: принцезата Алија, принцот Фајсал, принцезата Ајша, принцезата Зеин, принцезата Хаја, принцот Али, принцот Хамза, принцот Хашем, принцезата Иман и принцезата Раја; седум од нив му се полубраќа и полусестри по таткова страна.[14]

 
Абдула, на 11 годишна возраст, за време на посетата на штабот на Јорданските кралски воздухопловни сили во 1973 година

Својата воена кариера ја започнал во Кралската воена академија Сандхерст во 1980 година, додека бил офицер за обука во јорданските вооружени сили.[5][15] По Сандхерст, Абдула бил назначен за втор поручник во британската армија и служел една година во Велика Британија и Западна Германија како командант на војници во 13-тиот/18-тиот полк на кралските хусари.[5] Во 1982-1983 година, Абдула II студирал во Оксфорд, на колеџот Пемброк, каде што посетувал курс посветен на проучувањето на Блискиот Исток. Откако се вратил во Јордан, се приклучил на елитната 40-та оклопна бригада на јорданските вооружени сили, како командант на вод и заменик командант на баталјон.[16]

Во 1985 година, принцот започнал да служи во 3-та дивизија на оклопниот корпус. Истата година, Абдула Втори посетувал курс за офицери на оклопни сили во американската Форт Нокс, Кентаки.[16] Во 1986 година, го добил чинот капетан.[16]

Во 1987 година, Абдула II студирал во Соединетите Американски Држави на Факултетот за надворешни работи при Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, каде што ја одбранил магистерската теза по меѓународна дипломатија без да ја прекине воената служба.[16]

Абдула се запознал со Ранија ел Јасин, вработена во отсекот на маркетинг во Епл во Аман, на вечера организирана од неговата сестра принцезата Ајша во јануари 1993 година.[17] Тие се свршиле два месеци подоцна, а во јуни склучиле брак.[17]

Во 1994 година Абдула ја презел командата на јорданските специјални сили и на другите елитни единици како бригаден генерал, и две години подоцна ги преструктуирал во Здружена команда за специјални операции.[16] Во 1998 година станал генерал-мајор, посетувал курс за управување со одбранбените ресурси во Американската поморска школа за постдипломски студии [16] и командувал со елитната единица на специјалните сили за потера по одметници.[18] Операцијата наводно завршила успешно, а неговото име се скандирало по улиците на Аман.[18]

Владеење

уреди

Абдула го придружувал својот татко во многу мисии, како и на состаноците во странство со советските и американските лидери.[19] Тој повремено бил регент на кралот Хусеин во текот на 1990-тите, но оваа должност претежно ја извршувал помладиот брат на Хусеин, престолонаследникот Хасан.[16] Абдула ја предводел делегацијата на неговиот татко во Москва на разговори во 1987 година.[19] Често го посетувал Пентагон во Вашингтон, каде што лобирал за поголема воена помош за Јордан.[19] Му се придружил на својот татко на посетите на Хафез Ал-Асад во Дамаск и Садам Хусеин во Багдад (пред Заливската војна во 1990 година ).[19] Абдула командувал со воените вежби за време на посетите на израелските воени функционери на Јордан во 1997 година, и бил испратен рачно да му достави порака на Муамер Гадафи во 1998 година.[19]

На 24 јануари 1999 година, две недели пред неговата смрт, кралот Хусеин ги изненадил сите, а и самиот Абдула, со тоа што наместо Хасан го прогласил својот син како наследник на престолот.[16]

Две недели подоцна, шефот на државата починал.[20] Истиот ден, принцот Абдула бил прогласен за нов крал.[20][21] Крунисувањето на кралот Абдула Втори се случило во јуни истата година по што следела поворка низ Аман од страна на 37-годишниот крал и неговата 29-годишна сопруга Ранија - тогаш најмладата кралица на светот.[21][22]

Кога Абдула се искачил на престолот како четврти крал на Јордан, имало сомнеж во неговата способност да управува со економската криза во земјата - последица од Заливската војна во 1990 година.[23][24] Кралот ја задржал умерената прозападна политика на неговиот татко, поддржувајќи го мировниот договор меѓу Израел и Јордан од 1994 година, а Соединетите Држави и арапските држави од Персискиот Залив ја зголемиле својата помош.[23]

Абдула во ноември 1999 година се пресметал со присуството на Хамас во Јордан по молбите од Соединетите Држави, Израел и палестинската управа.[25] Репресијата се случила за време на мировните преговори меѓу Израел и палестинските власти.[25] Кралот протерал четворица функционери на Хамас во Катар и ги затворил нивните канцеларии во Аман.[25] Мировните преговори пропаднале по насилното палестинско востание, Втората интифада, во септември 2000 година.[26] Абдула, ги предводел напорите за смирување на политичкото насилство.[18]

