Хашимити
Хашимити (арап. الهاشميون, или Хашимитска династија) ― кралско семејство од Јордан на чие чело се од 1921 година. Биле кралско семејство на кралствата Хиџаз (1916–1925), Сирија (1920) и Ирак (1921–1958). Семејството континуирано од 10 век владеело со градот Мека, честопати како вазали на други држави, а по сојузот со Британската империја во Првата светска војна им биле дадени троновите на Хиџаз, Сирија, Ирак и Јордан; овој договор станал познат како „Шарифско решение “.
За нивен предок се смета Хашим ибн Абд Манаф, прадедо на исламскиот пророк Мухамед. Хасанидските шарифи од Мека (од кои директно потекнува Хашимитското кралско семејство),[1] биле зајдиски шиити кои во раниот отомански период преминале во шафитски сунитски ислам.[2]
Актуелната династија била основана од шарифот Хусеин ибн Али, кој бил именуван за шариф и емир на Мека од султанот Абдул Хамид II во 1908 година, а потоа во 1916 година - по склучувањето таен договор со Британците - по иницирањето на Арапското востание против Отоманското Царство бил прогласен за крал на арапските земји (но признат само како крал на Хиџаз). Неговите синови Абдула и Фејсал седнале на престолите на Јордан и Ирак во 1921 година, а неговиот прв син Али го наследил како крал на Хиџаз во 1924 година. Абдула бил убиен во 1951 година, но неговите потомци до денес продолжиле да владеат со Јордан. Другите две гранки од династијата не опстојале; Али бил соборен од Ибн Сауд откако Британците во 1924/25 година престанале да го поддржуваат Хусеин, а внукот на Фејсал, Фејсал II, бил погубен во ирачкиот државен удар од 1958 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Curatola, Giovanni (2007). The Art and Architecture of Mesopotamia. Abbeville Press. ISBN 978-0-7892-0921-4.
- ↑ „Shiʿites in Arabia“. Encyclopædia Iranica. Посетено на 2019-08-29.
The Zaydi denomination of the (Ḥasanid) Sharifian rulers of Mecca and the Imāmi-Shiʿi leanings of the (Ḥosaynid) emirs of Medina were well known to medieval Sunni and Shiʿi observers. This situation gradually changed under Mamluk rule (for the development over several centuries, up to the end of the Mamluk period, see articles by Mortel mentioned in the bibliography below). A number of Shiʿite and Sunnite sources hint at (alleged or real) sympathy for the Shiʿa among the Hāshemite (officially Sunni) families of the Ḥejāz, or at least some of their members