Ајдер (германски: Eider; дански: Ejderen; латински: Egdor или Egdore) — најдолга река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Германија. Реката започнува близу Бордесхолм и поминува низ југозападните предградија на Кил близу брегот на Балтичкото Море, но продолжува да тече кон запад, завршувајќи го Северното Море. Средишниот дел на Ајдер бил погоден за користење како дел од Килскиот Канал.[1]

Ајдер
Eider
Река
Ајдер кај Брајхолц
Земја Германија
Подрачја Шлезвиг-Холштајн
Притоки
 - леви Тиленау, Брокландсау, Зидерау
 - десни Трене, Зорге
Градови Бордесхолм, Кил, Рендсбург, Фридрихштат, Тенинг
Извор Кластер Тајх
 - место Ватенбек
 - координати 54°8′18″N 10°7′38″E / 54.13833° СГШ; 10.12722° ИГД / 54.13833; 10.12722
Утока Северно Море
 - местоположба Тенинг
 - координати 54°18′52.27″N 8°57′16.34″E / 54.3145194° СГШ; 8.9545389° ИГД / 54.3145194; 8.9545389
Должина 188 км
Истек
 - просечен 6,5 м3
Ајдер како граница помеѓу Данците, Сасите и Фризите
Ајдер како граница помеѓу Данците, Сасите и Фризите
Ајдер како граница помеѓу Данците, Сасите и Фризите
Реката близу Тенинг

Во раниот среден век реката се верува дека била граница помеѓу германските племиња Јути и Англи, кои во текот на овој период, заедно со соседните Саси го поминале Северното Море и се населиле во Англија. Во текот на подоцнежниот период на средниот век, Ајдер била граница помеѓу Сасите и Данците, како што напишал Адам Бременски во 1076 година. Со векови била граница помеѓу Данска и Светото Римско Царство.[2] Денес е граница помеѓу Шлезвиг и Холштајн, северниот и јужниот дел, соодветно, на денешната германска покраина Шлезвиг-Холштајн.

Ајдер тече низ следниве градови: Бордесхолм, Кил, Рендсбург, Фридрихштат и Тенинг. Близу Тенинг се влева во Северното Море. Естуарот има каллив брег и солена вода. На устието на реката постојат брани за заштита од поплави, кои имаат можност да се затворат за време на бури.

Поглед на браните кај Ајдер

Пловност уреди

Браната за плима и осека обезбедува пристап за бродови преку браната Ајдер. Рибарското пристаниште Тенинг се наоѓа на 11 километри спротиводно од браната, додека Фридрихштат е оддалечен дополнителни 15 километри спротиводно. Кај Фридрихштат постои брана која дозволува пристап до реката Трене.[3]

Ајдер останува пловна до браната кај Нордфелд, 6 километри над Фридрихштат. Постои и уште една брана кај Лексфере, 52 километри спротиводно од Нордфелд. Дополнителни 3 километри од Лексфере се наоѓа крстосница со краткиот Канал Гизелау, кој обезбедува пловна врска до Килскиот Канал кај Олденбител. Ајдер потоа обезбедува алтернативен пат од Северното Море до Килскиот Канал, која ги избегнува плимите и осеките во естуарот на Елба.[3]

Наводи уреди

  1. „Историја на градот Кил, 1243 - 1945“. Британски јахт клуб во Кил. Посетено на 16 март 2006.
  2. Lawson, M.K. (1993). Cnut, The Danes in England in the Early Eleventh Century. New York: Longman. ISBN 0-582-05969-0.
  3. 3,0 3,1 Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany. Сен Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. ISBN 0-85288-283-1.

Надворешни врски уреди