Еден од приоритетите на новиот крал бил економскиот развој на земјата. На почетокот на неговото владеење приватизирал некои државни претпријатија, а во 2000 година Јордан се приклучил на Светската трговска организација (СТО) и склучил договор за слободна трговија со Соединетите Држави. Во надворешната политика, Абдула II ја продолжил политиката на неговиот татко, според која Јордан станал „важен сојузник на Америка“. Било забележано дека Абдула II постојано ги осудувал терористичките напади извршени од муслимани од религиозни причини, ја поддржувал американската политика на војна против тероризмот и се залагал за проповедање на исламот како мирољубива религија. Тој посветил големо внимание на изнаоѓање начини за мирно решавање на израелско-палестинскиот конфликт; Во 2003 година, Јордан бил домаќин на самит на кој присуствувале американскиот претседател Џорџ В. Буш, израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот премиер Махмуд Абас.[27]

На внатрешен план, Абдула II, како и неговиот татко, цврстo се спротивставил на опозицискиот „Фронт на исламска акција“ - партија создадена под покровителство на меѓународната организација „Муслиманско братство[28] Тој го продолжил контроверзниот единствен непренослив изборен систем, спроведен од неговиот татко во 1991 година, кој ги загрозил исламските политички партии откако тие добиле 22 од 80 места на изборите во 1989 година.[28] Абдула пред изборите издал кралски декрет, со кој се вовел амандман на изборниот закон со кој на жените им се дава квота од шест места во Парламентот.[28]

Во 2007 година, било објавено дека Јордан примил 800.000 ирачки бегалци кои избегале по американската инвазија;[29] повеќето се вратиле во Ирак.[30] Во 2008 година, Абдула станал првиот арапски шеф на држава што го посетил Ирак по американската инвазија во 2003 година.[31] Посетата била во услови на загриженост на сунитските Арапи за растечкото иранско влијание во Ирак.[31]

Арапска пролет 2010-2014

уреди
 
Демонстрации на Арапската пролет во Аман против подоцна отповиканата владина одлука за намалување на субвенциите за гориво. 16 ноември 2012

На крајот од јануари 2011 година, во Јордан, како и во многу други земји за време на таканаречената „Арапска пролет“, започнале масовни демонстрации на незадоволни од политиката на властите и проблемите во економијата: растот на цените, големата невработеност и релативно нискиот животен стандард.[32] Демонстрантите повикале на распуштање на парламентот кој бил избран три месеци претходно во ноември 2010 година, кога прорежимските кандидати освоиле мнозинство пратенички места.[32] Јорданската монархија била првиот арапски режим кој понудил политички отстапки за време на Арапската пролет.[32] Демонстрантите барале премиерот на земјата да биде избран од народот, а не назначен од кралот. Обидувајќи се да го смири незадоволството, на 1 февруари, Абдула II уште еднаш го разрешил премиерот и целиот кабинет (во претходните години, кралот го осум пати го направил тоа), а исто така ветил дека владата ќе стане изборна.

Во ноември 2012 година, владата ги намалила субвенциите за гориво, што предизвикало раст на цените.[33] Одлуката, која подоцна била отповикана, предизвикала големи протести низ целата земја.[34] Режимот ги смирил немирите со воведување реформи, измена на околу една третина од уставот и формирање Уставен суд и Независна изборна комисија.[35]

 
Абдула се состанал со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, 5 април 2017 година

Западен Брег

уреди

Во декември 2012 година, Абдула бил првиот шеф на држава што го посетил Западниот Брег по гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации за доделување на палестинската управа статус на земја набљудувач која не е членка.[36] Јордан се залага за независна палестинска држава, со граници од 1967 година, како дел од решението за две држави и од врвен национален интерес.[37] Јордан, е единствената земја што се граничи со Западниот Брег освен Израел, управувал со него по Арапско-израелската војна во 1948 година и ја загубил Шестдневната војна во 1967 година.[36] Анексија на Западниот Брег не била меѓународно призната, а во 1988 година кралството го отстапил своето право на територијата.[36]

Регионални превирања 2014–2019 година

уреди

Избувнувањето на сириската граѓанска војна во март 2011 година принудила многу бегалци да ја поминат границата на Јордан со Сирија - околу 3.000 бегалци дневно во почетните фази на војната.[38] Во интервју за Би-Би-Си во ноември 2011 година, Абдула рекол дека би поднел оставка ако е на местото на Башар Ал Асад.[39]

