Германски Залив (германски: Deutsche Bucht; дански: Tyske Bugt; холандски: Duitse Bocht; западнофризиски: Dútske bocht) — југоисточен залив во Северното Море ограничен од Холандија и Германија на југ и Данска и Германија на исток (полуостровЈитланд). На север и запад се граничи со Догер Банк. Заливот ги содржи фризиските и данските острови. Ваденско Море е околу десет до дваесет километри широко на локацијата на Германскиот Залив. Фризиските Острови и соседните крајбрежни брегови колективно се наречени Фризија. Јужниот дел на Заливот е познат како Залив Хелголанд. Помеѓу 1949 и 1956, бродската прогноза на ББС го користела „Хелголанд“ како одредница за површината, сега позната како Германски Залив.
Сателитски поглед на Германскиот Залив, Јиланд на десно (источно).Устие на реката Елба го обележува југоисточниот агол на Германскиот Залив. Островот е Тришен.