Севернофризиски Острови

островска група

Севернофризиски Острови — група на острови во Ваденското Море, дел од поголемото Северно Море, близу западниот брег на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Германските острови припаѓаат на историската област Северна Фризија и се дел од Националниот парк Шлезвиг-Холштајн и округот Северна Фризија. Понекогаш, и островот Хелголанд е приклучуван во оваа група.

Севернофризиски Острови
Географија
МестоСеверно Море
Вкупно острови13
Поголеми островиЗилт, Фер, Амрум, Пелворм
Држава
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругСеверна Фризија
Демографија
Етнички групиГерманци, Фризи, Данци


Хернум Оде и Зилт во позадина.

Во рамките на Севернофризиските Острови, понекогаш влегуваат и Данските Ваденски Острови близу западниот брег на полуостровот Јитланд, Данска. Припаѓаат на општините Тендер и Есбјерг. Малцинската заедница Фризи живеат само на германските острови.

Историја

уреди

По фризиското и данското населување на островите во VIII век, фризиските стотинки (административна единица) помеѓу Ајдерштет и Зилт станале Утланде. Северните Фризи во Утланде биле под власт на данскиот крал и биле познати како „Кралските Фризи“ (Königsfriesen). Дури подоцна биле префрлени на Војводството Шлезвиг, со исклучок на малите дански кралски енклави. Дел од Реме исто така бил управуван од војводата на Шлезвиг. По германско-данските војни, островите од Нордштранд до Реме станале дел од Прусија во 1866 година. По референдумот во 1920 година била повлечена моменталната граница помеѓу островите Зилт и Реме.

Добар и опсежен преглед на животот, работата, јазиците, облеката и обичаите на островските Фризи е прикажана во фризискиот музеј „Карл Хеберлин“ во градот Вик на Фер.

Острови

уреди

Постојат четири поголеми острови и десет помали островчиња. Имињата на поголемите острови се Зилт, Фер, Амрум и Пелворм. Островчињата се наречени и хализи (Halligen). Во средновековниот период, денешниот полуостров Нордштранд и Пелворм како и хализите биле дел од големиот остров Штранд. Овој остров бил поделен на делови при ужасната бура во 1634 година.

Зилт (германски: Sylt; зелриншки: Söl' ; дански: Sild) — најголем во западните Фризиски Острови со површина од околу 100 км2. До него може да се дојде преку насипот наречен Хинденбургов насип; преку насипот поминуваат само возови. Во летните месеци, островот е преполн со туристи, вклучувајќи ги и оние кои имаат желба за нудизам. Сликата на Зилт е дека претставува место за славните и богатите. Главен град на островот е Вестерланд. Северниот крај на Зилт, Еленбоген (Ellenbogen), претставува најсеверната точка на Германија. Логор „Зилт“, нацистички концентрациски камп на Олдерни, бил именуван по островот.

Споредено со Зилт, Фер (германски: Föhr; фериншки: Feer; дански: Før) — релативно тивок остров. Зафаќа површина од 82 км2. Шеснаесет стари населби раштркани по островот, некои од нив постоеле уште во XIII век. Главен град на островот е Вик на југоисточниот брег. Вик е омилено германско приморско одморалиште. Не постои мост или насип кој го поврзува Фер со копното; така фериботите се единствената врска. Фериботското пристаниште, пристаништето и марината се наоѓаат во Вик.

Амрум (германски: Amrum; емраншки: Oomram) зафаќа само 20 км2, но е популарен меѓу туристите, иако помалку од Зилт. Западната половина на островот има плажа долга 12 километри и широка 1 километар. Селата се наоѓаат на источниот брег, а Витдин е најважното меѓу нив.

Пелворм (германски: Pellworm; мориншки: Pälweerm) и полуостровот Нордштранд (германски: Nordstrand; мориншки: Nordströön) се остатоци на некогашниот остров Штранд. Главниот град на овој потонат остров бил Рунгхолт, кој се смета дека бил најголем град во околината, но бил целосно уништен при бурата во 1362 година, 272 години пред уште една бура да го уништи и целиот остров. Нордштранд има површина од 49 км2, а Пелворм 37 км2.

Помали остатоци на Штранд се десетте островчиња наречени хализи. Куќите на овие мали островчиња се изградени на вештачки височинки. При плимни бури само овие ридови остануваат над морето, додека остатокот на островот се поплавува. Имињата на хализите се: Греде, Хабел, Хамбургер Халиг, Хоге, Лангенес, Нордерог, Нордштрандишмор, Оланд, Зидерог и Зидфал.

Западно од хализите три суви песочни брегови ги создаваат т.н. Севернофризиски Гребенски Острови: Јапзанд, Нордерогзанд и Зидерогзанд.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Wernicke, Klaus; Riecken, Guntram (1992). North Frisian Islands and Halligen (германски). Нојминстер: Karl Wachholtz Verlag. ISBN 3-529-05505-0.
  • Eckert, Gerhard (1974). North Frisian Islands and Coastal Resorts (германски). Франкфурт: Umschau Verlag. ISBN 3-524-00299-4.
  • am Zehnhoff, Albert (1979). Sylt, Amrum, Föhr, Helgoland, Pellworm, Nordstrand and the Halligen. Nature and Culture on Heligoland and the North Frisian Islands. A Discovery Voyage through a Landscape between Sea and Shore (германски). Келн: DuMont. ISBN 3-7701-1093-5.
  • Koehn, Henry; Häberlin, Carl; Tedsen, Julius; Warnecke, Georg (1961). The North Frisian Islands (германски). Берлин: Walter de Gruyter. ISBN 3-11-000564-6.
  • Koehn, Henry (1954). The North Frisian Islands. Development of their Landscape and History of their Popular Culture (германски). Хамбург: Walter de Gruyter.
  • Zeisse, O. (1990). Contributions to the Geology of the North Frisian Islands (германски) (реиздание на оригиналот од 1888 г.. изд.). ISBN 3-86031-121-2.
  • Weigelt, G. (1873). The North Frisian Islands Once and Today. A Sketch of the Land and its Inhabitants (германски). Хамбург: Meissner.
  • Kunz, Harry; Panten, Albert (1997). The Polders of North Frisia (германски). Bredstedt: Nordfriisk Instituut. ISBN 3-88007-251-5.

54°55′N 8°20′E / 54.917° СГШ; 8.333° ИГД / 54.917; 8.333