Во април 2014 година, Исламската држава Ирак и Левант (ИДИЛ), огранок на Ал Каеда која се појавила на почетокот на 2014 година по протерувањето на ирачките владини сили од клучните градови, објавила онлајн видео кое се заканува дека ќе го нападне кралството и ќе го убие Абдула (кого го гледале како непријател на исламот).[40] Во август 2014 година, илјадници ирачки христијани избегале од ИДИЛ и побарале засолниште во јорданските цркви.[41]

Откако Јордан се приклучил на меѓународната коалиција против ИДИЛ во средината на септември 2014 година, безбедносниот апарат на земјата спречил терористички заговор насочен кон цивили во Јордан.[42] Набргу потоа, Абдула во интервју рекол дека границите на земјата со Ирак и Сирија се „исклучително безбедни“.[42]

Како врховен командант, Абдула ја започнал операцијата Маченик Муат, серија воздушни напади против цели на ИДИЛ, насочени кон складишта за оружје, кампови за обука и постројки за вадење нафта.[43] Неговата одмазда била пофалена на Интернет, каде што бил наречен „Кралот воин“.[44]

За време на интервју за Би-Би-Си во јануари 2016 година, Абдула рекол дека Јордан е на „точка на вриење“ поради приливот на сириски бегалци, Јордан тврдел дека повеќе од еден милион Сиријци побарале засолниште во Јордан.[45] Јордан постојано примал бегалци - Палестинците во 1948 и 1967 година, Ирачаните за време на американската инвазија и сега Сиријците, кои сочинувале околу 20 проценти од тогашното 9,5 милионско население на Јордан - и, според Абдула, „За прв пат, не можеме да го правиме тоа повеќе“.[30][45]

 
Абдула се состанал со американскиот претседател Џо Бајден на 19 јули 2021 година

Општите избори во Јордан во ноември 2016 година биле први избори по 1989 година, каде се користела форма на пропорционална застапеност; избори во меѓувреме го користеле единствениот непренослив систем на гласови.[46] Реформите ги охрабриле опозициските партии, меѓу кои и Исламскиот акционен фронт (кој ги бојкотирал претходните избори, и оние во 2010 и 2013 година), да учествуваат.[46]

Абдула воспоставил тесна соработка меѓу Јордан и Меѓународната организација на трудот (МОТ).[47][48] Помеѓу 2013 и 2015 година, МОТ започнал програми во Јордан за поддршка на вработувањето на бегалците во Јордан. Во 2016 година, Јордан го потпишал Јорданскиот договор, кој ги подобрил можностите за законски вработувања на бегалците.[49]

На 25 јуни 2018 година, Абдула остварил уште една официјална посета на Вашингтон. Тој бил пречекан од претседателот Трамп во Белата куќа и разговарале за „тероризмот, заканата од Иран и кризата во Сирија и напорите за траен мир меѓу Израелците и Палестинците“.[50][51] Во август 2018 година, откако администрацијата на Трамп објавила дека ќе го прекине целото американско финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA),[52] Абдула се обидел да ги замени американските фондови. Јордан свикал состаноци на Арапската лига и западните земји.[53][54]

2020-ти

уреди

Во интервју за Шпигел во мај 2020 година, Абдула ги критикувал плановите на Доналд Трамп за мир на Блискиот Исток и истакнал дека евентуалната израелска анексија на Западниот Брег предизвикува конфликти.[55] Откако Џо Бајден победил на претседателските избори во Соединетите држави во 2020 година, Абдула бил првиот арапски лидер кој му честитал на Бајден за победата.[56]

Во април 2021 година, Абдула наредил апсење на неговиот полубрат, принцот Хамза бин Хусеин, и дваесет други дворјани поради „бунт“.[57] На 7 април, кралот Абдула II за прв пат зборувал јавно по наводниот државен удар и рекол дека јорданската кралска кавга е завршена, наведувајќи дека „бунтот“ што му предизвика „болка и гнев“ бил погребан и дека Хамза сега е „во неговата палата под моја заштита“.[58][59] Абдула, исто така, изјавил дека кризата започнала кога началникот на воениот штаб на Јордан го посетил Хамза и го предупредил да престане да присуствува на состаноците со критичарите на владата.[58]

Титули, почести и награди

уреди

Титули

уреди
  • 30 јануари 1962 година – 1 март 1965 година: Неговото кралско височество престолонаследник на Јордан
  • 1 март 1965 година – 24 јануари 1999 година: Неговото кралско височество принцот Абдула од Јордан
  • 24 јануари 1999 година – 7 февруари 1999 година: Неговото кралско височество престолонаследник на Јордан
  • 7 февруари 1999 година – присутни: Неговото Височество Кралот на Хашемитското Кралство Јордан

Почести

уреди
  •   Јордан:
    •   Голем мајстор на Редот на Ал-Хусеин бин Али . 
    •   Голем мајстор на Врховниот ред на ренесансата . 
    •   Голем мајстор од редот на Хашемитската ѕвезда.[60]
    •   Голем мајстор на Редот на воена галантерија.[61]
    •   Голем мајстор на Орденот на Ѕвездата на Јордан . 
    •   Голем мајстор на Орденот на независноста . 
    •   Голем мајстор од Орден за воени заслуги.
    •   Основач на Големиот мајстор на редот на кралот Абдула II бин Ал Хусеин за извонредност.
    •   Суверен на Медалот за извонредност Ал-Хусеин.[61]
    •   Суверен на медалот за долга служба.
    •   Суверен на Медал за административна и лидерска компетентност.
    •   Суверен на Медал за административна и техничка компетентност.
    •   Суверен на Медал за административна и обука за компетентност.

Странски почести

уреди
  •   Австрија:
    •   Голема ѕвезда на Одликувањето за честа за услуги на Република Австрија (јануари 2001)[61]
  •   Бахреин:
    •   Голем кордон со јака од Редот на Ал-Калифа (4 ноември 1999).[62]
  •   Белгија:
    •   Големи кордон од Редот на Леополд (18 мај 2016).[63]
  •   Брунеј:
    •   Добитник на Орден на кралското семејство на круната на Брунеи (13 мај 2008).[64]
  •   Кипар:
    •   Голема јака од Редот на Макариос III (17 декември 2021)
  •   Чешка:
    •   Прва класа од Орденот на белиот лав (11 февруари 2015)[65]
  •   Финска:
    •   Голем крст со јака од Орденот на белата роза (2010).[66]
  •   Германија:
    •   Голем крст Специјална класа од Редот за заслуги на Сојузна Република (10 октомври 2002).[62]
  •   Италија:
    •   Витешки Голем крст со јака од Редот за заслуги на Италијанската Република (9 февруари 2001)
    •   Витешки Голем крст од Редот за заслуги на Италијанската Република (15 јануари 1987)
  •   Јапонија:
    •   Јака од редот на хризантемата (30 ноември 1999).[67]
    •   Голем кордон од редот на хризантемата (ноември 1993).[68]
  •   Казахстан:
    •   Добитник на медалот 10 години од Астана , (18 мај 2008)[69]
  •   Мароко:
    •   Јака од Редот на Мухамед
    •   Голем кордон од Редот на престолот
  •   Холандија:
    •   Голем крст од Редот на холандскиот лав (30 октомври 2006)
  •   Палестински територии :
    •   Голем кордон од Редот на Ерусалим (21 ноември 2015)[70]
  •   Перу:
    •   Голем крст од Редот на Сонцето од Перу (31 мај 2005)
  •   Полска:
  •   Португалија:
    •   Голема јака од Редот на Свети Џејмс од мечот (16 март 2009)[71]
    •   Голема јака од Редот на принцот Хенри (5 март 2008)[71]
  •   Романија:
    •   Јака од Редот на Ѕвездата на Романија (20 декември 2005)[72]
  •   Словенија:
    •   Златен орден на слободата (2002)
  •   Јужна Кореја:
  •   Шпанија:
    •   Голем крст со јака од Редот на Чарлс III (21 април 2006)[се бара извор]
    •   Голем крст со јака од Редот на Изабел Католичката (18 октомври 1999)[се бара извор]
    •   Голем крст од Редот за поморски заслуги, со бела одлика (15 септември 1995)[се бара извор]
    •   Голем крст од Редот за воздухопловна заслуга, со бела одлика (23 декември 1999)
  •   Шведска:
  •   Тунис:
    •   Голем кордон од Редот на Републиката
  •   Украина:
    •   Прв степен на Орден за заслуги (22 јуни 2011)
    •   Прва класа од Редот на принцот Јарослав Мудриот (23 април 2002)
  •   Обединето Кралство:
    •   Почесен витешки голем крст од Редот на Бат, воена класа (6 ноември 2001)[73]
    •   Почесен витешки голем крст од Редот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи (12 мај 1999)[73]
    •   Почесен витешки командант на кралскиот викторијански ред (26 март 1984)[74]

Почесни дипломи

уреди
  • 1 јануари 2001: Докторат по политички науки, Универзитетот во Јордан .[75]
  • 3 септември 2004: Докторат, Институт за меѓународни односи во Москва .[76]
  • 21 март 2005: Доктор по хумани писма за социо-економски развој во Јордан и промовирање на меѓуверскиот дијалог, Универзитетот Џорџтаун.[77]
  • 15 декември 2005: Докторат по политички науки, Универзитетот Чулалонгкорн во Тајланд.[78]
  • 4 јуни 2008: Докторат по граѓанско право, Универзитетот во Оксфорд.[79]
  • 8 ноември 2011: Докторат по хуманитарни науки за напорите во одбраната на светите места во Ерусалим, Универзитетот Ал-Кудс (претставен од палестинскиот претседател Махмуд Абас).[80]

Награди

уреди
  • 16 март 2002: Награда за глобално лидерство од Организацијата за млади претседатели (Калифорнија).[81]
  • 30 септември 2003: Награда за политичка храброст од Здружението на Сорбона за надворешна политика во Франција.[82]
  • 20 октомври 2003: Награда за пионер во е-бизнис, списание Arab Business (Обединети Арапски Емирати).[83]
  • 16 април 2004: Награда INFORUM 21ви век од Комонвелт клубот во Калифорнија, доделена на млади лидери кои се стремат кон позитивни промени.[84]
  • 9 јуни 2004: Награда Златен штит (Чикаго) за напорите за стабилизирање на Блискиот Исток.[85]
  • Јуни 2004: Награда за достигнување Златна плоча на Академијата за достигнувања.[86][87]
  • На 21 март 2005: Меѓународна награда за попреченост на Френклин Делано Рузвелт, Обединети нации.[88]
  • 21 јуни 2005: Награда за толеранција од Центарот Симон Визентал.[89]
  • 21 декември 2005: Награда Златен медал на Атина.[90]
  • 8 мај 2007: Награда за миротворец, Семиња на мирот.[91]
  • 8 октомври 2016: Награда за мир на Вестфалија, Германија;[92] Германскиот претседател Јоахим Гаук рекол дека Абдула и Јорданците поставуваат „стандарди за човештвото“ со нивниот одговор на бегалската криза.[92]
  • 16 ноември 2016: Награда за мир (Казахстан) за придонеси во безбедноста и јадреното разоружување.[93]
  • 19 јануари 2017: Медал на Абу Бакр Ал Сидеик (прва класа) од Организацијата на арапската Црвена полумесечина и Црвен крст за поддршката на Јордан на палестинскиот народ и напорите во име на сириските бегалци.[94]
  • 27 јуни 2018: Награда Темплтон за промовирање на меѓуверскиот дијалог, во изјавата за доделување се вели дека Абдула „направил повеќе за верска хармонија во исламот и меѓу исламот и другите религии отколку кој било друг жив политички лидер“.[95]
  • 21 ноември 2019: Награда за научник-државник од Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток.[96]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Profile: King Abdullah II of Jordan“. themuslim500.com. 1 January 2017. Архивирано од изворникот на 18 December 2016. Посетено на 13 February 2017.
  2. „Jerusalem deal boosts Jordan in Holy City: analysts“. The Daily Star. 2 April 2013. Архивирано од изворникот на 22 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  3. „The Washington Post . Jordan's King Abdullah uses shell companies to buy lavish overseas homes, records show“. The Washington Post. Посетено на 4 October 2021.(бара претплата)
  4. Drucker, Jesse; Hubbard, Ben (2022-02-20). „Vast Leak Exposes How Credit Suisse Served Strongmen and Spies“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2022-02-20.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „His Majesty King Abdullah II ibn Al-Hussein“. kingabdullah.jo. Архивирано од изворникот на 13 February 2017. Посетено на 1 February 2017.
  6. „Our Founder“. مستشفى فلسطين – Palestine Hospital (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-16. Посетено на 17 December 2021.
  7. Jawad Anani (23 November 2015). „Enacting laws“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 4 January 2018. Посетено на 3 January 2018.
  8. 8,0 8,1 „Jordan profile – Leaders“. BBC. 3 February 2015. Архивирано од изворникот на 22 July 2016. Посетено на 1 November 2016.
  9. „King Hussein is dead“. CNN. 7 February 1999. Архивирано од изворникот на 1 January 2017. Посетено на 1 November 2016.
  10. Afshin Shahi (2013). The Politics of Truth Management in Saudi Arabia. стр. 51. ISBN 9781134653195. Архивирано од изворникот на 6 February 2018. Посетено на 3 January 2018.
  11. Shlaim 2009.
  12. „Jordan's king names son, 15, as crown prince“. Reuters. 3 July 2009. Архивирано од изворникот на 17 August 2017. Посетено на 3 January 2018.
  13. Jehl, Douglas (1999). „King Hussein Selects Eldest Son, Abdullah, as Successor“. The New York Times.
  14. „King Hussein bin Talal“. kinghussein.gov.jo. Архивирано од изворникот на 21 October 2016. Посетено на 1 November 2016.
  15. Teller, Matthew (26 August 2014). „Sandhurst's sheikhs: Why do so many Gulf royals receive military training in the UK?“. BBC News. Архивирано од изворникот на 26 March 2016. Посетено на 1 November 2016.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 16,7 Tucker, Spencer; Roberts, Priscilla (2008). The Encyclopedia of the Arab–Israeli Conflict: A Political, Social, and Military History. ABC-CLIO. стр. 25. ISBN 9781851098422. Архивирано од изворникот на 6 February 2018. Посетено на 1 November 2016.
  17. 17,0 17,1 Lamb, Christina (30 April 2017). „The Interview: Queen Rania of Jordan on the refugee crisis, Isis and being a Muslim woman“. The Times. Посетено на 3 January 2018.
  18. 18,0 18,1 18,2 „King Abdullah Profile“. BBC. 2 November 2001. Архивирано од изворникот на 30 July 2016. Посетено на 13 February 2017.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 „Jordan's New Crown Prince, Abdullah bin Hussein“. The Washington Institute for Near East Policy. 25 January 1999. Архивирано од изворникот на 13 February 2017. Посетено на 10 February 2017.
  20. 20,0 20,1 Wilkinson, Tracy; Trounson, Rebbeca (8 February 1999). „Jordan Mourns King as Leaders Gather at Funeral“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 6 March 2016. Посетено на 1 November 2016.
  21. 21,0 21,1 „Jordan crowns new King“. BBC News. 9 June 1999. Архивирано од изворникот на 22 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  22. „What Queen Rania wants for the world“. CNN. 14 July 2008. Архивирано од изворникот на 19 January 2013. Посетено на 3 January 2018.
  23. 23,0 23,1 „Jordan's new king“. The Economist. 11 February 1999. Архивирано од изворникот на 14 February 2017. Посетено на 13 February 2017.
  24. Hockstader, Lee (9 August 1999). „Jordan's Monarch Goes Undercover“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 9 September 2016. Посетено на 10 February 2017.
  25. 25,0 25,1 25,2 Hirst, David (27 November 1999). „Jordan curbs Hamas“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 13 February 2017. Посетено на 10 February 2017.
  26. „Jordan's pragmatic king looks to future“. BBC. 24 August 2001. Архивирано од изворникот на 14 February 2017. Посетено на 13 February 2017.
  27. Abdullah II of Jordan (2011). Our Last Best Chance: The Pursuit of Peace in a Time of Peril. Penguin UK. ISBN 9780141960395. Архивирано од изворникот на 6 February 2018. Посетено на 8 May 2017.
  28. 28,0 28,1 28,2 Ryan, Curtis; Schwedler, Jillian (1 June 2004). „Return To Democratization or New Hybrid Regime?: The 2003 Elections in Jordan“ (PDF). Wiley-Blackwell. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 August 2017. Посетено на 13 February 2017.
  29. „World 'ignoring Iraqi refugees'. BBC. 20 March 2007. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  30. 30,0 30,1 Ghazal, Mohammad (30 January 2016). „Population stands at around 9.5 million, including 2.9 million guests“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 19 October 2017. Посетено на 4 January 2018.
  31. 31,0 31,1 „Jordan's king in first Iraq visit“. BBC. 11 August 2008. Архивирано од изворникот на 1 March 2017. Посетено на 29 May 2017.
  32. 32,0 32,1 32,2 Blomfield, Adrian (1 February 2011). „King Abdullah II of Jordan sacks government amid street protests“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 2 July 2012. Посетено на 14 February 2017.
  33. „Jordan: Year in Review 2012“. Oxford Business Group. 20 December 2012. Архивирано од изворникот на 5 September 2014. Посетено на 20 March 2016.
  34. „Political and economic problems fuel Jordan protests“. Dale Gavlak. BBC. 16 November 2012. Архивирано од изворникот на 14 May 2015. Посетено на 7 January 2018.
  35. „King Abdullah Seeks to Champion Jordanian Reforms“. Osama Al Sharif. Al Monitor. 18 March 2013. Архивирано од изворникот на 9 January 2018. Посетено на 7 January 2018.
  36. 36,0 36,1 36,2 Kereshner, Isabel (6 December 2012). „Visit to West Bank by King Gives Palestinians a Lift“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 18 March 2017. Посетено на 17 February 2017.
  37. Malkawi, Khetam (16 February 2017). „Palestinian state of highest national interest for Jordan – gov't“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 16 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  38. Gavlak, Dale (22 January 2013). „Flow of Syrian refugees into Jordan intensifies“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот на 19 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  39. Jean-Nicholas Fievet (11 November 2011). „King Abdullah Says Syrian Leader Should Go“. ABC News. Архивирано од изворникот на 12 October 2017. Посетено на 7 June 2017.
  40. Tom Coghlan; Catherine Philp; Sara Elizabeth Williams (24 June 2014). „Isis spreads terror with plundered US weapons“. The Times. Посетено на 18 March 2017.
  41. Stator, Brenda (19 March 2015). „Iraqi Christians find safe haven in Jordan's churches“. Al Monitor. Архивирано од изворникот на 19 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  42. 42,0 42,1 Sterman, Adiv (22 September 2014). „Jordanian king says borders 'secure' from Islamic State“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  43. „Jordan says it has carried out 56 air strikes against Isis“. The Guardian. 9 February 2015. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  44. „WATCH: Meet the Hashemites, Jordan's 'Warrior-king' at the Center of the Fight Against ISIS“. Haaretz. 9 February 2015. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  45. 45,0 45,1 „Syria conflict: Jordanians 'at boiling point' over refugees“. BBC. 2 February 2016. Архивирано од изворникот на 17 February 2017. Посетено на 17 February 2017.
  46. 46,0 46,1 „Jordan election seen as small step toward democratic reform“. Agence France-Presse. 20 September 2016. Архивирано од изворникот на 23 September 2016. Посетено на 23 September 2016.
  47. „His Majesty King Abdullah II bin al-Hussein of the Hashemite Kingdom of Jordan addresses the 91st International Labour Conference“. www.ilo.org (англиски). 12 June 2003. Архивирано од изворникот на 21 April 2021. Посетено на 21 April 2021.
  48. „Kingdom wins three-year deputy seat on ILO governing body“. Arab News (англиски). 14 June 2017. Архивирано од изворникот на 14 June 2017. Посетено на 21 April 2021.
  49. „ILO Response to Syrian Refugee Crisis in Jordan (Arab States)“. www.ilo.org (англиски). Архивирано од изворникот на 30 September 2019. Посетено на 21 April 2021.
  50. „Trump cites Middle East progress, hosts Jordan's King Abdullah“. Al Arabiya English (англиски). 26 June 2018. Посетено на 14 March 2021.
  51. „Trump Meets Jordan's Abdullah as US Prepares to Unveil Middle East Peace Plan | Voice of America – English“. www.voanews.com (англиски). Посетено на 14 March 2021.
  52. „US confirms end to funding for UN Palestinian refugees“. The Guardian (англиски). 31 August 2018. Посетено на 23 January 2021.
  53. Schwartz, Felicia (19 September 2018). „Jordan Scrambles to Recoup Funds for Palestinians Lost to U.S. Cuts“. The Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 23 January 2021.
  54. Sharif, Osama Al (30 August 2018). „Jordan can't afford to lose UNRWA battle“. Al-Monitor (англиски). Посетено на 23 January 2021.
  55. „Jordan's King Abdullah II: "The Danger of People Starving to Death Is Greater than the Danger from the Virus Itself". www.spiegel.de – Der Spiegel International (англиски). 15 May 2020. Посетено на 9 January 2021.
  56. Sharif, Osama Al (22 January 2021). „King Abdullah engaged regional leaders in preparation for Biden's presidency“. Al-Monitor (англиски). Посетено на 23 January 2021.
  57. Warrick, Joby; Dadouch, Sarah; Hendrix, Steve. „Nearly 20 arrested in alleged plot against Jordan's King Abdullah II“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 21 April 2021.
  58. 58,0 58,1 „Jordan's King Abdullah says 'sedition' quashed“. Al Jazeera. 7 April 2021. Посетено на 21 April 2021.
  59. „After alleged coup attempt, Jordan's King Abdullah signals end to royal feud“. The Washington Post. 7 April 2021. Посетено на 21 April 2021.
  60. AP (5 April 2021). „Jordanian King Abdullah II sends tough message on dissent in royal family“. Business Standard India. Посетено на 4 May 2021.
  61. 61,0 61,1 61,2 „Request Rejected“. www.cpc.gov.ae. Архивирано од изворникот на 2021-05-04. Посетено на 4 May 2021.
  62. 62,0 62,1 „Home“. www.mofa.gov.bh (англиски). Посетено на 4 May 2021.
  63. „Nuevo duelo de reinas: una Rania muy demodé no puede con una Matilde sublime. Noticias de Casas Reales“. 18 May 2016. Архивирано од изворникот на 24 July 2016. Посетено на 13 July 2016.
  64. „ODM of Brunei: Order of the Crown of Brunei“. www.medals.org.uk. Посетено на 4 May 2021.
  65. „Jordan, Czech Republic set to boost ties at all levels“. The Jordan Times (англиски). 11 February 2015. Посетено на 4 October 2020.
  66. „Suomen Valkoisen Ruusun ritarikunnan suurristin ketjuineen ulkomaalaiset saajat“. Ritarikunnat.fi. Архивирано од изворникот на 4 September 2019. Посетено на 23 May 2020.
  67. „Decorations and Medals - Presidency of the Republic of Lebanon“. www.presidency.gov.lb. Архивирано од изворникот на 2012-04-13. Посетено на 4 May 2021.
  68. „MOFA: Joint Press Statement on the Occasion of King Abdullah II's State Visit to Japan“. mofa.go.jp. Посетено на 5 October 2020.
  69. „Абдалла II – король Иордании“. Архивирано од изворникот на 2 October 2009.
  70. „الرئيس يقلد العاهل الأردني وسام القدس“. www.wafa.ps. Посетено на 14 January 2019.
  71. 71,0 71,1 „Cidadãos Estrangeiros Agraciados com Ordens Portuguesas“ (португалски). Portuguese Presidency (presidencia.pt). Архивирано од изворникот на 8 February 2012. Посетено на 22 February 2017.
  72. „King Abdullah, Romanian President hold talks | King Abdullah II Official Website“. kingabdullah.jo. Посетено на 5 October 2020.
  73. 73,0 73,1 „Honorary Knighthoods Awarded 1997-2006“. data.parliament.uk. 2009. Посетено на 14 January 2022.
  74. „King Abdullah II: as the Jordanian king celebrates his birthday HELLO! Online brings you 10 facts about him“. HELLO! (англиски). 30 January 2014. Посетено на 14 October 2020.
  75. „Honorary Doctorate granted by UJ“. University of Jordan. 1 January 2001. Архивирано од изворникот на 16 November 2016. Посетено на 22 February 2017.
  76. „King Abdullah II reiterates condemnation to terrorism“. kingabdullah.jo. 3 September 2004. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  77. „Honorary Degree Recipients – Governance“. Georgetown University. 21 March 2005. Архивирано од изворникот на 18 January 2017. Посетено на 17 January 2017.
  78. „Islam reviles aggression against innocents – King“. kingabdullah.jo. 15 December 2005. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  79. „King calls for peace on eve of 1967 war anniversary“. kingabdullah.jo. 4 June 2008. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  80. „King receives honorary doctorate from Al Quds University“. Ammon News. 8 November 2011. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  81. „Speech of His Majesty King Abdullah II upon Accepting The Young Presidents Organisation's Global Leadership Award“. kingabdullah.jo. 16 March 2002. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  82. „King and Queen Leave to Madrid“. kingabdullah.jo. 30 September 2003. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  83. „King Abdullah II Calls for Enhancing Cooperation Among Leaderships“. kingabdullah.jo. 20 October 2003. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  84. „King Abdullah II of Jordan Speaks About The Middle East“. Getty Images. 16 April 2004. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  85. „King Starts a Visit to the United States“. kingabdullah.jo. 9 June 2004. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  86. „King Receives the US Achievement Academy's Award“. kingabdullah.jo. 13 June 2004. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  87. „Golden Plate Awardees of the American Academy of Achievement“. achievement.org. American Academy of Achievement.
  88. „King returns home“. kingabdullah.jo. 24 March 2005. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  89. „King receives Simon Wiesenthal Center delegation“. kingabdullah.jo. 21 June 2005. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  90. „Remarks by His Majesty King Abdullah II upon Receiving the Golden Medal of Athens Award“. kingabdullah.jo. 21 December 2005. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  91. „King, Queen receive Peacemaker Award“. kingabdullah.jo. 8 May 2007. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  92. 92,0 92,1 „Jordan's King Abdullah II awarded peace prize in Germany“. The Times of Israel. Associated Press. 8 October 2016. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  93. „King 'a worthy first recipient' of Kazakh prize on nuclear disarmament efforts, paper says“. The Jordan Times. 5 October 2016. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  94. „King accepts medal from Red Crescent, Red Cross organisation“. The Jordan Times. 24 January 2017. Архивирано од изворникот на 16 February 2017. Посетено на 22 February 2017.
  95. „King Abdullah II Of Jordan Awarded 2018 Templeton Prize“. 27 June 2018. Посетено на 7 July 2018.
  96. „Jordan's King Abdullah II ibn Al Hussein Receives Washington Institute Scholar-Statesman Award“. The Washington Institute (англиски). 22 November 2019. Посетено на 3 February 2021.